Форум Центарот за стратегиски истражувања и документација и Прогрес Институтот за социјална демократија на 9 јуни 2010 година организираа дебата на тема: "Состојбите во цивилниот сектор и неговата улога во креирање на општествените текови во Република Македонија".
13.01.2010ВОВЕД
Појдовната премиса во овој труд е бурниот рзвој на односот политика-медиуми, а во исто време, не само недефинираната, туку и во потполност искривената релација помеѓу овие, навидум, одвоени сфери, видлива не само од страна на новинарскиот еснаф туку и од пошироката општествена заедница.
Всушност оваа анализа е поттикната од, многукратно повторените критички интонирани извештаи на разните мониторинзи за состојбите во сферата на правата и слободите на граѓанинот (демократијата воопшто!) во Република Македонија. Од друга страна практицирањето на политиката кон радикални исходи не само што резултираше со целосна дегенерација на медиумската професија, особено нејзината реторика, туку сè на сè, состојбите веќе стануваат загрижувачки, а според некои оценки и опасни по општото здравје на општеството. Состојбите се доведени до ниво на отворена закана за демократијата, а не постои поиндикативно место за дијагностицирање за здравјето на заедницата, од она што се нарекува медиум, односно медиумска сфера.
31.07.2009
Коридорот 8 навлегува во своето тинејџерско доба. Во периодот од тринаесет години неговата актуелност се движи од скалила на огромна популарност и огромен интерес за негова реализација до негова маргинализација, за повторно да биде ставен во фокусот на јавноста.
Очигледно е дека неговата стратегиска важност не може, но што е уште поважно и не смее да биде маргинализирана затоа што за Коридорот 8 е карактеристична една одредена трансформациска специфика и димензија која му дава и голема значајност. Таа трансформациска димензија (која е присутна и кај другите коридори, но не со таков капацитет како кај Коридорот 8 ) е во тесна корелација со културното поврзување кое оди во пакет со инфраструктурното, безбедносното и економското поврзување што се случува по линијата на Коридорот 8.
06.04.2009За време на предизборието, во јавноста се појавија повеќе агенции за испитување на јавното мислење со резултати за изборното расположение кај граѓаните на Република Македонија. Како никогаш досега, неколку агенции се бореа за приматот околу тоа кој ќе биде подобар прогнозер и кој ќе биде поблизок до реалните изборни проценти. Овој феномен е за поздравување, затоа што изборните рејтинзи се составен дел од изборната јавност во повеќето демократски општества. Особено откако „јавноста“ се етаблира како интегрален и неопходен дел на современото општество. Овој чин на предизборна математика си има своја функција и причина не само за време на „карневалските денови“ туку и за време на доброто владеење помеѓу два изборни ци(р)к(л)уса. Во најголем дел, правилата за ова се одамна утврдени како „бетонски блокови“. Барем во демократските општества. Се знае кој може да се кандидира (повеќето од граѓаните), се знае начинот на кој се гласа (повеќето од граѓаните, но не секогаш), се знаат изборните правила (законски одредби), се знаат правилата за медиумско претставување (законски одредби) и се знае кој кога и што може да направи за време на изборниот период. Во спротивно следуваат санкции.
25.03.2009Изборни нерегуларности и опасност од насилство на изборите, партиски претседател без никаков интегритет, разединувач а не обединувач, „самец” во претседателскиот кабинет без можност за здрава кохабитација…тоа е тажната слика на идниот македонски претседател.
Предизборната претседателска кампања веќе забрзано ја добива својата физиономија, но граѓаните (гласачите) сè уште не можат да насетат каков претседател ќе ја претставува Република Македонија во наредните пет години. Мартовската претседателска трка уште на почетокот ни укажа на неколку фундаментални противречности со кои, свесно или несвесно, ќе се соочи обичниот гласач во мигот кога ќе треба да го уфрли гласачкото ливче во кутијата.