CPPD – ФОРУМ

Политиката и медиумите
ВОВЕД

Појдовната премиса во овој труд е бурниот рзвој на односот политика-медиуми, а во исто време, не само недефинираната, туку и во потполност искривената релација помеѓу овие, навидум, одвоени сфери, видлива не само од страна на новинарскиот еснаф туку и од пошироката општествена заедница.

Всушност оваа анализа е поттикната од, многукратно повторените критички интонирани извештаи на разните мониторинзи за состојбите во сферата на правата и слободите на граѓанинот (демократијата воопшто!) во Република Македонија. Од друга страна практицирањето на политиката кон радикални исходи не само што резултираше со целосна дегенерација на медиумската професија, особено нејзината реторика, туку сè на сè, состојбите веќе стануваат загрижувачки, а според некои оценки и опасни по општото здравје на општеството. Состојбите се доведени до ниво на отворена закана за демократијата, а не постои поиндикативно место за дијагностицирање за здравјето на заедницата, од она што се нарекува медиум, односно медиумска сфера.

Токму заради тоа, во општеството е нужна дебата која што не само што, уште еднаш, ќе ги претресе појдовните принципи на медиумското дејствување, туку и ќе се осврне на појдовните позиции на политиката разбрана и водена така како што, на тоа сме сведоци, се води во Република Македонија.

При сето ова максимално ќе водиме сметка за т.н. надворешно-политичка димензија на работите со оглед на тоа што станува збор за импликации врз она што се нарекува егзактна слика за нашата држава во очите на светот, а во најмала рака за перцепција која што во никој случај не може да биде интерпретирана како поволна и перспективна.

Со ова ќе сакаме да покажеме дека не само што не ни е сеедно како какви ќе бидеме перцепирани, туку дека ќе се втурнеме во создавање на услови за широка и вистинска демократска платформа, за општа добробит на нашата држава.Нема да се воздржиме од учество во креирање на процеси чиј што исход ќе вроди со плодови од кои користа ќе биде општа.

ПОЛИТИКА

Македонската политика, или поточно македонските политички елити, никогаш до крај не покажаа дека ја разбираат суштината на еден процес којшто се нарекува демократија. Само спорадично ќе сретнеме искази за важноста на демократијата, со самозаљубена интонација за тоа колку сме Тие/Ние демократи, а во стварноста занимавањето со политика, особено од позиција на власт, се сведува на рудиментарни облици на поприлично примитивно разбрани облици на акумулација на моќ, ресурси, или пак вулгарна лукративност, а сето тоа поткрепено со авторитарни механизми на партиско-семејно организирање, со многу клиентизам и непотизам.

Додека независна Македонија проодуваше, овие процеси беа дури и тешко забележливи и околу нив, ниту се заподенуваше дебата, ниту пак беа допрени, барем површно од, така тогаш се велеше, плурално распределените политички елити. Сосема тивкиот глас на малкумината познавачи на процесите на воспоставување на едно вистинско демократско општество беа или пречуени, или пак замолчени!

Едноставниот магичен збор преку којшто се објаснуваа видливите, или пак предвидливите процеси на можната дегенерација на процесот на демократизација се нарекуваше ТРАНЗИЦИЈА! Најпрост супститут на идеолошката формула на комунистичките дејци, особено кога повикуваа на трпение кај широките слоеви, а таа е: социјализмот е само преоден период, демек транзиција, од капитализам во комунизам!

Така и оваа формула со т.н.транзиција, како што не објаснуваше ништо, сокриваше сè и сешто! Во нашиов случај особено е важен еден момент.

Разбирливо, станува збор за нешто што се нарекува одговорност за процесите (состојбите) во општеството во кое што сте се нагрбиле да ги вршите општокорисните (за сите!) работи и кое што општество треба да го водите кон некаква просперитетна иднина.

(За појаснување: претходната реченица е само парафраза на општата дефиниција на политиката, достапна во сите учебници за политиката и феномените (по)родени благодарение на неа!)

Македонската политика, преокупирана со проблемите на елементарниот опстанок на државата, воените пожари околу нас, препреките на историјата олицетворени во разно-разни соседи и други интереси, се разбира дека во нејзините хоризонти не можеше да конституира ПРОГРАМА за дооформување на една целосна структура на демократско општество вклучително и за она што се нарекува СТОЛБОВИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА.

Некои инерции од минатото подразбираа дека некои нешта, појави, организациони облици на граѓаните, медиуми и сл. беа третирани како неважни, или пак како рецидиви на минатото (лошото!), а за некои пак, за

несреќа, не беше необично да се чуе дека се опасни и мора да бидат контролибилни! Последново се однесува(ше) пред сè на медиумите и невладиниот-граѓански сектор.

Доживеавме политичките елити кои, до некритичност, реализираа проекти натокмени во лабораториите на либерализмот (од неговата последна-вулгарна, или т.н.неолиберална фаза), како што беше приватизацијата, дерегулацијата и ред други помодарства, во целост да ја испуштат иницијативата за отворање на процеси со кои демократските текови ќе се довршат и општеството ќе се стекне со дополнителни столбови за неговата, секако, кревка градба. Токму спротивното. Деведесеттите години ќе останат запаметени, во медиумската сфера, според два карактеристични момента. Едниот беше експлозијата во сферата на електронските медиуми до димензии на, уште тогаш, хипертрофија, а вториот беше исклучително тешкото плурализирање на медиумскиот простор за печатените медиуми. Или поточно, породилни маки проследени со отворени спротивставувања како на властите така и на веќе, донекаде, конституираните елементи на новата капиталистичка каста, со сите атрибути на социјално неодговорна групација!

Одтогаш датираат сите обиди на политиката кон, или со, медиумите да негува специјални односи!

Она што беше инерција на минатото, а значеше “црвен телефон”, на релација власт-медиум, некаква распределба на јавни пари кон социјалистичките мастодонти, многу бргу дури и за изведувачите на ваквите операции стана анахроно, но рецептот за прегрупирање, растеретување, освежување и сè она што виситинското ново време го бараше, ниту се бараше ниту пак беше на повидок.

Додека политиката, во паузите на некаква државно-важна расправа, проговараше по некој, безмалку куртоазен, збор за “столбовите на нацијата” (социјалистичките мастодонти), се случи експлозија! Приватната иницијатива, скоро преку ноќ, користејќи се со обилието на поприлично сиви пари во прометот, но и од иницијативите кои доаѓаа од страна на новинарскиот еснаф, основа стотици радио и ТВ-куќи, што од локален, што од државен опсег, напросто преку ноќ наметнувајќи се, не само како готов факт, туку и како фактор во креирањето на јавното мислење!

Беше доцна за било каков аларм, а знаење за т.н.регулација ниту имаше, ниту пак волја за тоа да се бара. Така Македонија доби една сфера која што неколку години опстојуваше покриена со закони кои, во најдобар случај, само индиректно го покриваа нејзиното делување.

(Финалната верзија на неколку законски проекти, или пак обиди за нивно креирање денеска ја имаме како, релативно пристоен, Закон за Радио Дифузија, донесен во 2005 година, а во неколку наврати модифициран во, за нас, небитни делови.)

Всушност недостигот на политичка волја дополнително се закомплицира со појавата на неколку печатени медиуми кои во една бурна секојдневна динамика се изборија за нивното место, дополнително разоружувајќи ја политиката, односно обесхрабрувајќи ја од тоа да биде наметлива кон и со медиумите.

За љубов на вистината, ова никако не значи дека попречно-подземни врски веќе не беа воспоставени, но сето тоа се покажа како недоволно, особено во кризната 2001 година кога медиумите и невладиниот сектор ја одиграа, можеби клучната, улога во спречување на воените подбуцнувања, иако нивните страници/минутажи, многу често знаеја да бидат “артилериска подготовка” за воено-подбуцнувачките дејствија.

Сè на сè, политичките елити дефинитивно научија дека со медиумите треба да негуваат некаков однос и тој однос, парадоксално и за жал, се изгради, денес видливо, на најлошиот можен начин!

Властите по 2001 година беа внимателни до толку да, освен еклатантните обиди да инсталираат јасна и недвосмислена волја во Јавниот Сервис (МРТВ), кон другите медиуми дејствуваа, пред сè политички! (Во превод: со пазарење!)

Колку тоа било успешно не е ни важно, важното е дека политичкиот пораз на владеечка елита во 2006 година, во голема мера може да се објасни со многуте невешти потези и во оваа насока, а како најосновна треба да се наведе неспособноста да се воспостави јасна и јака политичка волја за регулирање на сферата! И покрај постоењето на Закон (за радиодифузија) политиката не успеа, во најголем дел, да ги спроведе не само јасното Слово на Законот, туку и духот!

Секако Малиот Пазар, како според бројот на читатели, така и според бројот на гледачи, а за нивната куповна моќ и да не зборуваме, беше предмет на политичко арбитрирање кај актуелните и потенцијалните рекламери (основниот, ако не и единствениот извор на егзистенција на најголемиот број на медиуми), нешто што, веќе споменавме, на социјално неодговорниот капитал совршено му одговараше, бидејќи својот раст, постоење, опстанок, пред сè му го должеше на спрегата со најголемиот потрошувач-ДРЖАВАТА, односно полугите на владеење и касата со Јавни Пари !

И така сè до моментот кога во Македонија на власт, по очигледно, метафорички речено, воени подготовки, дојде политичка гарнитура која што од првиот ден на нејзиното владеење јасно покажа како ќе владее и што подразбира под демократија.

Имено, со своевиден блиц-криг ги каптираше (ги запоседна!) најголемиот дел од невладините организации (што со нивно замолчување, што со оснивање на “свои” , што со закани и други бруталности, што со “дошепнување” на странските донатори дека нивните локални партнери не се подобни, па тие нека повелат!) Прагмата кај западните донатори, во многу случаи превагна и многу брзо на површината останаа само најхрабрите и најиздржливите НВО-а!)

Што се однесува пак до медиумите, токму тука, токму кон нив се воспостави долго посакуваниот-сонуван специјален однос власт-медиуми!

Во свежо сеќавање се првите денови на владеење на актуелната власт и јавно обелоденетите сознанија дека “тој и тој газда, новинар, или сосема

обично, едикојси кај едикојси, бил повикан и бил посоветуван!”. И не само тоа. уследија гигантските нарачки за гигантските владини и пара-владини рекламни кампањи за сè и сешто (изразени во милиони-евра!) па така минијатурниот пазар одеднаш се претвори во Златен Рудник!

Ако невладините организации беа окупирани, или пак замолчени така како што беа замолчени, кај медиумите тоа се стори со пари. Со ЈАВНИ ПАРИ!

А беше доволно јасно која и каква е намерата. Медиумите, поточно нивните сопственици, потполно растеретени од материјалните грижи, скоро во целост се “ставија на располагање”. Македонскиот медиумски просртор се претвори во Дневен Билтен на Власта, промотер на “новите вредности”, инструмент за диригирање со свеста на широкиот аудиториум, а во голем број на случаи (деновиве ескалирани до отворени повици за одстрел!) во полигон за дифамирање на неистомислениците, вклучително и повици за брутални ликвидации.

Она што на почетокот, можеби, беше незнаење, неопитност, недостиг на политичка волја, во фазава на која што сме сведоци деновиве, се претвори во орудие за ширење на омраза, нетрпеливост, нетолеранција и сè друго што во арсеналот на популистичко-авторитарните режими може да се замисли.

Конечно, македонските политички елити (се разбира дека исклучоците не ги заборавивме) успеаја да воспостават режим на специјални односи, сонот да го претворат во јаве!

Во линковите на крајот од оваа анализа (ЕУ-извештајот, опсервациите на Фридом Хаус и др.) се содржани некои од апсурдите на овој однос, а особено внимание му е посветено на преседанот што во македонскиот парламент седат еклатантни сопственици на медиуми, а дека во владеечката коалиција, како дополнување, седат уште неколку сопственици на медиуми. И не само тоа. Главните промотори токму на она што е говор на омразата се медиумите чии што сопственици се парламентарци и претседатели на политички партии од владеечката коалиција.

МЕДИУМИ

Погоре веќе беше кажано. Голем дел од македонските медиуми се создадоа во времето кога “иницијативноста” беше на висока цена, како придружен феномен на тогашната претприемачка, транзициска клима. Тоа особено важи за електронските медиуми.

Експлозијата на новоосновани медиуми многу брзо ја доживеа својата кулминација и денес сферата ја покриваат десетина ТВ-станици со национална фрекфренција. Поточно многу повеќе, со оглед на тоа што во меѓувреме беа распределени усте десетина т.н. сателитски фрекфренции, а кабелските оператори по некаков чуден автоматизам ги преземаат, па не сме сигурни за тоа колкава е финалната бројка на ТВ-станици, со родно место во Македонија и разбирливо, видливи на целата нејзина територија. Се разбира дека станува збор за типична хипертрофија, бидејки не зборуваме само за квантитет, туку и за појава која што, учебнички докажливо, никако не може да се изроди во квалитет!

За тоа има многу причини. Тука ќе наброиме неколку:

– Ниту теоретски, ниту пак практично е возможно цело ова мноштво на ТВ-станици да биде пополнето со квалитетен новинарски, па и технички кадар, за да емитуваната програма биде на ниво на стандардите, еве, без да претеруваме во барањата, но кои ги бара Законот за Радиодифузија, или пак уште поригорозно – Етичкиот кодекс на ЗНМ! Премала е Македонија за да може да располага со бројка од многу стотини новинари кои на вистински начин ќе ги реализираат барањата на професијата, а соодветно и на општеството! А да не зборуваме за примарната задача на новинарството-медиумите: ДА БИДАТ ЕДЕН ОД СТОБОВИТЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА! Едноставно е – ресурсите се ограничени, а ако се водиме од едно просто прашање: Колку тоа и какви причини за медиумски вести може да произведе една Македонија за да исполни неколкучасовни програми за вести, ќе си помислиме дека сме држава од неколку десетици милиони жители!

– Сопственичката структура на медиумите веќе беше допрена како факт од којшто се изродуваат најголемиот број на аномалии со кои денес се судираме како општество. Поточно, успешно воспоставената спрега помеѓу газдите и политиката. Во општество во кое, веќе неколку години по ред, Властите никому не приложиле сметка за тоа како ги трошат јавните пари, сосема е нормално капиталот (дијагностициран како социјално неодговорен) да се впушта во воспоставување на спреги. Вулгарната варијанта на неолибералниот капитализам, всушност балкански разбраното претприемаштво, сопствениците на медиумите ги втурна во оваа спрега од која, сосема е неизвесно дали ќе излезат, поточно дали сакаат да излезат?!

– Во целава оваа мешаница не треба да се испушта од вид уште една непогодност. Таа се нарекува: мал пазар! Логиката на пазарот низ сиве овие години на транзиција сепак функционира, сосе сите нејзини нелогичности. И да

не беше Окупаторската намера на Власта да запоседне буквално сè, медиумите ќе беа водени од суровата логика на малиот пазар, што не значи дека ја занемаруваме состојбата и во другите држави, па и оние медиумски

најразвиените. Но, кај нас дополнителната, отежнувачка, околност со малиот пазар ги втера медиумите во жестока борба за гледачи, па и читатели. Се разбира, тоа дополнително ги разниша кревките новинарски стандарди, разболувајќи го македонското новинарство (медиуми!) со класичните, да не речеме ендемски, болести: Багателизација, Банализација, Површност. Или, преведено на пообичен, за овие денови разбирлив, јазик, медиумите ги претвори во полигон за практикување-презентирање на патологии од разни извори, дополнително избезумувајќи ги од транзициските болести (криза, сиромаштија, оскудица, дезориентираност) веќе болни гледачи/читатели.

Преку ноќ, некои дури и несвесно, па дури и оние кои имаа крајно племенити проектни намери при стартирањето на нивните медиуми, во експоненти на вулгарниот жолт печат и жолто новинарство. Од тоа жолтило, до отворени повици за ликвидации немаше ниту еден цел чекор. И не само тоа. Македонската демократија веројатно стана “лидер” во регионот благодарение на телофон-смс-демократијата, своевиден хот-лајн за анонимно практицирање и распостилање на цела една лепеза на анонимни телефон-смс патологии!

Можеби профитот дури и да е регистриран на касите на капиталот (сопствениците и нивните телефонски оператори), ама финалната сметка, што денес, а што утре, ни се испорачува и ќе ни се испорачува во сосема поинаква валута. Мал пазар, би рекле рамнодушните.

– Новинарскиот еснаф не да немаше традиција на (само)организирање, ама фактот дека Кодексот на ЗНМ е донесен дури 2001 година кажува сè. Хаосот на “експлозијата на медиумите”, како и некадарноста на политичките елити да иницираат благопријатни процеси во вкупната медиумска сфера придонесе “еснафот”, во некаква организирана форма да заживее дури во таа, за Македонија критична година. Десет години по осамостојувањето!

Дотогаш, новинарите опстојуваа како индивидуи кои “нешто работаат”, а свеста за тоа дека би било згодно да му припаѓаат на некаков (организиран) еснаф беше само местимична! Освен поедини т.н. Фаворити на политиката, есклузивци “за на маса”, или пак најстрашното, “луѓе на контакт” со припадниците на разузданото разузнавачко-полициско-криминалното подземје! Иронијата да биде уште поголема, токму тогашните “фаворити”, “есклузивци”, “лица за контакт” денес сè уште се во најголем број присутни во медиумскиот простор и што е ироничното-најстрашното, го водат апокалиптичното оро на привикувачите за тепање, ликвидирање и слични непогоди за поинаку-мислечките од нивните газди и наредбодавачи.

Како и да е, денес ЗНМ постои во формат кој, можеби, не ги задоволува еклатантно загрозените, ама сè на сè ова здружение е сепак рационалното јадро кое единствено ги има условите за понатамошна модулација, па дури и реорганизација на еснафот, во насока на преферираната и почитувана индивидуалност на новинарот, како чинител на онај важен, да не заборавиме, столб на демократијата.

РЕГУЛАЦИЈА

Прашањето на Регулација на сферата се наметна уште во средината на деведесеттите години, особено кога стануваше збор за, од социјализмот наследените, закони.

Тогашните дебати дојдоа до, според нас, исправниот заклучок дека секој обид Државата преку својата законодавна дејност да ја регулира сферата, доколку се обиде, нема да стори ништо корисно, туку дополнително ќе ја закомпликува работата. И не само тоа. Сè уште беа свежи сеќавањата за разноразните (со закон предвидени) санкции кои, особено кај новинарскиот еснаф, беа доживувани како дополннителна, односно непотребна стега врз слободата на говорот, изразувањето на мислење итн. Се разбира дека секоја дискусија си имаше своја јасна и јавна мотивација, иако подоцна се востанови дека некои од дискутантите сосема лесно и “доброволно” си ги ставија јамките околу вратовите и, како што и погоре кажавме, денес се фатени за најапокалиптичното оро. Постоеја кажувања за тоа дека нешто “чудно се случува”, тоа особено може да се види ако се прегледаат воено-подбуцнувачките бисери од 2001 година, ама очигледно не беа разбирани како сериозни. Како и многу други работи, впрочем.

Како и да е, по неколку, така да се рече, експерименти со некои закони, првиот горе-долу прифатлив и доличен закон го добивме дури во 2005 година, Законот за Радио Дифузна Дејност и соодветно од него произлезените акти, како и органи задолжени за негово спроведување.

Во линковите ќе ги сретнете деловите, и некои членови кои се однесуваат за темата на дебатата, а интегралниот текст е достапен на сајтот на Советот за Радио Дифузија. Кога сме веќе кај Советот, треба сосема јасно да кажеме дека Македонската Демократија не изгради соодветен однос кон сите т.н.Независни Регулаторни тела и во таа смисла овој совет не е ништо подобар, ниту пак полош од другите Регулатори!

Иако не смееме да заборавиме дека: Било кое регулаторно тело, најдиректно преку своите “чинења” и “нечинења” ја носи, во најмала рака, моралната одговорност за она што на граѓаните им се случува заради дејствијата на чинителите од сферата за која што е конституиран овој Орган.

Се разбира дека Советот е исто така изложен на некоја од, веќе разработените, усовршени, надградени, варијанти на т.н.специјален однос на политиката кон него, ама среќната околност е таа што, барем кај зрелите нации, дијагнозата за состојбите во едно општество, не е ништо друго туку само почеток за барање на лек!

Во оваа прилика нема да се задржме на проблемите кои се составен дел на струката, а се однесуваат на образованието и подготовката за занимавање со новинарскиот занает, од проста причина што конституирањето на новинарскиот интегритет иако започнува од проодувањето во училиште, не е тема која што во дебатава може да ни помогне. Не ја занемаруваме, ама сметаме дека изворот на проблемот на дезинтегрирањето на целата медиумска сфера сепак треба да се бара на друго место, а ние тоа место во оваа прилика го бараме во политика и нејзиниот однос кон медиумите. Се разбира дека стана збор за спрега што на одреден начин подразбира интеракција, па затоа медиумите ги согледавме пред сè како финална креација на една друга социјална група, за која најпогодното име во моментов е: сопственици+политички елити.

Не сакаме да амнестираме, или пак осудуваме, туку сметаме дека од некаде мора да се започне, а новинарите не се тие, или не се единствените и првите, од кои треба да се стартува во некое идно реформирање, или поточно дооформување на македонскиот модел на демократија.

НОВИ МЕДИУМИ

Сосема намерно ги издвоивме Новите Медиуми, поврзани пред сè со разгранувањето на Интернет-от и можностите за поинакви, нови форми на комуникација. Природата на нивното создавање, постоење, како и начинот на обраќање кон и од нивните корисници сепак подразбира еден поинаков однос, а донекаде и поинакво разбирање на стандардните, или така да се рече, класичните категории со чија што помош досега ја исцртувавме општествената градба, во случајов на нашата Држава.

Се разбира дека не е испуштено од предвид дека во моментов ние како заедница некои од манифестациите на можностите на Новите Медиуми веќе интензивно ги живееме (телефон-смс демократија пред сè; псевдо-интерактивноста преку можноста за пишување на коментари на веб страниците на класичните медиуми, или пак некои портали, а сепак и сè уште во духот на патологиите од телефон-смс, пред сè, анонимната демократија и сл.).

Но, треба да бидеме свесни дека и ова поле, кое отвори, односно допрва ќе ги отвора новите простори за информирање, учење, креирање на јавното, но и на индивидуалното мислење, е место во кое веќе се испенетрираа сите оние кои погоре ги идентификувавме како можна закана за просторите на слободата-генерално.

Оние кои внимателно ја следат, а и учествуваат во оваа сфера, ќе забележат дека освен што се појавија некои нови, сè уште до крај невалоризирани облици на социјализација (т.н.социјални мрежи), токму во тоа поле, можеби најефикасно и најагресивно се вселија, според јазикот на технологијата, вирусите кои се закана за слободата на мислење, говор, постоење!

Групите, или како веќе ќе се наречат, собрани-конституирани, со намера да го мразат, замолчат, повикаат на погроми и сè она што се подразбира под насилие и омраза сега засега успеваат многу повеќе и подобро да се снајдат во овој простор од било кој т.н.администратор на веб-страна, портал, група и сл.

На крајот на краиштата, политиката можеби и најефикасно и најдобро ги разбра Новите Можности.

Не дека е непристојно или политички некоректно, ама мноштвото на т.н. Профили на угледници-политичари, или пак страници на нивни пријатели, симпатизери и сл. се можност уште еднаш да се проверат ослободувачките капацитети на Новите Медиуми. Не дека станува збор за скепса. Токму спротивното: Станува збор за ЗДРАВА СКЕПСА!

ЛИНКОВИ

Линковите ги групиравме според следниот критериум:

ДРУГИТЕ ЗА НАС

Дел од Извештајот на ЕУ којшто се однесува генерално на правата и слободите (2.1; 2.2; 4.23; 4.10).

Извештаи на Фридом Хаус за последните осум години.

Извештајот на Репортери без граници, заедно со критериумите за негово составување, за да ги одбегнеме манипулациите со т.н.РАНГИРАЊЕ.

Исто така, донесуваме еден поглед од, се надеваме, објективни монитори на нашите состојби.

РЕГУЛАТИВА

Овде ќе ги најдете најнеопходните членови на Законот за Радио Дифузија на РМ, како алатка во која на одреден начин сепак се кодифицирани нужните елементи во кои се содржани доволно јасни насоки како треба да се однесуваат тие на кои овој Закон се однесува, а во случајов политиката и медиумите.

ПОГЛЕД ОДВНАТРЕ

Овде ги донесуваме Кодексот на ЗНМ И Декларацијата од пролетта 2009-та, како и текстот на колегата Христо Ивановски (стр.24-26) овојпат во својство на активист на македонскиот Хелсиншки Комитет, за сметавме дека е неопходно, човекови права!

Состојби во судството
ПРИЛОЗИ КОН ДЕБАТАТА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СУДСКИОТ СИСТЕМ

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители

катализатори на политичките влијанија

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители ги потврдија најцрните сценарија од времето на дебатите по однос на уставните амандмани за судството од 2004 г. Наместо главни гаранти за независноста на судството, овие тела со својата неотпорност на политичките влијанија и нетранспарентноста на своето работење и во 2009 г., се изродија во својата спротивност и станаа една од главните алатки за политичките влијанија врз судството и јавното обвинителство. Грубото влијание на извршната власт преку министерот за правда и претседателот на Врховниот суд во работата на судиите и обвинителите, а особено при нивниот избор и разрешување, силно го разниша интегритетот и легитимитетот на овие институции.

Неодамна објавените резултати од анонимната анкета меѓу судиите покажа поразителни резултати: судиите признаваат дека во вршењето на судската функција биле под голем притисок на извршната власт (Владата, Министерството за правда и МВР), на политичките партии и на повисоките судови! 75% од судиите немаат доверба во независноста на Судскиот совет и сметаат дека министерот за правда не треба да членува во истиот.

Иако се очекуваше формирањето на Советот на јавните обвинители да придонесе за поголема независност и поголем квалитет при изборот на кадри во редовите на јавното обвинителство, се чини дека тој со своето работење станува подеднакво контроверзен како и Судскиот совет. За волја на вистината, разочарувањето од неисполнетите очекувања од Судскиот совет не даваше големи надежи дека можеби Советот на јавни обвинители ќе успее да се востанови како независна институција, согласно неговата уставна улога. Партиското влијание врз Советот одамна стана јасно, за во 2009 г. тоа да стане и очебијно. Разрешувањето на првиот човек на Скопското обвинителство и уште на неколку други обвинители ширум државава претставуваше отворена пресметка со обвинителите поставени за време на претходната власт.

*Во подготовките на материјалот се користени анализите на невладината организација Транспарентност Македонија, извештаите во македонските медиуми, истражувањата на ФОРУМ ЦСРД како и согледувањата на повеќемина набљудувачи на состојбите во Република Македонија

ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ПРОБЛЕМИ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Во 2009 г. се покажа дека како држава имаме сериозни институционални проблеми со Јавното обвинителство кое се држи во положба на силна подреденост под политиката и со неа поврзаните центри на моќ. Од друга страна, Јавното обвинителство како институција се држи во позиција на зависност од МВР во остварувањето на своите функции и надлежности. Овластувањата и одговорностите кои обвинителството ги има согласно Законот за Јавното обвинителство од 2007 г. со новиот Закон за кривична постапка се предвидува и натаму да се зголемат. Оттука, клучна е борбата за јакнење и на самостојни капацитети и на Јавното обвинителство, во смисла на сопствени тимови од истражители и други експерти кои на обвинителството ќе му асистираат во тоа барем малку да се осамостои од МВР. Тоа е условот Република Македонија да стане правна, а не полициска држава.

За жал, гледаме дека самите обвинители не се чувствуваат подготвени за новата улога и се песимисти за успехот на реформата која токму од нив очекува да станат еден од гарантите за човековите слободи и права, наспроти полицијата. Ова е голем проблем и бара сериозна опсервација и акција. Не треба да се заборави дека токму начинот на тесна „соработка“ на МВР со Обвинителството за организиран криминал и корупција, раководството на МВР го препорачува како успешен модел кој треба да се преслика за целата организација. Тивкиот отпор на обвинителите со непријавувањето на конкурсите за специјализираното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција многу кажува.

Оценката за тоа како реформата на судството влијаела врз корупцијата може да се види преку познатите судски корупциски случаи. Поразително делува фактот што Врховниот суд на РМ ги укина пресудите кај дел од експонираните предмети на организираниот криминалитет („Југ“, „Змиско око 1“, „Бачило 2“, „Тифани“ и др.) поради оценките за сериозни пропусти во постапувањето на првостепените судови, односно и на првостепените и на второстепените судови.

Од друга страна, и во 2009 г. превладеа оценката на невладините организации кои се занимаваат со мониторинг на судења дека судиите не ја санкционираат адекватно корупцијата поради длабоката навлезеност на политиката во судството. Ваквите перцепции внесуваат загриженост и еволуирање на квалификациите од “влијание на реформата врз борба против корупцијата” на “елаборација за присутната корупција во судството”. Станува збор за корупција во судството што се огледа во чудни, брзи и нелогични напредувања на некои судии по одлучување во определени предмети, но за ваквите тврдења немаат конкретни докази, па перцепцијата останува на ниво на шпекулација. И покрај податокот дека Судскиот совет на РМ во 2009 г. разрешил вкупно 12 судии за злоупотреба на службената должност, сите овие случаи не може да се поврзат со коруптивно однесување.

Судството останува цел на носителите на извршната власт која, како што може да видиме, дури не ги ни крие намерите за негова политичка инструментализација. Потврда за ова е и скандалозното повикување на “разговор” кај премиерот лично на претседателот на Апелациониот суд во Скопје. Така, наместо да работи на создавање неопходни претпоставки за унапредување на независноста на судството и на градење поголема доверба на граѓаните во правниот систем во една земја аспирант за Европската Унија, Владата продолжува да се конфронтира со судиите и обвинителите кои не им се по волја.

ПРИТИСОЦИ ВРЗ УСТАВНИОТ СУД НА РМ

Во овие неколку годините зад нас бележиме досега невидени отворени напади врз работата на некои судови, а особено драматичен е нападот на политичката елита на власт (извршната и законодавната) врз Уставниот суд на РМ. Изјавите на премиерот, лично, како и на други претставници на извршната и законодавната власт, дека судиите на Уставниот суд се политички избрани и политички одлучуваат, во јавноста директно ја поткопува довербата во работата на Уставниот суд на РМ, но и дигнитетот на судството во целина. Во одредена смисла ова ги поткопува и останатите институции на системот/демократијата.

Недвосмислено е дека проблемите на (не)компатибилноста на некои од новите законски проекти со Уставот на РМ се должи на тоа што некои од нив се подготвени набрзина, без претходни истражувања на проблемите во дадената сфера, на споредбеното право, но и со огромно количество на политички волунтаризам. Некогаш, пак, споредбеното право се презема некритички, без да се познава доволно и со доза на експериментирање и дилетантизам. Во таа смисла, добро е што воопшто има некој што се грижи новите решенија да бидат во согласност со словото и духот на Уставот на РМ. Ако се согласуваме со претходните оценки, уште повеќе од јасно станува дека независноста на Уставниот суд треба да се поддржи, бидејќи оваа судска инстанца игра значајна позитивна улога во одбраната на демократските вредности на Уставот, пред налетот на интересите на извршната власт. Особено треба да се поздрави тоа што Уставниот суд на РМ се труди Уставот и законите да ги толкува согласно меѓународните стандарди за човековите права и со решенијата и искуствата од споредбеното право на развиените европски демократии. Впрочем последните случувања околу досегашниот претседател на Уставниот Суд, како и коментарите на Извршната власт, олицетворена лично во Премиерот, се последната подврда и дополнителна мотивација за зрелите сегменти на општеството да застанат во одбрана на судот.

ИЛУСТРАЦИЈА: СЛУЧАЈ “МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА”

Министерот за правда Михајло Маневски, значи оној кој треба да се грижи за доследно спроведување на секој збор од секој закон, оној кој треба да се грижи за беспрекорно функционирање на нашите правосудни органи, оној кој е најповикан за почитување на правдата, за владеење на правото и за правната сигурност на граѓаните во државата, во текот на неговиот мандат постојано е центарот на вниманието на јавноста, поврзано, како со неколку коруптивни афери кои, посредно или непосредно, ја вклучуваа и неговата личност, така и со грубости во настапот, демонстрација на гола власт, инсталирање на атмосфера на нетрпеливост, диктат, но и неодговорност.

Изминатата година во јавноста беа изнесени докази дека министерот за правда неколку месеци од почетокот на 2009 г. земал министерска плата, истовремено добивајќи и пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Овој скандал изнесен најпрво во самиот законодавен дом, па потоа дискутиран од сите правни аспекти и осуден од сите стручњаци по право во државава, како и во детали анализиран и презентиран во јавноста од страна на новинарите, вроди со неочекуван резултат: министерот е сé уште на функција, без никаква политичка или друга одговорност за своите постапки. Јавноста и денеска не знае дали, кога и во колкав иснос парите што ги земал министерот се вратени во буџетот на државата.

Во поекспонираните скандали врзани за името на овој министер спаѓа и аферата со повеќемесечното (не)пензионирањето на неговата сопруга, бивш судија во Апелациониот суд која, и покрај исполнувањето на условите за пензија, едноставно одбиваше да ја прифати реалноста што произлегува од законските прописи за регулирање на работните односи во државата.

Состојбата на затворскиот систем во Македонија е мета на постојани критики како на домашната, така и на меѓународната јавност. На овој план во целост е деградирана елементарната заштита на човечките права и слободи, за што надлежноста и одговорноста секако му припажа на овој министер. Маакедонските медиуми се преполни со ужасни стории за состојбите во затворите што, освен грдата слика за државата, сосема јасно ја одсликуваат менталната структура на оние кои се за тоа одговорни и кави приоритети имаат, поточно немаат!

Сепак, најголемиот и континуиран скандал, во чиешто средиште се наоѓа Маневски со години наназад, е отвореното и грубо мешање во работата и во независноста на институциите коишто го сочинуваат македонскиот правосуден систем. Овој заканувачки “упад во системот” е јавно констатиран од повеќето домашни и меѓународни, владини и невладини, инстанци кои го мониторираат македонското судство. Но, заради природата и историјатот на односите на Маневски со премиерот Никола Груевски, министерот за правда останува вон дофатот на политичката, моралната и другата одговорност вообичаени за правните и демократски држави во светот.

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

Предлогот на новиот ЗКП кој влезе во собраниска процедура предвидува радикална реформа на казнено правниот систем. Имено, не само што со законот се напушта досегашниот модел на постапка активно водена од судот, туку се предвидува и сосема нова улога на учесниците во постапката и особено нови односи помеѓу судот, јавното обвинителство и полицијата.

Треба да се поздрави ваквото осовременување на постапката согласно најновите тенденции во Европа. Постапката со ова би требало значително да се забрза, како и да се унапреди непристрасноста на судот. Особено радува тоа што врз законот се работеше повеќе години со учество на голем број домашни и странски експерти.

Но, без да избрзуваме со оптимизмот, сметаме дека на предлогот може да му се стават барем неколку забелешки што не прејудицира дека со тоа дискусијата е финализирана. Токму спротивното, допрва ќе се разгорува.

Значи:

Прво, загрижува нерамноправната положба на осомничените во истрагата. Имено, осомничениот според предложениот закон воопшто не се известува за поведената истрага, ниту пак ќе може да ја оспорува основаноста на поведената постапка пред суд. Тој сега нема да може активно да учествува во истражната постапка, а нема ни јасно уредено право за увид во списите во текот на истрагата.

Второ, имплементацијата на новиот процесен модел кој значи коренита реформа замислена со предлогот на законот бара големи организациски и финансиски ангажмани. Особено обвинителството ќе мора да се опреми кадровски, просторно и технички, за да може да одговори на предизвиците пред кои е поставено со реформата. Новиот концепт поставува сериозни задачи пред јавното обвинителство, кое треба да стане гарант на законитоста во претходната постапка. Актуелната организација и персоналната структура на јавното обвинителство нема да може да излезат во пресрет на задачите кои ги поставува предлогот на законот, па може да се случи наместо обвинителството, со истрагата да загосподари полицијата. Од друга страна, може ли реално да се очекува дека државата навистина ќе сака и ќе може да одвои сериозни средства кои сега дури не се ни доволно прецизирани?! Согледано од аспект на сите досегашни дејствија на извршната власт а во насока на окупирање, во секоја смисла, на судскиот систем, вака замислената реформа е можно да се осуети, па дури и намерно да се саботира. Имено, досегашната расправа во текот на подготовката на законот, како и искуствата од претходно спроведените реформи во оваа сфера покажаа дека МВР и јавното обвинителство не се многу расположени за реформи, или пак истите ги имплементираат во дел и на начин на кој што им одговара.

Трето, сериозни финансиски импликации ќе има и зголемениот ангажман на адвокатите како бранители. Имено, судот повеќе нема да има обврска да собира и изведува докази по службена должност, па новата постапка ќе изискува многу повеќе активност од адвокатите во текот на истрагата, на судскиот претрес или во постапката за спогодување. Особено на главниот претрес вкрстеното испрашување како нова техника обвинетиот кој нема средства за (добар) бранител ќе го стави во незавидна положба, поточно да не може да се брани. Од овие причини се чини треба подобро да се размисли за консеквенциите од ваквите радикални реформи. Предлагачите на ваков закон аргументираат дека Законот за бесплатна правна помош е механиззмот кој што ќе биде заштита на граѓанинот, но ние сметаме дека ова никако не го решава овој проблем, особено ако се имаат во предвид досегашните искуства со постојниот ЗКП. Тој закон впрочем погрешно упатува дека со истиот не се зафаќа во задолжителната одбрана според ЗКП, со што ништо не решава, бидејќи задолжителноста на бранител во некои ситуации не кажува ништо за тоа кој на крајот ќе ги поднесе трошоците за неговиот ангажман.

СУДСТВО

Последните постапки против неколку судии од Апелациониот суд во Скопје одново ја покажаа ранливоста на македонското судство. Имено, прописите со кои треба да се гарантира неговата самостојност и независност очигледно оставаат простор за самоволно толкување и арбитрарност, а Судскиот совет наместо да биде основен гарант за независноста на судството, ги искористува ваквите недоречени прописи за да ја покаже сервилноста кон власта која не може да одолее на искушението да се справи со “непослушните судии”.

Во третманот на оваа тема нашата позиција е сосема јасна: сметаме дека независноста на судовите не може да биде покритие за нивна неодговорност и самоволие. Сепак, смислата на правните гаранции и на целото постоење и делување на Судскиот совет е да спречат каква и да е арбитрарност и надворешни влијанија, а разрешувањето на судиите да зависи само од покажаните резултати во вршењето на судиската функција.

Стручноста на секој избран судија се претпоставува, особено во повисоките судови! Секој што работи – може и да згреши. Но, за тоа постојат правните лекови, а разрешувањето на судиите заради нестручност (и несовесност, во смисла на неажурност) мора да биде засновано врз објективни критериуми за нестручноста, мерливи во како за мали така и за поголеми случаи. Оттука, да се разреши судија за кој најмалку две години по ред Судскиот совет оценил дека покажал незадоволителни резултати, особено преку тнр. објективизирани критериуми(!) какви што се на пример “ненавремено донесување на судските одлуки, неефикасно и неажурно водење на судската постапка, број на потврдени, преиначени и укинати судски одлуки”, е едно; но, да се утврди “несовесно, ненавремено или невнимателно вршење на судиската функција во водењето на судската постапка по одделни предмети” за некои судии (па дури и тука законот бара повеќе од еден предмет!), е нешто сосема друго. Втората, арбитрарна можност, остава простор судии да се разрешат дури и тогаш кога тие имаат долгогодишна успешна кариера во судството и натпросечни резултати во работењето. Значи, за конкретен случај еден судија може да биде разрешен само ако во тој случај манифестирал очигледна, односно докажана злоупотреба, злонамера и сл. Таа интенција на законодавецот се гледа и од другите основи за разрешување, како на пример со “намерно повредување на правилата за правично судење; злоупотребување на положбата или пречекорување на службените овластувања; повреда на прописите или на друг начин нарушување на независноста на судиите при судење и сл”.

Времето покажа и тоа дека правниот лек против одлуките на Судскиот совет едноставно не е ефикасен. Имено, и покрај сите контроверзи, ниту една одлука за разрешување на судии донесена од страна на Судскиот совет не беше оспорена од Комисијата на судии формирана при Врховниот суд.

Илустрацијата со постапките при разрешување на судиите на Апелациониот суд ја покажува практичната бесполезност на ова правно средство (Комисија на Судии) е едноставна – судиите се плашат и не сакаат на себе да го навлечат гневот на Судскиот совет и на тие кои што во вакви случаи стојат зад него. Со тоа, тие докажуваат дека немаат интегритет, што е нешто што треба да ги загрижува сите.

ПОЛИТИЧКА КОНТАМИНАЦИЈА НА РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА

Визијата и концептот за Судскиот совет во Република Македонија се базира врз два суштински постулати. Првиот, мнозинството членови да бидат избирани од самата судска фела, на непосредни избори, во сите нивоа од судската хиерархија; и, вториот, избраните членови да бидат со силен личен кредибилитет. За жал, практиката покажа дека обата овие постулати не ги оправдаа очекувањата при изборот на г. Бранко Ушковски за член на Судскиот совет. Како се случи, при процесот на тајно гласање, да се нарушат овие два принципи, сé уште е мистерија, бидејќи резултатите од гласањето покажуваат силна политичка логистика.

Клучен фактор во работата на Судскиот совет е персоналната доминација на министерот Михајло Маневски. Таквата доминација се должи на неговата желба и желбата на извршната власт да воспостават целосна контрола врз работата на судството. На тоа, очигледно, не можат да се спротистават останатите членови од Советот, доведувајќи го во прашање и својот потребен личен интегритет. Дека ваквата тенденција нема да се промени во догледно време говори и изборот на г. Ушковски за член на Судскиот совет. Со ваквиот избор направен е директен упад во Уставот на Република Македонија и во Законот за судски совет. Имено, чл. 104 од Уставот го поставува стандардот под кој не може да се оди при изборот на членови на Судскиот совет, предложени од Собранието на РМ, упатувајќи на универзитетски професори по право, адвокати и истакнати правници. Со оглед дека г. Ушковски не е ниту универзитетски професор, а ниту адвокат, очигледно е дека парламентарното мнозинство во него препознало истакнат правник. Сметаме дека квалификативот “истакнат правник” не е гола и субјективна одредница, под која може да се протне каква било биографија. Зад овој квалификатив може да застане само лице кое има референтни научни трудови и/или евидентен практичен придонес во областа на правото. Г-динот Ушковски, како правник од Центарот за управување со кризи, ни приближно не може да се смести во категоријата истакнати правници. Тој нема ниту ден професионално искуство во судството, а се става во позиција да ја цени работата и стручноста на судиите во Република Македонија.

Ова е само дополнителна илустрација за натамошната компромитација на Судскиот совет и наведува на констатација дека суштината на проблемите на ова тело не се во неговиот концепт, туку во поведението на министерот Маневски, но пред се на доминантниот партнер во владејачката коалиција и нивните партиски инсталации во Советот.

СУДСТВО (ПРВ КВАРТАЛ ОД 2010)

Пред неколку месеци конечно беше објавена фамозната анкета за судската независност според која 43% од анкетираните судии сметаат дека има мешање во работата на судството однадвор и дека таквото мешање влијае врз спроведувањето на правдата. Испитаниците ги сметаат извршната власт и политичките партии за најголем извор на притисоци врз судството. За 66% од анкетираните судии, Судскиот совет не ја извршува соодветно својата функција и не дејствува независно.

Чудно е но е и за поздравување признанието на Владата дека врз Судскиот совет и судството навистина се вршени притисоци од страна на Министерот за правда, како и тоа дека (Владата) покажа подготвеност да предложи промени во Уставот во делот за изборот и составот на Судскиот совет. Навистина, учеството по функција на Министерот за правда во Судскиот совет беше најкритикувана точка во функционирањето на ова тело кое, наместо гарант за независноста на судството, како што се предвидуваше, израсна во инструмент на извршната власт за влијанија врз судството и судиите. Впрочем невладината организација Транспарентност Македонија неодамна предложи Министерот за правда да учествува без право на глас во Судскиот совет и во Советот на јавните обвинители, што по однос на Судскиот Совет е поскромно или помалку радикално решение од ова што сега се става на маса од самата извршна власт.

Со оглед на досегашната практика, сметаме дека и овај предлог на Владата е обична козметичка операција во функција на некој минијатурен позитивен поен во некаков извештај (нека е и на ЕУ) и всушност ова е само уште едно “политичко пукање во празно”, бидејќи според сите досегашни показатели сосема е јасно дека не е израз на вистинска волја на политиката да ги тргне рацете од судството. И власта и, во ограничен обем, опозицијата користат различни облици и методи за влијание врз судството. Нема уставни измени што можат да го спречат тоа влијание доколку за тоа не постои демократска зрелост и реална политичка подготвеност.

Со слични шанси за успех, од исти причини, е и вториот предлог за измените во составот на Судскиот совет. Навистина, теориски, зголемувањето на бројот на судии на сметка на други членови во Советот би требало да обезбеди поголемо влијание на судската професија врз овој орган и судството во целина. Во практика, пак, кога се има предвид силната желба за политичко мешање во судството, ова може да се изроди во своја спротивност, со трка околу тоа кој ќе вметне повеќе “свои луѓе” во Судскиот совет, што само дополнително ќе ја камуфлира, а нема да ја намали политичката инволвираност во судството.

Истовремено, неверојатно е дека ниту на власта ниту пак на опозицијата, а кога веќе се предлагаат корекции, во рамките на вакви или слични измени, не им паднало на памет да предлагаат и измени поврзани со статусот јавното обвинителство, кое и натаму останува на половина пат меѓу извршната и судската власт. За обвинителството со Уставот на РМ се гарантира самостојност, но не и независност – излегува дека самостојноста се остварува како делумна зависност од извршната власт?! Дотолку повеќе што со реформата на казнено-правниот систем јавното обвинителство треба да преземе дел од одговорностите што досега ги носеше судската власт, како нов гарант за законитоста и за заштита на човековите права во кривичните истраги.

Стручната јавност со голема загриженост го прими мислењето на Јавното обвинителство на РМ за Нацртот на новиот ЗКП. Имено, Јавното обвинителство на РМ очигледно не покажува амбиции и подготвеност да прифати активна и раководна улога во истрагата. Изненадува како тоа јавното обвинителство начелно го прифаќа концептот на обвинителска истрага, а не сака да има сопствени капацитети, туку да остане орган кој работи исклучиво канцелариски и во целост зависи од МВР!

Можеби е подобро со ова раководство во ЈО и МВР реформата да се одложи за подобри времиња. Во спротивно, обвинителската истрага може да стане полициска со големи опасности за човековите права и слободи. Во контекстот на погоре реченото за вкупните состојби во судскиот систем, најнапред, илузорно е да се очекува од било кој сегмент на тоа судство да се очекува иницијатива во правец на заштита на човековите права и слободи, а потоа, секој напор, вклучително и дебатите околу оваа тема (слобода!) ќе бидат иницијална каписла за дополнителна “мобилизација” на застапниците на искривените модели на демократија.

ИЗВАДОК ОД НАЈНОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

Според најновиот извештај на организацијата “Репортери без граници”, Македонија се наоѓа на 68-мо место според слободата на медиумите, што претставува голем пад од 34 места. Во подолниот извадок се истакнува врската на судството со политиката, што има свој одраз и во работата на медиумите.

THE BALKAN PENINSULA IS STILL A CONCERN AND HAS RECORDED MAJOR CHANGES.

Montenegro (-27), Macedonia (-34), Serbia (-23) and Kosovo (-17) constitute the most substantial losses. Although the legislative reforms required for accession to the EU have been adopted in most Balkan countries, their implementation is still in the embryonic – if not non-existent– stage. Control of the public and private media by the calculated use of institutional advertising budgets and the collusion between political and judicial circles is making the work of journalists increasingly difficult. In a precarious situation, caught in a vice between the violence of ultranationalist groups and authorities who have not yet rid themselves of old reflexes from the Communist era, an increasing portion of journalists are settling for a calculated self-censorship or a mercenary journalism which pays better, but gradually ruins the profession’s credibility. Blighted by mafioso activities which, every year, strengthen their financial stranglehold on the media sector, independent publications are waging an ongoing battle which deserves more sustained attention from European neighbours.

Балканскиот Полуостров се` уште загрижува и бележи големи промени.

Црна Гора (-27), Македонија (-34), Србија (-23) и Косово (-17) бележат најсуштествени загуби. Иако во поголемиот дел од балканските земји се усвоени законодавните реформи потребни за пристап во ЕУ, нивната имплементација е сè уште во фаза на зачеток- па дури и и во фаза на непостоење. Контролата на јавните и приватните медиуми со калкулирана употреба на институционални буџети за реклама и тајната спрега меѓу политичките и правосудните кругови, работата на новинарите ја прави се` потешка. Во ваквата зависна ситуација, приклештена меѓу злото на насилството на ултранационалистички групи и власти коишто се` уште не се ослободиле од старите рефлекси од комунистичката ера, голем број новинари се приклонуваат кон пресметана автоцензура или платеничко новинарство, но постепено го уриваат кредибилитетот на професијата. Уништувани од мафијашките активности коишто секоја година ја зацврстуваат финансиската стега во секторот на медиумите, независните изданија водат постојана битка којашто заслужува поодржливо внимание на европските соседи.

Дебата за состојбите на цивилниот сектор во Република Македонија
Форум Центарот за стратегиски истражувања и документација и Прогрес Институтот за социјална демократија на 9 јуни 2010 година организираа дебата на тема: “Состојбите во цивилниот сектор и неговата улога во креирање на општествените текови во Република Македонија”.

Целта на дебатата беше да се поттикне јавна расправа за актуелните состојби во граѓанскиот сектор, неговата вклученост во процесите на одлучување во државата, улогата на политичките елити во застојот или развојот на овој сектор, како и развојот на граѓанското општество од осамостојувањето до денес.

Свои излагања на овие теми имаа Владимир Милчин од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Сашо Клековски од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, Зоран Богдановски од Центарот за институционален развој и Ѓунер Исмаил од Форум Центарот за стратегиски истражувања и документација.

Во воведните излагања и во дебата која следеше потоа, а во која се вклучија уште неколку истакнати претставници на невладиниот сектор, се отворија многу прашања за местото на граѓанското општество во развојот на демократските процеси во државата. Се направи ретроспектива на главните приоритети на овој сектор од осамостојувањето на Македонија до денес, со потенцирање на улогата на невладиниот сектор во борбата за признавање на независноста на Македонија во почетокот на 90-те години од минатиот век, па до лобирањето за признавање на името и влијанието врз процесите во државата во 2001 година, кога овој сектор влијаеше да ги преброди воените конфликти и да се донесе Устав како конструктивен општествен договор. Беше посочено и дека во тој период почна сатанизацијата на невладиниот сектор, со применување на рецептурата од некои источни држави на прогласување на одредени личности од невладиниот сектор за странски платеници и инсталирање на невладини организации од страна на политичарите. Поради тоа, постои опасноста и во Македонија да се повтори примерот на Бугарија, каде се случува феноменот на “заробено граѓанско општество”, по повлекувањето на странските донации во невладиниот сектор и доминација на политичарите во невладините организации (НВО).

Од друга страна, се изнесоа мислења дека стигматизирањето на невладиниот сектор поради странското финансирање се прави од политички побуди, со цел да се дискредитираат невладините организации и да се прогласат за политички противници. Загрижува тоа што притисоците кон невладините организации продолжуваат не само на ниво на закани, туку и на физичко насилство, како што беше случајот со нападот врз Ивица Младенов од невладината организација “Хоризонт Македонија”.

Според некои истражувања на јавното мнение кои беа презентирани на оваа трибина, 41% од граѓаните имаат доверба во НВО, 33% од граѓаните веруваат дека НВО ги задоволуваат интересите на граѓаните, наспроти 25% од граѓаните кои гледаат на нив како на странски агентури, а 80% сметаат дека НВО се злоупотребени од политичарите.

Беа отворени прашањата за бројноста на невладините организации, при што се изнесе податокот дека постојат 9.000 невладини организации во Македонија, што во просек се 44 организации на 1000 жители, а беа изнесени и спротивни мислења за улогата на медиумите – од една страна беше истакнато дека во медиумите отсуствува поддршка на активностите на невладиниот сектор, а од друга страна медиумите беа посочени како главен сојузник на невладините организации, бидејќи помогнале да се идентификуваат разни феномени во државата на кои тие посочувале

Коридор 8 – Перспектива на една стратегиска идеја, тринаесет години подоцна
Коридорот 8 навлегува во своето тинејџерско доба. Во периодот од тринаесет години неговата актуелност се движи од скалила на огромна популарност и огромен интерес за негова реализација до негова маргинализација, за повторно да биде ставен во фокусот на јавноста.

Очигледно е дека неговата стратегиска важност не може, но што е уште поважно и не смее да биде маргинализирана затоа што за Коридорот 8 е карактеристична една одредена трансформациска специфика и димензија која му дава и голема значајност. Таа трансформациска димензија (која е присутна и кај другите коридори, но не со таков капацитет како кај Коридорот 8 ) е во тесна корелација со културното поврзување кое оди во пакет со инфраструктурното, безбедносното и економското поврзување што се случува по линијата на Коридорот 8.

Но, каква е перспективата на овој паневропски коридор кој треба да ги поврзе Бари и Варна преку Албанија и Македонија, за да преку Црното Море продолжи да се поврзува со азискиот дел од светот? Во секој случај, генерално, перспективата треба да се разгледува низ две димензии како перспектива за негова физичка реализација, но и димензија која се однесува на целокупната корист која со себе ја носи реализацијата од поврзувањето по трасата од Коридорот 8. Одговорот за првата перспектива тешко се прецизира, затоа што динамиката и големината на инфраструктурните зафати зависат од голем број на варијабли од социо-економски и политички карактер, додека на втората перспектива која е поврзана со користа никој не може да и го оспори мултидимензионалниот корисен карактер.

ТЕКОВНА СОСТОЈБА – (ПРЕД УСЛОВИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ)

Актуелната ситуација во која се планираат и реализираат сите тековни активности околу Коридорот 8 се одвива на најразлични меѓународни нивоа и претставува навистина сложен процес. Ова е процес кој може да се спореди со склопување на мозаик бидејќи мора да се склопат, отворат и затворат многу прашања и актуелни теми од економски, политички и безбедносен карактер. Нивото на соработка помеѓу владите на земјите кои се наоѓаат по линијата на овој коридор е релативно високо и коректно од политички аспект. Ова, несомнено, е и поради една навистина едноставна и логична причина, а која се однесува на тоа дека постои взаемна и повеќекратна корист за сите земји засегнати од реализацијата на овој проект. Вo изминатиот период исто така се забележува дека нивото на политичка соработка сепак не е диктирано само од ракурс на интересите околу овој коридор, туку пред сè заради други интереси и причини (НАТО и ЕУ интеграции, историски околности, други локални интереси и сл.). Во одредени периоди може да се рече дека дури интересите околу Коридорот се на последно место на политичките приоритети. Во контекст на идните предизвици, целокупната реализација на Коридорот 8 е од динамички карактер кој упатува на тоа дека и во моментот кога инфраструктурно ќе биде заокружен со сегашната претпоставена и планирана инфраструктура, Коридорот 8 нема да биде затворен како класичен проект. Сето ова е поврзано со потребата од тековно одржување на сите инфраструктурни елементи, а уште повеќе од предизвикот поврзан со потребата за константно усовршување и софистицирање на целокупниот сет од инфраструктурни сегменти кои се составен дел од коридорот. Верувам дека овој неоспорен факт во целост е респектиран и земен во предвид од сите активни чинители кои повеќе или помалку се вклучени во реализацијата на овој, условно кажано, атипичен проект. Реализацијата на секој проект, а особено проекти од ваков карактер, со себе носи и проблеми од најразличен тип кои неопходно треба да бидат менаџирани на начин кој ќе значи нивна елиминација на најефикасен начин. Генерално, Секретаријатот со седиште во Бари им помага на земјите да развиваат проекти за заокружување на сетот инфраструктурни димензии на Коридорот 8, истовремено спроведувајќи ги и потребните активности за изнаоѓање на фондови за реализација на активностите. Поконкретно, овој Секретаријат е задолжен да ги води сите помошни активности на Управниот комитет на Коридорот 8 и тоа од техничка помош, организирање на состаноци на Управниот комитет, помош при идентификација на проекти за коридорот и нивно промовирање пред Европската комисија и финансиските институции, супервизија на проекти, промовирање на заемна соработка со останатите паневропски коридори, дефинирање на услови и спецификации поврзани со тендерските постапки, како и останати звршни процедури и остварување на контакти со приватниот сектор и истражување на можности за воспоставување на јавноприватни партнерства за одредени инфраструктурни проекти. Иако најголемиот дел од проблемите ги менаџира Секретаријатот со седиште во Бари, секоја од земјите вклучени во неговата реализација, а кои имаат дадено бланко поддршка на Коридорот 8, треба да вложат дополнителни напори преку кои ќе ги минимизираат евентуалните проблеми кои се можни, очекувани или неминовни. Најважни од сè сепак се визијата и антиципирањето на проблемите и елиминирањето на нивните негативни влијанија. За сè друго, а најмногу за фондовите, постои простор со заеднички сили на сите земји вклучени во проектот да се излобира и со релаксирана, правилна политика и стратегија истите да бидат добиени.

БЕНЕФИТ „PRO“: МАКЕДОНИЈА – ИНВЕСТИЦИСКА ДЕСТИНАЦИЈА

Реализацијата на Коридорот 8 со сите негови составни димензии позитивно би се одразила во промовирањето на Македонија како инвестициска дестинација, а уште повеќе доколку паралелно се работи на реализацијата и на другиот паневропски Коридор 10 кој исто така поминува низ нашата држава. Комбинирањето на ефектите и комплементарноста на овие два коридора во голем степен ќе ја подобри инвестициската слика и стратешката позиција на Република Македонија. Претворањето на Република Македонија во инвестициски рај и инвестициско чудо на Балканот за жал никако да се оствари. Во текот на 2007 година тогаш новата Влада на премиерот Груевски амбициозно иницираше и влезе во неколку проекти како регулаторна гилотина, воведување на рамни даноци, олеснето и забрзано регистрирање на фирми и некои слични мерки, преку кои сметаше дека ќе ги подобри инвестициската и претприемничката клима. Европската Унија, меѓутоа, не беше многу воодушевена од отворањето технолошко-индустриски развојни зони, посебно поради стимулациите и олеснувањата кои се нивен составен дел, а се во колизија со отвореноста на пазарот и неговата перфектност. Иако во основа се работи за добри мерки, помпезно најавуваните резултати изостануваат веќе три години по ред. Ова е поради фактот што овие мерки не се комбинирани со реално здрави и иницирачки политики кои инвеститорите би ги препознале. Инвеститорите не препознаваат мерки на атрактивна инвестициска клима, ставајќи особен акцент на изразената инфраструктурна имперфектност. Краткиот заклучок е дека, во поглед на промовирањето на инвестициските можности, се работи фасада, шминка без притоа да бидат поставени соодветни темели, во ситуација кога општопознато е дека една од првите работи кои ги калкулираат странските инвеститори во своите прединвестициони анализи е инфраструктурниот развој на една земја. На овој план веќе подолго време држиме незавидно standby ниво. Кога се насочуваат напорите кон јакнење на инвестициската клима, не треба да се испушти од предвид дека инвеститорите високо ја вреднуваат пристапноста до пазарите, квалитетот на човечките ресурси и нивната мобилност, стабилноста на енергетската инфраструктура, како и перформансите и капацитетот на телекомуникациската инфраструктура. Изостанувањето на сериозни, стратегиско-плански поддржани напори кои би ги унапредиле горе-наведените сегменти би резултирало со ”од во празно” во поглед на инвестициската клима. Дополнително, преку Коридорот 8, во Македонија ќе се олесни и достапноста до пазарите и ќе се овозможи подеднакво да се мотивираат инвестициите кои се ориентрани кон суровинскиот ревир, како и инвестициите ориентирани кон потрошувачкиот ревир што значително и сериозно ќе го прошири спектарот на инвестициски можности.

АНИМИРАЊЕ НА КЛУЧНИТЕ STAKEHOLDER-И

Сите оние кои имаат потенцијал да влијаат на одлуките, како и оние кои што се под влијание на одлуките треба бидат анимирани на начин кој ќе гарантира дека процесот да биде воден на најдобриот можен начин преку изнаоѓање на најдобри можни решенија. Процесите кои се дел од решенијата имаат системски карактер и нивното водење во правец на постигнување на синергиски ефект е од круцијално значење.

ОВИЕ ПРОЦЕСИ СЕ И ПРОЦЕСИ ЗА АКЦЕЛЕРИРАЊЕ ПРИ ГЕНЕРИРАЊЕ РЕШЕНИЈА И МОЖАТ ДА БИДАТ ПОГЛЕДНАТИ НИЗ ДВЕ ПРИЗМИ:

1. Македонија и останатите земји кои ги поврзува коридорот Тој процес е потежок за антиципирање бидејќи вклучува доста политички моменти, иако номинално постои генерален консензус околу стратешката потреба за реализација на Коридорот 8. Во овој контекст, се добива впечатокот дека кога се работи за прашања од регионален интерес, македонската страна вообичаено настапува латерално, дезавуирајќи ја можноста да се вклучи како иницијатор. Значи, општ впечаток е дека од наша страна се настапува реактивно, најчесто се ”следи” наместо да се ”предводи”. ”Комотната” позиција на неми набљудувачи треба да ја претвориме во позиција на активни учесници во процесот. Уште повеќе, не смее да се дозволи практиката Коридорот 8 да се третира ad hoc, најчесто сведен на ниво на дневно-политичка тема во предизборие. Иако, проактивниот пристап по прашањето Коридор 8 е изискува многу напори, истиот не е луксуз, така што Македонија би требало поенергично да се вклучи во акцелерирање на процесот. Енергичноста и иницијативноста на Македонија треба да се манифестираат преку заложбите за изнаоѓање на адекватни стратегиски партнери кои во одредени случаи би имале интерес да вложат во конкретни инфраструктурни проекти, било целосно или преку кофинансирање од буџетски средства од капиталните расходи. Овие трошења треба да бидат крајно продуктивни и исплатливи за нашата држава со генерирање на повеќеслоен ефект. Во овој контекст треба да се користи и адутот дека на територијата на Република Македонија се сечат коридорите 8 и 10 со што претставуваме земја-крстосница во која се сечат поврзувањето на запад со исток и поврзувањето на север со југ. Ова е факт кој дополнително ја зајакнува нашата позиција како од аспект на олеснета пристапност до пазарите, така и од безбедносен и политички аспект. Тоа е отворена шанса да се зголеми бројот, а воедно и подигне квалитетот на инфраструктурните елементи кои ќе постојат по трасата низ нашата територија.

Регионалната соработка е de facto клуч за успехот. Во системот наречен Коридор 8 индивидуалното дејствување е корисно единствено само доколку се работи на зајакнување на интерните перформанси кои се во позитивен, компатибилен однос со заедничките интереси поврзани со Коридорот.

Фактичката состојба на регионалната соработка по ова прашање упатува на констатацијата дека директните земји учесници од регионот очекуваат некој надворешен релевантен одлучувач да се стави во улога на обработувач и иницијатор на регионалната соработка и катализатор на процесот. Процесите на донесување на корисни и апликативни решенија треба да се одвиваат синхронизирано и координирано од страна на секоја земја која се наоѓа на трасата од Коридорот 8. Неопходноста од синхронизација и координација произлегува пред сè од опасноста за појава на тесни грла во проектирањето, опасност која дополнително е оптоварена и со различниот степен на развиеност на тековната инфраструктура во секоја од земјите.

2. ДОМИЦИЛНИ STAKEHOLDER-И

Потребно е да се направи типологија на сите домашни stakeholder-и (централна власт, локални власти, големи компании, помали фирми, консултантски куќи, сојузи, комори, здруженија, банки, специфични кадровски профили, групи на јавен притисок, население…) и да се артикулираат особено корисните и поддржувачките stakeholder-и на Коридорот 8. Најдобро би било доколку оваа активност за идентификација на домашните stakeholder-и се води преку матрица на stakeholder-и во која тие ќе бидат класифицирани како: корисни, поддржувачки, маргинални и неподдржувачки. На овој начин, точно би можеле да се разработат и применуваат адекватни стратегии спрема секоја група на stakeholder-и што ќе придонесе да се постигнат најкорисни ефекти. Без тенденција во оваа анализа поединечно да ги разгледуваме сите групи на stakeholder-и и стратегиите кои би требало да се применат кон секоја од нив поодделно, само како пример може да биде земена користа и профитот кој може да го инкасира македонската градежна оператива која влегува во групата на поддржувачки stakeholder-и.

ВО ОВОЈ КОНТЕКСТ, НЕМИНОВНО ПОД ЛУПА ЌЕ БИДЕ СТАВЕНА ДОМАШНА ЗАДАЧА НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЗА ИНФРАСТРУКТУРЕН РАЗВОЈ СО ВЕТЕНИТЕ, ПРЕДВИДЕНИ ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА НАРЕДНИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ ПРЕКУ:

– буџетски пари

– концесии

– странски фондови

Дополнително, низ временската димензија, ќе се утврди дали станува збор за ”набилдана” и амбициозна или реално остварлива идеја.

ТРАНСФОРМАЦИСКАТА УЛОГА НА КОРИДОРОТ 8

Коридорот 8 има силно изразен трансформациски капацитет кој најмногу се рефлектира врз поттикнувањето на локалниот економски развој, трансформирањето на локалните економии и создавање на економски конкуренти локалитети. Ова е компатибилно со современите светски тенденции за менаџирање со комплексни структури. Повеќе економски конкурентни локалитети во рамките на своите интерни капацитети создаваат предиспозиции за зајакната, одржлива и конкурентна национална економија.

ВСУШНОСТ, КОРИДОРОТ 8 ЌЕ БИДЕ СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА НА СТРАТЕГИСКА АРТЕРИЈА ЗА СТРАТЕГИСКА КОРИСТ И ДИНАМИЧЕН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ. СПОРЕД СВОЈАТА ФИЗИЧКА СТРУКТУРА, КОРИДОРОТ 8 Е СЕТ НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ДИМЕНЗИИ:

– патна инфраструктура;

– железничка инфраструктура;

– телекомуникациска инфраструктура;

– модернизација на аеродроми и пристаништа (зголемување на нивната пропустна моќ и опслужување);

– нафтовод АМБО (и покрај помпезните најави за негова реализација уште во 2006 година, истион сè уште стои во stand by со неизвесна иднина);

– останати потенцијални инвестиционо-инфраструктурни можности (гасификација, нуклеарни централи и обновливи извори на енергија).

Во контекст на гасификацијата фактот дека Република Македонија е заобиколена од НАБУКО е евидентен и актуелен проблем кој по нашата држава може и ќе има единствено негативни импликации од аспект на стеснување на делокругот на развојни можности. Иако Македонија историски, традиционално и тековно не е голем корисник на гас, сепак постојат неколку крупни проекти во најава (како на пример ГАМА за кој постои неколкугодишен спор околу нерасчистена сопственост помеѓу Владата и Макпетрол), но и проекти чија реализација во иднина е поврзана со стратегиската пристапност на нашата земја до гас. Имајќи ја предвид новата констелација на односи поврзана со промената на енергетската мапа на Европа, најверојатно ќе постојат импликации врз политичките и економските потези кои Владите и големите енергетски компании ќе ги влечат на пократок или подолг рок.

Позитивниот импакт од сите димензии на овој коридор е во тесна корелација и со квалитетот на живот. Ова значи дека одмрзнувањето на стагнантните процеси и динамизирањето на сите активности поврзани со реализацијата на Коридорот 8 реално ќе биде почувствувано од владите, компаниите и секако од жителите кои географски припаѓаат на целокупниот простор од коридорот. Се очекува да се создадат огромен број на директни работни места кои ќе бидат вклучени во реализацијата на работни задачи од најразличен тип. По овој основ најголем ангажман и побарувачка ќе има за градежните инженери и работници, електро и машинските инженери, архитектите, проектните менаџери, консултантските куќи и некои останати работни профили. Во никој случај не смее да се изгуби од предвид ниту позитивниот верижен ефект кој оди во пакет со започнување на инвестиции од ваков карактер, односно т.н. постинвестициски инвестиции. Се очекува дека ќе се создадат голем број индиректни работни места, до и дека ќе постои можност за отпочнување на голем број индиректни бизниси. Постои најава и интерес за реализација на голем број супконтракторски договори за ангажирање на македонските компании. Истото ова се однесува и на останатите земји кои се вклучени во проектот. Огромна размена на искуства и имплементирање на стратегиски know-how ќе се случува помеѓу земјите од регионот, но и помеѓу нив и САД и Европа. Во овој контекст, треба да се напомене и безбедносната стабилизација како и зајакнатата културна интеракција кои на регионот му нудат една посреќна и посигурна иднина.

ПОЛИТИЧКИ ИЛИ ЕКОНОМСКИ МОТИВИРАНА ИНВЕСТИЦИЈА?

Изминатите тринаесет години ја потврдуваат каузалната поврзаност помеѓу економските и политичките варијабли кои го детерминираат овој процес. Во овој контекст, особено интересно е сознанието за постоење еквивалент помеѓу мотивите за овој проект и факторите од кои зависи неговата реализација, што всушност кореспондира со, условно кажано, атипичните специфики и природа на ваков мултидимензионален проект. Тоа се различните бројни категории економски и политички детерминанти. Не може класично да се измери дали преовладуваат политичките или економските моменти, тие некако одат во пакет и имаат нераскинливо меѓусебно влијание.

Во контекст на политичката волја особено битно е влијанието и притисокот на лоби групите, вклучувајќи ги и САД и нивниот интерес за безбедносна, економска и политичка стабилност. Економските интереси и мотиви за инвестирање како и широкиот спектар на корисници на бенефитите главно беа објаснети во делот кај трансформациската улога на Коридорот 8. Во прилог на ова, особено е важна и има влијание конкуренцијата за фондови помеѓу десетте коридори, бидејќи кога станува збор за странските фондови сите црпат средства за реализација од речиси исти извори. Таа конкуренција за фондови понекогаш е јавна, а понекогаш и латентна. Тука економскиот момент се испреплетува со политичкиот најмногу од аспект на лобирањето и моќноста на стратешките партнери. Но аспектот на политичката мотивација најмногу се врзува со потребата за успешно интегрирање на регионот во европските текови, но и создавање на стратешки ”мост” на Европа со азискиот дел преку Црно Море. Сето ова е надополнето и со постигнување на одржлива стабилност вклучувајќи ја и безбедносната стабилност на овој регион, која во значителна мера е во фокусот на САД и на европските влади.

Коридорот 8 и неговиот ”пат” во време на светска економска криза или светската економска криза на ”патот” на Коридорот 8?

Иако операционализацијата на проект од ваков карактер кореспондира со практикување на макроекономски и генерално холистички пристап, vis-àvis светската економска криза со која се соочуваме, неопходно е овој пристап да се надополни и модификува со претприемнички приоди. Влијанието на светската економска криза реално ги миноризира можностите за отпочнување со реализација на инвестициските зафати во Коридорот 8. Евидентен е недостатокот од средства и фондови кои тековно се замрзнати, а своевремено на бројните донаторски конференции и со потпишување на низа меморандуми за соработка беа предвидувани за финансирање на коридорите. Се забележува дека расте скептицизмот и кај дел од оние инвеститори кои имаат расположливи средства, иако некои од нив традиционално се познати и како вложувачи во високо ризични инвестиции. Во прилог на недостатокот од средства се и генерално рестриктивните буџетски политики на владите, типични за услови на рецесија. Оттаму, може да се заклучи дека навистина постојат фактори кои светската економска криза ја испречуваат на ”патот” на Коридорот 8 и реално го лимитираат реализирањето на овој проект. Погледнато низ претпримничка призма, пречката претставува предизвик, а неприликата создава прилика. Историјатот на светските економски кризи упатува на сознанието дека во такви околности всушност јакнат иновациите и инвенциите како решенија, амортизери и можни излези. А ”патот” на Коридорот 8 отвора можност за широк спектар на иновативни и инвентивни инвестиции особено во делот на енергетската инфраструктура. Доколку во перспектива би се реализирале инвестиции од таков тип, тие неминовно би продуцирале повеќеслојна економска корист. Според тоа, расходите во македонскиот национален буџет би требало да бидат позиционирани во оваа насока наместо кон непродуктивни трошења кои немаат капацитет да создадат нови вредности. Но секако за тоа се потребни политичка волја, стратегиска визија и адекватен хеуристички дух.

ПРЕПОРАКИ

– суштинско враќање на Коридорот 8 на листата политички приоритети на Република Македонија;

– критично унапредување на инфраструктурната имперфектност во насока на реално подобрување на инвестициската клима;

– анимирање на сите релевантни чинители во насока на изнаоѓање на најдобри можни решенија за реализација на Коридорот 8;

– претворање на „комотната“ улога на неми набљудувачи во иницијатори и активни чинители во процесот. Енергичноста и иницијативноста на Република Македонија да се манифестира преку конкретни заложби за изнаоѓање на адекватни стратегиски партнери;

– унапредување на регионалната соработка за реализација на Коридорот 8 на ниво над веќе потпишаните меморандуми за соработка со соседните држави, преку синхронизирано и координирано донесување на корисни и апликативни решенија во секоја земја која се наоѓа на трасата на коридорот и преземање на „сопственоста“ врз процесот;

– класификација на заинтересираните страни и разработка на стратегија за нивно суштинско вклучување во реализацијата на проектот;

– крај на непродуктивните трошења, особено кога ќе се земе предвид дека истите се прават во време на светска економска криза.

Уште еден „упад” во име на граѓанското општество
За време на предизборието, во јавноста се појавија повеќе агенции за испитување на јавното мислење со резултати за изборното расположение кај граѓаните на Република Македонија. Како никогаш досега, неколку агенции се бореа за приматот околу тоа кој ќе биде подобар прогнозер и кој ќе биде поблизок до реалните изборни проценти. Овој феномен е за поздравување, затоа што изборните рејтинзи се составен дел од изборната јавност во повеќето демократски општества. Особено откако „јавноста“ се етаблира како интегрален и неопходен дел на современото општество. Овој чин на предизборна математика си има своја функција и причина не само за време на „карневалските денови“ туку и за време на доброто владеење помеѓу два изборни ци(р)к(л)уса. Во најголем дел, правилата за ова се одамна утврдени како „бетонски блокови“. Барем во демократските општества. Се знае кој може да се кандидира (повеќето од граѓаните), се знае начинот на кој се гласа (повеќето од граѓаните, но не секогаш), се знаат изборните правила (законски одредби), се знаат правилата за медиумско претставување (законски одредби) и се знае кој кога и што може да направи за време на изборниот период. Во спротивно следуваат санкции.

За време на предизборието, во јавноста се појавија повеќе агенции за испитување на јавното мислење со резултати за изборното расположение кај граѓаните на Република Македонија. Како никогаш досега, неколку агенции се бореа за приматот околу тоа кој ќе биде подобар прогнозер и кој ќе биде поблизок до реалните изборни проценти. Овој феномен е за поздравување, затоа што изборните рејтинзи се составен дел од изборната јавност во повеќето демократски општества. Особено откако „јавноста“ се етаблира како интегрален и неопходен дел на современото општество. Овој чин на предизборна математика си има своја функција и причина не само за време на „карневалските денови“ туку и за време на доброто владеење помеѓу два изборни ци(р)к(л)уса. Во најголем дел, правилата за ова се одамна утврдени како „бетонски блокови“. Барем во демократските општества. Се знае кој може да се кандидира (повеќето од граѓаните), се знае начинот на кој се гласа (повеќето од граѓаните, но не секогаш), се знаат изборните правила (законски одредби), се знаат правилата за медиумско претставување (законски одредби) и се знае кој кога и што може да направи за време на изборниот период. Во спротивно следуваат санкции.

Перцепциите, ставовите и мислењата на граѓаните се најчесто во цврста корелација со нивната моментна социо-економска положба, нивната идеолошка провениенција или некоја комбинација од двете. Граѓаните се „преслушуваат“ себе си за која опција ќе го дадат својот глас – за status quo (не-промени) или за промени. Тоа е најчесто главниот избор на скалата што почнува со моделот на еквилибриум, а завршува со конфликтните модели и политики. Составен дел на „играта“ се и емоциите на граѓаните и нивниот афективен однос кон кандидатите, било тие да се независни или, пак, претставници на политички партии. Спакувани аудио-визуелно и печатено, понудите влијаат врз изборот на граѓаните. Токму тука се отвора простор за „фактите“, за „објективноста“ и за „интерпретацијата“ на податоците добиени од „научните истражувања“ на агенциите кои се појавуваат со своите бројки и имаат, исто така, влијание врз изборното расположение. Не станува збор за апсолутен детерминизам, но пласираните податоци често знаат да го спинуваат расположението во полза на „помоќниот“ и „побогатиот“. На победникот му е сè дозволено. Освен ако не е забрането со закон или ако не го „фатат“ на дело. А како нешто ќе „контролирате“ со закон, ако не се знае што е тоа? Имено, постои голема разлика меѓу научна анализа, бизнис зделка или граѓанска иницијатива. Сите овие дејности се регулирани со различни закони и правила, поради различната природа на својата работа.

Постојат повеќе типови на организации коишто, генерално, се занимаваат со испитување на јавното мислење. Трите идеални типови на организации што го испитуваат јавното мислење се научните/универзитетските институции, приватните компании и невладините организации (меѓу нив, граѓански здруженија, тинк-тенкови, разни видови самодекларирани институти). Тоа е случај и кај нас. Сепак, постои разлика кога некој научен/универзитетски институт спроведува (теренско) истражување за одреден процес, во споредба со некоја приватна компанија која ја мери потрошувачката на пазарот или кога некоја невладина организација (институт, центар) излегува во јавноста со „истражувачки податоци“ за кои често не може да откриете кој ги финансира и која им е целта. Некои од овие организации се бават и со политички теми, како и со испитување на изборното јавно мислење. Ова е посебен вид на јавно мислење и има поголема тежина, затоа што изборните резултати во одредени земји може да го променат правецот на развојот во државата (кон подобро или кон полошо) или, дури, да го променат правецот на глобалната политика (како што е случај со, на пример, изборот за претседател на некоја голема и моќна држава). Која е разликата помеѓу овие типови на организации во контекст на јавно соопштените резултати од испитувањата на јавното мислење?

Научните/универзитетски институции како влог во кое било истражување ги ставаат своите професионални кариери, научните вредности и својот севкупен интегритет. Затоа кај нив мора сè да биде „под конец“: од солидноста и транспарентноста на финансиерот, преку составот на истражувачкиот тим, применетата методологија и техники, до фазите на истражување и валидноста на добиените резултати. Овие институции вршат истражувања на јавното мислење во секоја ситуација, па и за време на изборните кампањи, и нивната работа во суштина е следење на процесите во државата. Такво истражување, овој пат, не се појави во македонската јавност за време на предизборието, иако порано тоа беше честа практика.

Приватните компании и фирми што се бават со истражување на јавното мислење, исто така, влегуваат со голем влог во истражувањата, бидејќи од успешноста на сработеното им зависи нивниот опстанок како бизнис, но и се подложни на строги законски и инспекциски контроли. Тие, исто така, мора да внимаваат на „квалитетот“ на финансиерот (нарачателот), на издржаноста на својот истражувачки тим, применетата методологија и техниките и релевантноста на добиените податоци, пред сè, во однос на квалитетот на испорачаното.

Овие два типа на организации „не смеат“ да згрешат бидејќи тоа ќе ги чини „прескапо“. За жал, и вториот тип на организации се многу малку присутни во нашата јавност. Тие не подлегнуваат на принципот на транспарентност, освен во однос на клиентот. Инаку, тие се многу активни на пазарот. Додека науката/универзитетот може да „ризикува“ со објавените податоци (иако тоа го прават сè поретко), приватните фирми со објавувањето на некои податоци може засекогаш да изгубат 90% од своите клиенти и да ги снема од пазарот. Тие најчесто работат „од сенка“ и ретко излегуваат пред јавноста, со што се чини дека се намалува нивната „политичка“ одговорност за сработеното (на пример, Брима-Галуп). Треба да се знае дека првиот тип на организации директно зависат од владините фондови, кои во нашите услови се сè помали, па се принудени своите финансии за спроведување на истражување сè почесто да ги обезбедуваат од „лошите“ странци.

Третиот тип на организации се невладините организации (граѓански здруженија) кои имаат „многу малку“ да загубат доколку објават испитувања на јавното мислење за време на изборниот период. Токму од овој тип се организациите што во нашата јавност публикуваа резултати за време на овие претседателски и локални избори во Македонија (Центарот за истражување и креирање политики, ЦИКП – формиран 2004 г., Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – формиран 1999 г., и агенцијата Рејтинг, за која немаме подетални статусни податоци). Нивната политичка одговорност за објавеното е минимална во однос на првите два типа на организации. Во нивниот случај, најчесто, финансиерот на истражувањето јавно не се соопштува. Главно, станува збор за една иста екипа на луѓе кои „скокаат“ од тема на тема и од област во област (што може да се констатира со увид на нивните веб страници). Тие се експерти за сè. Во однос на методологијата, техниките на истражување и квалитетот на податоците не применуваат строга контрола, или „сами“ се контролираат. Крајната одговорност на овој тип на организации се сведува на соочување со нивните основачи на крајот на годината или, уште почесто, зависат само од „задоволството“ со сработеното од страна на нивните клиенти.

Постојат повеќе начини на „правдање“ пред јавноста на објавените истражувачки резултати и изборната „геометрија“. Меѓу најчестите се: дека во тој период такво беше расположението; дека во меѓувреме се промениле работите и се случиле некои други настани; дека маргиналната грешка е стандардна постапка; дека отстапувањето е дозволено; дека главниот тренд е точен, без разлика на значајната статистичка разлика; итн. Сепак, кога се работи за избори и изборни прогнози, ваквите објаснувања не се доволно добри за јавно правдање. Особено во Македонија. Замислете дека поминуваме низ избори за кои меѓународната јавност е многу заинтересирана сè да помине мирно како на „матура“. Иднината на Македонија, нели, зависи од резултатите на овие избори (како, впрочем, и на сите досегашни, благодарение на нашите политички „лидери“), а нашиве НВО-и се натпреваруваат во јавното „прогнозирање“. Ќе мора да се задоволат барем неколку критериуми за да се остане со некаков „интегритет“ по овие вежбовни активности. Прво, основно е (а, патем, и законски обврзувачки) кога се објавуваат резултатите да се каже кој го финансира истражувањето – од општа култура знаеме дека ако некој плаќа, музиката, обично, се свири по негови ноти. Второ, јасно да се каже кој го спроведува истражувањето: еден од трите типа на организации (без премногу повикување на научната методологија, бидејќи таа во овој „занает“ се подразбира). Трето, мора да се објасни технологијата на истражување и методскиот пристап на истражувачите: со кои инструменти и методски техники се работело и со каква прецизност се тие (теренските анкети се секогаш со поквалитетен истражувачки материјал отколку телефонските анкети, поради можните грешки во примерокот и степенот на доверба меѓу прашувачот и прашуваниот). Новинарите ќе мора да научат да прашуваат за овие „мали и неважни“ детали. Интересна комбинација се, на пример, анкетите за предизборното расположение во САД кои се најчесто спроведувани од приватни (професионални) агенции, ангажирани од страна на конкретен медиум кој ги финансира и редовно ги публикува резултатите од истражувањата, но со водење сметка за горенаведените критериуми. Тоа претставува добра комбинација на медиуми, бизнис и професионалност. Јавноста има право да знае, а релевантните податоци може да и’ помогнат дури и на Владата за да ги коригира своите политики и практики.

Но, зошто е сето ова важно? Врз што се темели оваа анализа за напливот од „податоци“ во изборниот период? Ќе се обидам преку неколку примери да покажам кои се можните девијации и последици, кога постојат или се отсутни некои од претходно наведените елементарни стандарди.

Во декември 2008 г. од Институтот за демократија во јавноста се пласираше извештај за извршено редовно тромесечно (телефонско) истражување на јавното мислење (со непознат финансиер – види нивен веб сајт). Едно од објавените прашања беше „Дали Македонија се движи во позитивна или во негативна насока?“. Одговорите беа дека: „државата се движи во позитивна насока“ со 52,2%, дека се движи „во негативна насока“ одговориле 28,1% од телефонски анкетираните и со „не знам“ одговориле 19,7%. На приближна иста големина на примерокот и во ист период, друга организација (Институтот за политички и интеркултурни студии – НВО) на истото прашање (но, со спроведена теренска анкета со 1.200 испитаници, со познат финансиер – Норвешката Амбасада, со познат истражувачки тим и јавно презентирани податоци) ги доби следниве резултати: државата се движи „во позитивна насока“ 29%, „во погрешна насока/стагнира“ 60% и со „не знам“ одговориле 11%. Резултатот, очигледно, е дијаметрално спротивен! Замислете сега овие податоци да се „употребат“ во една изборна кампања. Погодете кои податоци ќе ги користи Владата, а кои опозицијата. Народот се прашува, нели!

Нашата елаборација се однесува на тоа зошто е толкава разликата во одговорите, кога двете организации (институти) се повикуваат на користена „научна методологија“? Можни се два одговори. Прво, една (или двете) од организациите веројатно недоволно ја контролираат „технологијата“ на истражувањето и, веројатно, имаат грешки во репрезентативноста на примерокот. Посебно затоа што се работи за период кога во општеството се јавуваат многу незадоволни социјални групи, стечајци, отпуштања од работа, масовни протести и блокади, светска финансиска криза, неостварување на „преродбата“, внатрешни тензии, надворешни притисоци, итн. Сето тоа се доволно причини да се сомневаме во „позитивниот“ правец на движењето на Владата. Ако и под овие услови мнозинството од гласачите повторно и’ ја даваат својата доверба на владејачката коалиција (ВМРО-ДПМНЕ), тогаш веројатно причината за тоа би ја барале, пред сè, во немањето на подобра политичка опција или платформа на тековните претседателски и локални избори. Но, правецот во кој се движи државата во едно добро спроведено истражување „не смее“ да не се погоди. Второ, секако дека во секое истражување, како и во секој занает, постојат „мали тајни“, од типот: кои фактори влијаат врз јавното мислење во државата, а кои од нив се употребени и учествуваат во анкетата; недоволната прецизност на методските техники и (не)професионалноста во конструкцијата на прашалникот; како и можностите за злоупотреба на резултатите преку кои се врши директно влијание на јавната свест. Статистиката е често одлична „наука“ за секаква аргументација.

Следниот пример е од насловната страница на веб сајтот на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), кој во најавата на содржините ја пласира следнава сторија: „Иванов и Селмани влегуваат во втор круг на претседателската трка 2009!“. Ова се резултати од нивното истражување спроведено непосредно пред и по првата недела од кампањата за претседателски избори. Имајќи ги предвид првичните податоци од гласањето на 22 март – резултатот пласиран од ЦИКП целосно ја манипулира јавноста! Никакви оправдувања, од типот на веќе споменатите во текстот, не се доволно добри. Ова не само што не е точен резултат (Имер Селмани е трет, со 50.000 гласови помалку во однос на второпласираниот претседателски кандидат), туку Селмани сосема отпаѓа од изборната трка. Манипулацијата не е само во бројките, туку и во толкувањето на такви податоци што им одговараат на одредени политички сили и директно влијаат врз изборните резултати. Појавата на Имер Селмани е освежување на македонската политичка сцена. За него веројатно гласале и многу етнички не-Албанци. Етничките Македонци, иако во не така голем број, исто така, веројатно гласале за Селмани (процените се дека околу 40 илјади етнички Македонци гласале за него), затоа што тој во својата кампања звучеше политички зрело, зад него во промотивната кампања стоеше македонското знаме (за што ДУИ и ДПА, на пример, сè уште немаат политичка волја да го сторат тоа) и повикуваше на единство за државните интереси (во што СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не успеваат преку својата политичка презентација). Но, Селмани, во момент кога довербата меѓу Македонците и Албанците е на релативно ниско ниво, не може да биде каков и да е обединител на некоја политичка опција. Уште помалку е можно да се поверува дека „политиката“ би била дека сега „Македонците ќе треба да се зачленуваат во Нова демократија“ (изјава на вестите на ТВ А1 во текот на предизборниот прв круг на гласање). „Македонската пролет“, во случајов, малку ќе задоцни. Не е до формата, туку до квалитетот е. Кај македонскиот „кампус“ политичката понуда за некој драматичен пресврт или можно обединување, во овој момент, е многу, многу сиромашна.

Трета слика што треба да се елаборира е, секако, разликата во процентите од кандидат до кандидат, според агенциите кои веќе беа презентирани погоре. Најиндикативни се разликите помеѓу двајцата главни кандидати што влегуваат во вториот круг на избори. Да ги споредиме јавно објавените резултати за претседателските кандидати. Да направиме една мала математичка споредба. Да ги наведеме остварените, како и најдобрите и најлошите проценти за секој од претседателските кандидати пласирани од трите агенции, плус истражувањето на ИРИ (Брима-Галуп), притоа рангирајќи ги кандидатите според процентите:

Резултати од првиот круг

на 22 март

Најдобар

резултат

според

агенциите

Најлош резултат

според агенциите

Ѓорге Иванов

35.06%

30.5% (1)

23.1% (1)

Љубомир Фрчковски

20.45%

15.6% (4)

9.7% (2)

Имер Сељмани

14.99%

18.8% (2)

9% (3)

Љубе Бошковски

14.87%

17% (3)

4.4% (5)

Агрон Буџаку

7.51%

10.9% (5)

4.8% (4)

Нано Ружин

4.05%

5.6% (6)

1% (7)

Мируше Хоџа

3.09%

3% (7)

1.5% (6)

И сега се можни секакви споредби. Може да се забележат веројатни и неверојатни значајни статистички разлики. Споредбата е можеби употреблива, бидејќи сите агенции декларирале слични примероци, а анкетите на сите се спроведени телефонски. Значи, без интенција да манипулираме со одреден резултат, основната споредба на првиот круг на изборите (излезност и важечки гласови 56.44%) со прогнозите на агенциите споредбено со најдобриот и најлошиот резултат на кандидатите, ни дава сосема изместена слика за „фактите“ за кои сите декларативно се залагаат, од демократски „побуди“. Разликата помеѓу најдобриот и најлошиот резултат на кандидатите е: кај Ѓорге Иванов 7.4%, кај Љубомир Фрковски 5.9%, кај Имер Селмани 9.8%, кај Љубе Бошковски 12.6%, итн. За каква „маргинална грешка“ може овде да се говори, кога меѓу „замисленото“ и реалното, разликата е како помеѓу бог и шеширџија?! Ова е само мал пример за тоа што се сè купува, но и што се продава на нашиот мал медиумски и агенциски „пазар“.

Оттука, најважна особина на јавно презентираните податоци и истражувања е нивната валидност, т.е. дали истражувањето го мери тоа што го сакаме да го измериме – или се мери нешто сосема трето? Познат е примерот со една приватна компанија за испитување на јавното мислење во Македонија (темата беше евроатлантските интеграции) кога на исти прашања, во ист период, на иста големина на примерокот, за различни нарачатели, се добиени многу различни податоци! Ова значи дека валидноста на некои од истражувањата е мала, бидејќи не дава исти резултати во повторена постапка. Објаснување во јавноста за ова немаше. Продадено! Компанијата остана тивка и, веројатно, профитна. Независно од процедурите и обидите истражувачите и анкетарскиот тим професионално да си ја завршат работата и да не влијаат врз резултатите, само една, повторувам, само една грешка е доволна и веќе сите резултати можат да се доведат во прашање. Ако не е премногу неумесно, за оваа пригода би можела да се цитира една филмска реплика од холивудскиот хит „Бандите на Њујорк“: „Не е до гласачите, туку е до бројачите“!

Каде и кога најчесто се прават намерни или ненамерни грешки во истражувањата? Еве неколку примери со кои не се исцрпува листата на потенцијални грешки.

1) Располагањето со 30-40 анкетари на теренот е различна состојба од располагањето со 4-5 телефонисти. Во старт репрезентативноста на примерокот преку телефонските анкети е далеку помала. Со повеќе анкетари на теренот ја елиминирате субјективноста или непрофесионалноста на анкетарот, што лесно се проверува при контролата на анкетираните испитаници.

2) Влијанието на неконтролираниот развој на настаните врз резултатите во анкетата е секогаш нешто што мора да се има предвид. Се случува некој настан, или група на помали настани, драстично да ги промени соодносите и процентите во добиените одговори.

3) Анкетираните граѓани сè помалку сакаат да бидат прашувани за нешто што е далеку од нивните секојдневни проблеми. Мора да се земе предвид и ниската доверба граѓаните што им ја даваат пред сè на политичките партии во неколку истражувања на јавното мислење. Луѓето сè поретко сакаат јавно да ги соопштуваат своите политички ставови.

4) Давањето општествено прифатливи одговори (на пример: испитаниците се за мултикултурализам како општествено прифатлива вредност, ама не за соживот со етнички различните) исто така е феномен што се забележува во сè повеќе анкети. Голем дел од граѓаните сè повеќе одбиваат да одговараат „во живо“ на анкетите, особено во градовите и висококатниците, каде што најчесто не ја ни отвораат вратата. Се прашуваме какви ли одговори даваат на телефон и како се остварува довербата помеѓу анкетарот и испитаникот?

5) Каква било пристрасност во која било фаза на истражувањето може многу да влијае врз валидноста на резултатите. Поделбата на задачите на поголем број специјализирани соработници е добар знак за повисок квалитет на крајниот резултат.

6) Грешките во примерокот се една од најчестите и најголемите опасности. Иако сите тврдат дека имаат репрезентативен примерок, не кажуваат по кој метод на случајност дошле до конкретните испитаници. Притоа, тешко е истовремено да се контролираат многу независни варијабли. Во Македонија ова е полесно остварливо со етничката варијабла, но кај другите варијабли потешко се постигнува репрезентативност.

7) Покрај статистички значајните разлики кај податоците, понекогаш во реалноста тоа не мора да е така. Можеби постапките и процедурите не биле доволно прецизни и истражувачите не успеале да ги елиминираат грешките во текот на спроведувањето на истражувањето.

8) Која било комбинација од овие фактори се дополнителна главоболка за сите истражувачи, итн.

Важно прашање е зошто кај нас сè поретко се појавуваат првите два типа на организации со резултати од предизборието – универзитетските/научни институции и приватните компании? Ако за приватните фирми основен регулатор е пазарот, што е причината зошто во јавноста го нема првиот тип на организации во спроведени истражувања? Ова што го гледаме денес на „пазарот“ на истражувачи е збир на бизнис, забава и пропаганда. И многу други невидливи работи. Тешко е да се издвојат „фактите“ од понудените „вистини“.

Истражувањата се потребни, неопходни, за да дознаеме каква е нашата реалност. Но, не истражувања под кои било услови, па макар и да се пристојно платени!

Каков претседател ѝ треба на Македонија, а каков ќе добие?
Изборни нерегуларности и опасност од насилство на изборите, партиски претседател без никаков интегритет, разединувач а не обединувач, „самец” во претседателскиот кабинет без можност за здрава кохабитација…тоа е тажната слика на идниот македонски претседател.

Предизборната претседателска кампања веќе забрзано ја добива својата физиономија, но граѓаните (гласачите) сè уште не можат да насетат каков претседател ќе ја претставува Република Македонија во наредните пет години. Мартовската претседателска трка уште на почетокот ни укажа на неколку фундаментални противречности со кои, свесно или несвесно, ќе се соочи обичниот гласач во мигот кога ќе треба да го уфрли гласачкото ливче во кутијата.

Предизборната претседателска кампања веќе забрзано ја добива својата физиономија, но граѓаните (гласачите) сè уште не можат да насетат каков претседател ќе ја претставува Република Македонија во наредните пет години. Мартовската претседателска трка уште на почетокот ни укажа на неколку фундаментални противречности со кои, свесно или несвесно, ќе се соочи обичниот гласач во мигот кога ќе треба да го уфрли гласачкото ливче во кутијата.

Прво, и овие избори во Република Македонија се „едни од најважните“ во нашата кратка демократска историја. Тие се важни не затоа што изборот на вистинскиот или погрешниот претседател драматично ќе промени некои работи во државава, туку од една едноставна причина која европските демократии ја имаат заборавено уште пред многу десетлетија. Имено, Македонија мора да спроведе фер и демократски избори, без насилства пред и за време на изборите и без ниедна капка излеана крв. Колку и да изгледа апокалиптично сето ова, присуството на околу 300 странски набљудувачи, илјадници други помагачи и „олеснувачи“, и домашна јавност на штрек, срамно укажуваат дека Македонија е западната во длабока криза на политичката култура. Затоа првата противречност е токму таа: на земја кандидат за членство во ЕУ и со една нога влезена во НАТО, и се заканува сериозен предизвик дали ќе го положи „матурскиот испит“ кој толку јасно и експлицитно и го посочи чешкиот премиер Тополанек пред некој ден во Скопје. За волја на вистината, сенка врз регуларноста на претстојните избори веќе е фрлена со традиционалните фантомски или виртуелни гласачи во избирачкиот список. Сомнежот во валидноста на списокот, а со тоа и во декларираната регуларност на изборите, произлегува од бројката на македонски државјани со право на глас, која во моментов, претставува своевиден куриозитет искачувајќи се на неверојатен процент од 88 отсто од вкупното население на земјата.

Вториот предизборен апсурд се однесува на интегритетот на претседателските кандидати. Македонскиот гласач е постојано бомбардиран од партиските штабови дека токму нивниот претседателски кандидат е натпартиски, независен во одлуките и со силен сопствен интегритет докажан во изминативе години. Всушност, досегашнава предизборна кампања недвосмислено покажува дека скоро сите кандидати се „потопени“ во своите партиски агенди и го одразуваат само партискиот ракурс на гледање на нештата. Исклучок од ова е можеби само Љубе Бошковски, кој, не по своја волја, мораше да истрча како независен кандидат со претензии дека го претставува гласачкото тело на ВМРО- ДПМНЕ. Пра-гревот за ваквата предизборна „измама“ беше направен уште пред почетокот на кампањата и пред воопшто да се знаат претседателските кандидати. Без разлика на мотивите на едните или на другите, иницијативата Срѓан Керим да биде предложен за единствен натпартиски кандидат на двете најголеми партии беше експресно отфрлена од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, при што ДПМНЕ буквално во фото-финиш „од фиока“ го извади својот „натпартиски“ кандидат, Ѓорге Иванов. По ваквиот развој на настаните, никој во Македонија нема право да зборува за интегритетот на претседателските кандидати. Едноставно, македонскиот гласач е понижен и изманипулиран, а нивото на политичка култура во државава пеплосано.

Третиот парадокс се однесува на тезата околу обединувањето и кандидати- обединувачи. Оваа теза се надоврзува на претходната, во случајов „проширена и надградена“. Историјата на изборниот процес во Македонија и сите претходни избрани претседатели покажува дека престедателот не е институција која обединува, туку напротив, служи за дневно-политички подметнувања и меѓупартиски обвинувања, играјќи ја улогата на „тројански коњ“ во политиките на владеачката структура. За жал, овој парадокс добива и некрофилски димензии во нашето практицирање демократија, кадешто македонските партии научија да ги валоризираат квалитетите и успесите на претседателот само доколку се случат тешки потреси во државата, како што беше демонстрирано при загинувањето на претседателот Трајковски и атентатот врз претседателот Глигоров. Повторно, единствена жртва на оваа парадоксална партиска политика се граѓаните кои секојпат влегуваат во ваквата замка. Македонското општество покажа дека не може да се одважи да избере натпартиски кандидат бидејќи партиите се предоминантни и тие ја диктираат целата приказна во смисла на избор на кандидат, партиска инфраструктура и финансирање. Самиот изборен модел уште поконкретно ја потврдува оваа теза, бидејќи во услови на мнозински изборен систем во два круга на гласање практично станува невозможно да се изнедри кандидат кој би бил натпартиски и би претендирал на обединување. Четвртиот елемент кој ја покажува фрагилноста на македонската демократија е (не)можноста да спроведеме релативно коректна кохабитација помеѓу претседателот и владата. Кохабитацијата не е лесна работа, и секогаш е подложна на концепциски разлики помеѓу „кохабиторите“. Но македонскиот случај покажува дека позициите на претседателот однапред се цементираат и практично во текот на целиот мандат се води рововска битка околу важните и не толку важните прашања од интерес за државата. Во услови на неподнослива партиска поларизација во моментов, илузорно е да очекуваме дека државниот врв во наредниов период ќе заплива во мирни кохабитациски води.

Македонија денес е длабоко поделено општество по неколку клучни линии (антиквизација-словенизација, НАТО интеграцијата наспроти решавање на спорот со името, меѓуетничка поделба и длабока недоверба помеѓу етникумите). Ова општество не е и не може да биде обединето во ситуација кога политичките партии не успеаваат (не сакаат!) да се одважат да го стават натпартискиот државен интерес во прв план. Затоа, идниот претседател на Република Македонија, кој и да биде тој, ќе биде однапред оспорен претседател заради наводни или реални изборни нерегуларности, со длабоки партиски корени и/или партиски условувања, разединувач, а не обединител и човек кој од првиот ден кога ќе седне во дрвениот изрезбарен претседателски кабинет ќе се соочи со неможноста за кохабитација со премиерот и политиката на Владата.

Едно друго сценарио… Размотувањето на дводецениската претседателска клопка ќе биде голем залак, но напор кој заради севкупната демократска атмосфера во државата ќе мора да започне од една клучна појдовна претпоставка – идниот претседател ќе мора да смогне сили да излезе од сенката на партиските и другите интересни побарувања. Практикувањето на позицијата Претседател на Република Македонија во иднина треба да се изземе од досегашната тенденција на потпаѓање под влијание на квазиексперти, квазистратегии на квазианалитичари, конспиративни теории и тесногради недржавни интереси. Претседателот ќе мора да биде стожерот околу кој полека ќе почне да се гради политичката култура во Република Македонија за еднаш за секогаш да излеземе од замките во кои народот се повикува да не си „игра со својата судбина“ (барем кога станува збор за потенцијалните изборни нерегуларности) наместо одговорноста да се бара кај челниците на главните политички субјекти во државата и судството кое по дефиниција е најповикано да ги повикува на одговорност прекршителите на изборните правила на игра. Останувајќи во контекст на политичката култура, без разлика на тоа кој од понудените кандидати ќе биде избран за претседател на Република Македонија на 5 април, тој/таа ќе мора да изнајде модалитет за составување на разделеното и разјадено (граѓанско) ткиво во Република Македонија. Иако ниеден од кандидатите досега не покажува капацитет да се оттргне од партискиот дискурс (било тој да е про- или антивладин), со седнувањето во кабинетот на бул. 11 Октомври тој ќе мора стратешки да работи на помирување на различностите и надминувањето на партизираноста на граѓаните, бидејќи само на тој начин, слично на покојниот Трајковски, ќе може да се етаблира како претседател на сите. „Натпартизмот“ и обединувачкиот капацитет на кандидатите, оттаму, не можат да бидат декларативни концепти скроени во изборните штабови за да предизвикаат симпатии и одобрување кај широките народни маси, туку резултат на идното делување во претседателскиот кабинет. Само на тој начин ќе се наметне граѓанско единство изградено врз принципите на демократското општество во кое претседателот ќе биде само израз на суверенитетот на граѓанинот, наместо одраз на волјата на партиските колективитети. Граѓаните овојпат нема и не смеат да ги заборават ветувањата на претседателските кандидати за натпартијност и обединување, и затоа идниот претседател ќе мора уште од првиот ден на својот мандат темелно да се посвети на оваа државничка работа.