28.06.2009

„Идеологија, демократија и општествени промени на Западниот Балкан“

На 26 и 27 јуни во Охрид, Промотивна програма за регионално истражување ја одржа својата прва годишна научна конференција на тема „Идеологија, демократија и општествени промени на Западниот Балкан“.

Дводневната конференција всушност претставуваше платформа на која 70тина истражувачи од Западниот Балкан, Бугарија и Швајцарија разменуваа научни мислења од областа на општествените науки релевантни за транзицискиот контекст на Западниот Балкан. Истовремено, таа беше можност за претставување на истражувачките проекти кои се во фаза на имплементација со финансиска поддршка на Регионалната програма, но и за остварување контакти и поврзување на бројните истражувачи од Западниот Балкан. Конференцијата беше организирана од страна на менаџментот на програмата од Универзитетот во Фрибург, во соработка со локалните координативни тела од Босна и Херцеговина (Центарот за човекови права при Универзитетот во Сараево) и Македонија (Фондацијата „Институт отворено општество Македонија“).

За подетални информации за конференцијата кликнете тука

30.03.2009

Инаугуриран Центарот за применети политики

Почнувајќи од февруари 2009 година, во рамките на Форум - Центарот за стратегиски истражувања и документација почна да функционира Центарот за применети политики чија главна цел ќе биде преку продуцирање на мислења, коментари, студии и дебати да даде осврт на неколку клучни предизвици со кои се соочува македонското општество денес - постојниот недостиг на отворена и инклузивна дебата во однос на прашањата и реформите потребни за надминување на забавените демократски процеси во земјата, моменталната поларизација на македонската политичка сцена и недостатокот на конструктивна политичка опозиција и дијалог, нарушените меѓуетнички односи и повторното поставување на етничките прашања во главните текови на македонското политичко битисување, нерешениот проблем околу „прашањето за името” и редица други отворени прашања

Во продолжение можете да прчитате текст за промоцијата на Центарот за применети политики објавен во неделникот Глобус на 7.04.2009