Слаѓан Пенев, директор во Форум Центарот за стратегиски истражувања и документација, изјави за Балкан Инсајт дека без оглед на одлуката на Меѓународниот суд за правда, не е веројатно дека властите во Скопје ќе ја променат одлуката да го признаат Косово.
01.06.2010"Господ нека ни е на помош и советувам да го одложиме пролетното варосување на куќите. Некој ќе мора на македонскиот народ да му објасни дека го изгласал Груевски за да не' воведе во војна - вели Исмаил."
Целиот текст можете да го прочитате тука.
25.05.2010Slagjan Penev, director of the Skopje-based Forum-Center for Strategic Research told Balkan insight that although ethnic tension could not be defused by a single act, "Every move like this one (a pensions law for NLA veterans) that tends towards the relaxation of ethnic tension would be welcome".
Penev said it was time for Macedonians to change their general perception of former NLA fighters, and such a law would help bring about a more balanced view. "These people should no longer be perceived as terrorists but as insurgents who fought for goals that today the state praises, such as EU and NATO membership," he said.
The term "terrorists" was widely used by Macedonian security forces during its six-month conflict with the NLA.
"After 2001, Macedonia changed its constitution to grant greater rights to the Albanian community, in a way legitimizing the NLA demands. From that perspective, a law granting compensation to former NLA fighters is justified," Penev added.
"...Regarding the Sopot case and the court cases against former NLA members returned from The Hague, Penev argues that politicians should stay out and let the judiciary decide."
Целиот текст можете да го прочитате тука.
28.10.2009Изјава на Калинка Сентиќ Габер, извршен директор на Форум ЦСИД, дадена за дневниот весник Време на 28.10.2009 по повод референдумот за промена на името на Р. Македонија.
„...Калинка Сентиќ - Габер од Центарот „Форум“ нагласува дека ЕК увиде дека инсистирањето на референдум може да предизвика проблеми во билатералните односи на потенцијалните членки и во отворените прашања што ги имаат Хрватска и Словенија, како и Србија со Босна и со Косово. - Пораките што во врска со референдумот доаѓаат од Брисел се јасни и со измерени зборови. Очигледно е дека од нас се бара да се откажеме од таквата идеја, но „прашање за милион долари“ е каков став ќе заземе премиерот Груевски - вели Габер.“
Целиот текст можете да го прочитате тука.
24.09.2009Изјавата на г-динот Ѓунер Исмаил, претседател на одборот на Форум ЦСИД, по повод предвремените избори во Грција и што тие значат за Р. Македонија, можете да ја прочитате во бројот 19 на неделникот „Сега“ издаден на 17.09.2009, на страница 32-34.
02.09.2009Неодамнешната изјава на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски дека Грција ќе вложи вето за отпочнување на преговори за членство на Македонија во Европската унија е всушност алиби зад кое владата на Груевски ќе се скрие за своите неуспеси да ги спроведе реформите кои се однесуваат на осумте одредници што и беа испорачани на македонската страна во март 2008 година. Иако во моментов сигналите кои пристигнуваат од Брисел упатуваат дека извештајот за напредокот на земјата што се очекува на 15 октомври ќе биде позитивен, од аспект дека ќе содржи препорака за отпочнување на преговори, мора да се земе предвид целата констелација на односи и особено моментот во кој ваквата одлука доаѓа. Имено, Комисијата предводена од Барозо, во која Рен седи како шеф на генералниот директорат за проширување, ги живее последните денови од својот мандат. Во услови кога преговарачките подглавја на Хрватска се блокирани заради спорот со Словенија, напредокот на Турција кон ЕУ спорен како заради внатрешниот отпор во ЕУ, така и поради нејзините (не)постигнувања дома, отворањето на преговори со Македонија веројатно би бил најбенигниот потег со кој Брисел би покажал реални резултати во процесот на проширување. Оттаму следува дека одлуката би била пред сè политичка, предизвикана од прагматичните потреби на Брисел, а не одраз на реално постигнатите реформи на теренот.
Иако некако агресивно ни беше наметната перцепцијата дека позитивниот одговор од Брисел ќе зависи исклучиво од донесувањето на четирите комплексни и политички сензитивни закони во Собранието – законот за финансирање на политичките партии, законот за Собрание, законот за државна администрација и законот за внатрешни работи – тоа воопшто не е така. Македонија реално сè уште каска во исполнувањето на одредниците – дел од законите беа донесени без конструктивен и сеопфатен дијалог, особено во областите во кои се бара консензус меѓу сите политички партии во демократските институции (одредница бр.2); нема индикации дека се преземени чекори вработувањето и напредокот во кариерата на државните службеници да се вршат без политички интервенции и партиски клуч (одредница бр.6); реформите во судството не вродија со зајакнување на неговата независност и капацитет (одредница бр.3); а регулаторните тела сè уште не можат да остварат целосна независност (одредница бр.8).
Затоа, наместо да ги коментира идните грчките потези предвидувајќи вакви или онакви сценарија, владата на Груевски треба реално да се фокусира на исполнувањето на реформите. Со тоа не само што ќе биде посилна нејзината аргументација дека реално заслужуваме одредено признание за вложените напори и постигнатите успеси, туку пред сè ќе спроведе политики кои суштински ќе се одразат врз благосостојбата на македонските граѓани. Впрочем, значителен дел од нив, гласајќи за Груевски во изминатите три циклуса, и очекуваат вакви резултати.
За дел од оваа изјава пренесена од дневниот весник Време, кликнете тука
27.08.2009Изјава на г-динот Ѓунер Исмаил, претседател на одборот на Форум ЦСИД, дадена на Алфа ТВ на 26.08.2009, по повод три години од работењето на Владата на г-динот Никола Груевски..
26.08.2009Текст објавен на веб страната на BBC на македонски по повод одржаната трибина „Постојните состојби во косовско-македонските (дипломатски) односи“ од страна на Форум центарот за стратегиски истражувања и документација и КИПРЕД од Косово во рамки на проектот „Дебати за Косово - Точно напладне“ на 18.06.2009
15.04.2009Слушни го во аудио формат подолу.
01.04.2009
“Постои големо незадоволство кај албаниците, бидејќи тие не се интересираат толку околку кавгите со името. Но тие многу се заинтересирани, конечно да се влезе во НАТО.“
Воедно и ЕУ подолго време очекува поголема прагматичност од преговарачите. Гордан Георгиев мисли дека сепак по изборите ќе се смени националистичкиот правец на владата.
“ Од моја гледна точка владата воопшто нема интерес да го реши проблемот со името. Веќе три години зборуваат за тоа дека не смееме да го предадеме нашиот идентитет. Тие искреираа дискурс: Доколку го смениме името на земјата, нема повеќе да постоиме како Македонци.“
16.03.2009„Бидејќи тоа е еден процес, за којшто ни беше кажано уште пред еден месец дека кон крајот на годината ќе биде кажано дали Македонија [воопшто] ќе добие визна либерализација, не треба да се прави никаква фама од тоа. Повеќе од јасно е дека Чешка нема ниту потреба, ниту волја да направи нешто повеќе, ниту пак има техничка можност да се случи нешто на тоа поле во Македонија.“
Целиот текст можете да го прочитате тука.
05.03.2009Етничката поделба меѓу младите и постојаното потсетување на жртвите од конфликтот во 2001 година се факторите кои влијаат за дестабилизација на земјата и водат кон нејзина федерализација, коментираат интелектуалците. Тие сметаат дека земјата е длабоко навлезена во етничките поделби и напоменуваат дека Струга е само еден камен од одронот, кој би можел да ги погоди и останатите градови. Меѓу интелектуалците има и такви кои не веруваат дека поделбата меѓу учениците во Струга е закана за федерализација. Според нив, проблемот во Струга е решлив и не може да биде причина за дестабилизација на целата држава.
Струга е само тест што треба да не увери дека е невозможно Македонците и Албанците да живеат заедно, вели за „Шпиц“ аналитичарот Ким Мехмети. Но, како што појаснува, тоа не е единствен случај на етничка поделеност, бидејќи слична, па дури и подрастична поделба меѓу младите има и во Тетово и во Куманово. Она по кое проблемот во Струга се разликува од проблемите во останатите два града, вели тој, е тоа што ситуацијата со струшкото училиште излезе од контрола.
- Етничката поделба која се правеше досега во Струга излезе на виделина. Всушност, Струга излезе во јавност и со тоа се обелодени сето она што во другите градови го правеше во тајност. Да можеше тоа тивко да се спроведе како што се спроведувало претходно, најверојатно е дека еден ден ќе се разбудевме и ќе видевме дека и автобусите ни се поделени, и паркот ни е поделен, како и се останато - појаснува Мехмети.
Мехмети напоменува дека земјата е веќе поделена. Власта, појаснува тој, во моментот се дистанцира од Струга и прашањето сега го префрла на локално ниво.
За настаните во Струга, Гордан Георгиев од ФОРУМ, вели дека покажуваат колку актуелната власт ја игнорира важноста на охридскиот договор, кој, според него, е суштински столб на македонското мултиетничко општество. Со тоа, како што вели, им се остава простор на малициозните толкувачи на охридскиот договор да понудат алтернативни визии за решавање на ситуацијата.
Професор Јове Кекеновски се согласува со мислењето кое завчера го изнесе во јавност претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски, а тоа е дека федерализација на земјата е возможна доколку продолжи поделбата меѓу учениците во Струга.
- Каменот може како лавината да се стркала и во другите градови и да предизвика сериозни проблеми - вели Кекеновски.
Според него, постојаното враќање на минатото и потсетувањето на жртвите од конфликтот во 2001 година, исто така, води кон етнички раздор и кон дестабилизација на земјата.
- Минатото треба да се покрие, а не постојано да се навраќаме на него. Враќањето кон минатото е само негирање на рамковниот договор, а со тоа се дестабилизира земјата - коментира професор Кекеновски.
За разлика од нив, креаторот на Уставот и на рамковниот договор, професор Владо Поповски уверува дека Струга не е проблем кој води до федерализација на земјава. Во ОБСЕ, пак, не сакаа да ја коментираат можноста за поделба на државата како резултат на поделбите во Струга. За нив, како и за ЕУ, најважно е да се работи на обединување на младите и на нивно помирување за што, според нив, треба да придонесат и релевантните фактори во власта.
Стојна ТОДОРОВСКА