Во затворени политички, но и во научните кругови како политички инструмент за регулирање на етничките конфликти се спомнува конкретна кантонизација и на Македонија.

Александар Писарев

Можат ли политички и етнички проблеми на просторот на бивша Југославија па и пошироко на Балканот да се решат со кантонизација. Ова прашање веке скоро две децении конспиративно го опсервира меѓународната заедница и го испипува пулсот на бившите и сегашните политички естаблишменти на поранешните југословенски републики, сега самостојни држави. Од 1991 година кога Џејмс Бејкер тогашен амерички државен секретар два дена по прогласувањето на независност на Словенија и Хрватска изјави дека војната е неизбежна, до денес, во затворени политички, но и во научните кругови како политички инструмент за регулисање на етничките конфликти се спомнува кантонизација.

Во Босна овој принцип е применет со Дејтонскиот договор и без оглед на сите најави и обиди да се деконструира Босна, меѓународната заедница цврсто ке опстојува на нејзиното опстанок таква каква е-со кантони. Без оглед дали премиерот на република Српска Милорад Додик тоа го сака или не. Во предвечерјето на македонските претседателски и локални избори, меѓу редовите во говорите на некои претседателски кандидати срамежливо се пуштат вакви пробни балони. Дали е и зошто би била ерес кантонизација на Македонија кога новата територијална поделба практично претставува вовед во институцоинален механизам за регулирање на етничките конфликти преку кантонизација. (формирање на регионални заедници на општините и децентрализација на власт).

Противниците на ваквото решение шират страв од канотнизација иако овој политички модел успешно функционора во многу европски демократии.

Лакмус за вакво решавање на етничките сукоби на просторот на Југославија (посебно во Косово, Македонија и Босна) го пуштија од 1991 до 2002 година Ричард Холбрук, Кристофер Хил, Кушнер, Ворен Кристофер, па и Франсоа Митеран (мастрихт 91) и другите креатори на новата посткомунистичка карта на овој дел на европа, но и личности од домашната полоитичка сцена, Милошевиќ, Туѓман и Глигоров.

Глигоров во 1999 година четири години по атентатот и во последните недели од својот втор председателски мандат отворено изјави за српските медиуми дека 2015 година Албанците можат да бидат мнозинство во Македонија и дека новиот модел на македонската демократија не треба да ја елиминира федерализација односно кантонизација. Во таа 1999 година се појавија и првите конкретни мапи за кантонизација на целиот бивши југословенски простор како модел за надминување на етничките конфликти.

Интересно дека кантонизација (во смисол на регионализација) ексклузивно и беше понуден само на Босна, иако нема никакви пречки истито модел да биде понуден и на Србија, Македонија, Косово, Војводина, Санџак, Црна Гора… бидејки се работи за скоро идентични општествено политички заедници со хетерогена социјално-политичка, економска, културна, национална… структура. Од денеш агол војната на Косово и непосредно потоа војна во Македонија беа можеби тивка подготовка за вакво крајно политичко решение.

Првите конкретни (тогаш уште тајни документи) со конкретна поделба на кантоните меѓународната заедница ги пласираше уште во 1999 година пред ескалирање на косовската војна како модел кој би ги задоволил апетитите на Косоварите и целовитоста на Србија. Сооглед на околностите дека војната веке беше започната, а река на албанските бегалци од Косово се пресели на територија на Македонија беше јасно дека кохезијата на Албанците во регионот ке се засили и дека ке биде невозможно помеѓу нив да има цврсти граници.

Некако во исто време се случи и деконструкција на албанската држава. Од 1981 година, и пред тоа случувањата во Западна македонија не беа само бледа рефлексија на косовските случувања, него доброосмислена и стратешки планирана кординирана политика. Така што Македонските Албанци уште во 1992 година на референдум се изјаснија за територијална автономија Илирида.

Во контакти со врвните дипломати од меѓународната заедница, секоја етничка заедница предлагаше граници на своите кантони кои многу сериозно и прецизно се проучуваа во кабинетите на Ричард Холбрук, Дејвид Овен, Ворен Христофер, но и во канцеларијата на ОБСЕ привремено преселана од Приштина во Скопје.

Едно беше јасно, дека помеѓу припадниците на една етичка заедница во две или три различни држави никогаш нема да можат да се воспостават цврсти граници и дека секој таков обид ке биде неуспешен. Но оставија време пракста да покаже колку ке бидат стабилно/нестабилни и илузорни граници меѓу нив. Како замена за европеизација на која долго треба да се чека се актуелизира (ше) децентрализација, регионализација, федералоизација, кантонизазција… Комуникацијата помеѓу Албанците од Косово, Македонија и Албанија толку се засили што границата стана илузорна. Исто се случи и во регионот помеѓу Северно Косово и Србија , Република Српска и Србија, Херцег Босна и Хрватска, Косово и Албанија.

Ретроградната политика на изолација и затворање во сопствените кокошарници доведе до игнорирање на локалните влади ( Хашим Тачи последната средба во Скопје ја одржа со лидерите на албанскте партии игнорирајки го при тоа премиерот Груевски).

Во такви услови повоторно се на маса старите карти за кантонизација. За „горката пилула” полсесно да се проголта во националистичките кругови во сите бивши југословенски републики, демократските власти оваа идеја ја завиткаа во различни обланди. Така ние дојдовме до нова територијална поделба која е првиот чекор кон кантонизација. Србија овој процес го нарече нова регионализација за полесна децентрализација, Хрватска се подели на бановини, а Босна веќе беше кантонизирана.

Од не така многу старите архиви на меѓународната заедница на масите на политичките естаблишментиу подолго време повторно се наоѓаат и конкретни мапи со кантоните. Кога тие мапи ке се најдат (а ке морат да се најдат) и на јавната политичка сцена останува прашање на денот.

Албанците во регионот ова многу добро го разбраа и стратешки, чекор по чекоро го реализираат на теренот. Всушност за нив оваа идеја е стара 100 години од времето на Призренска лига. Како гаранција за регионален мир при реализација на овој меѓународен план беше предвидено влегување на таканаречената Јадранска група во НАТО, со што апетитите на Србија би се зауставиле, а таа земја би влегла во партнерски односи со алијансата до некое друго историско време кога можеби и српските генерали би сватиле дека местото им е под чадорот на нато. Следниот чекор за укинување на „државните” граници е замислен со влегување на овие земји во ЕУ. Противници и кочничари на овој процес ќе бидат елиминирани.

Затоа изјавата на Мендух Тачи е многу прецизна и јасна: Доколку Македонија не влезе во НАТО и не ја смени изолационистичката политика – ке ја снема.

КАНТОНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Според мапите кои во меѓународните кругови се во оптицај од 1999 година на теренот тоа практично би изгледало вака.

Македонија би била поделена на четири кантона. Маѓународната заедница ги именува како: Јужна Србија, Илоирида, Монастир и Струмица. Најголемиот кантон би бил Јужна Србија со 8.900 квадратни километр и 910 илјади жители. Главен град би бил Скопје, јазик Македонски и Српски, а мнозински конфесионален состав ортодоксни христијани. Втор по големина кантон е Монастири со територија од 8500 квадратни километри, 580 илјади жители, главен град Монастири (Битола), верскоиот состав ортодоксни христијани а мнозински јазик во о употреба Српски (?) и Грчки. Потоа следи кантонот Струмица со 300.000 жители жители површина од 4200 квадратни километри, со конпактно ортодоксно население со мнозински јазик- дијалект на бугарскиот. Илирида би бил најмал македонски кантон директно наслонет и практично поврзан со Албанија и Косово со површина од 4100 квадратни километри на кои би живееле 420.000 жители со мнозинско муслиманско но и ортодоксно население и мнозинскиот албански јазик.

ПЛАНОТ ЗА СРБИЈА

Интересно е дека првите мапи како би изгледала кантонизација на србија се појавија во некои руски медијуми во 1999 година, а веднаш потоа ги пренесе и бугарскиот и домашниот печат. Според проектот (вероватно скроен во кабинетите на меѓународната заедница) оваа држава би била регионализицрана-кантонизирана на Војводина, Шумадија, Санџак, Југоисточна Србија и Косово. Интересно е дека Албанија каде етничкиите и малцинските проблеми несе до крај решени добива кантони, така делот од Епир кој и припаѓа на Албанија во кој живеат Грциво е населен меѓудругото со голема популација на Грчко и Влашко ортодоксно население а се наслонува на границата со Грција станува кантон Северен Епир со главен град Гирокастро и површина од 7200 квадратни километри.

Значи кантонизацијација е процес кој сигурно ке се реализира на овие простори. Економскиот просперитет на секој кантон понатаму ке зависи од мудроста и вештината на неговото раководство да се прилагоди и да влезе во регионалното поврзување со соседните кантони или држави на штго од аспект на економскиот интерес инсистира и ЕУ.

Големите војни на овој простгор се минато. Меѓутоа огромната количина на оружјето сконцентрирана во рацете на парамилиатрните формации и националистичките партии за известен периоид сеуште ке ја одлага оваа идеја за да ја спречи новата дестабилизација на регионот. До неговото влегување во НАТО.