Како да се подобри работата на месната самоуправа во Македонија
Пред вас се наоѓа Прирачник за подигнување на капацитетите на месните и на урбаните заедници и за подобрување на нивната работа во Република Македонија. Овој проект, чии активности ќе продолжат и во иднина, Форум – Центарот за стратегиски истражувања го спроведе во партнерство со НВО Европски центар СН7 од Теарце, а со финансиска помош од Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас, 2014-2018“. Оваа програма е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а за нејзиното спроведување во Македонија се ангажирани НИРАС од Данска и МЦМС. Основната цел на овој проект е подигнување на капацитетите на месните и на урбаните заедници, т.е. месната самоуправа во Република Македонија, за да можат поефикасно да ги решаваат проблемите во својата локална средина. Во текот на реализацијата на проектот, остварена е комуникација и соработка со повеќе од 100 месни заедници, 27 општини, Министерството за локална самоуправа и 12 невладини организации од сите плански региони.
Прирачникот во целост можете да го преземете тука.