Форум редакција – ФОРУМ

Новите градоначалници очекуваат ревизорите да ги проверат јавните набавки на претходниците
Oваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Теофил Блажевски, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција”. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.

Пишува: Весна Коловска

Ставањето акцент во јавноста на гломазниот проект „Скопје 2014“, каде се констатирани бројни финансиски злоупотреби, го тргна светлото од обилното користење на системот за јавни набавки во општините, во функција на компании блиски до владејачката партија и луѓето на власт. Сомневањата за повеќегодишните злоупотреби на општинските буџети, засега се само во вид на кривични пријави и понекоја условна осуда. Изостануваат очекуваните, од јавноста факти и документи, за тоа како се трошеле граѓанските пари, но и за кои цели. Дали се следел граѓанскиот интерес или партиската програма, која обилува со нови плоштади, фонтани и споменици?

*Нефункционалната фонтана во Свети Николе

Долга јајцевидна фонтана составена од повеќе поврзани делови зафаќа значаен дел од најголемиот парк во центарот на Свети Николе. Малото гратче во Овчеполието ја има најголемата фонтана во Македонија.  Цели триесет метри е фонтаната во вид на око, со длабочина на базен од 1,60 метри. Градот до сега за овој проект потрошил 200.000 евра. Цевки и делови од инокс сведочат за намерата за организирани водоскоци, кои патникот намерник како нас, во тие први денови од мај, не може да ги види. Фонтаната не работи. Коритата што ја чинат композицијата на дното имаат жолтеникава, мочуришна вода, веројатно насобрана од последните дождови.  Фонтаната нема одвод, поради тоа, веднаш штом била пуштена во употреба пред Локалните избори во 2013 година, работела само дваесетина дена. Водата од фонтаната била исцрпена со цистерни, а сега комуналците од време на време имаат работна задача да ги чистата пластичните шишиња и друг отпад што постојано ги полнат коритата. Проектот на тогашниот градоначалник Роберт  Ѓеорѓиев од ВМРО ДПМНЕ го наследи неговиот сопартиец Зоран Тасев, кој го заврши мандатот, но не успеа да ја оспособи најголемата фонтана во државата. Во јавноста Тасев кажуваше дека во тек е судски спор со фирмата изведувач, „ Алкон проект“ од Скопје. Новиот градоначалник Сашо Велковски вели дека на скопската фирма и’ биле исплатени 200.000 евра за нефункционална фонтана и три бушотини, што никогаш не биле реализирани според баранато од  договорот. Новата локална власт подготвува документација за кривина пријава.

– Одговорност мора да има, бидејќи залудно се фрлени  200.000 евра, граѓански пари, што е преголем износ  за општина со 16.000 жители, изјави градоначалникот Велковски.

Што се однесува до фонтаната, која потоа ја доправи Јавно комуналното претпријатие „Комуналец“ , сега е бара начин таа да се стави  во функција, преку изградба на систем за циркулирање на водата.

Фонтаната не е единствениот „споменик“  кој сведочи за законски почитуваниот систем на јавни набавки, што на крај има уште еден објект кој никогаш не добил употребна дозвола. Набавката за изградба на Градската капела во 2013 година ја добила фирмата „АГП инженеринг“ од  Свети Николе, која дала најниска понуда. Првично е склучен договор во висина од 4 милиони и 200.000 денари, но потоа излегло дека парите не стигнуваат, па до 2017 година, општината склучила уште два анекси на договорот. До сега капелата чини 7 милиони и 300.000 денари, но пак не е целосно завршена и нема употребна дозвола.

Набавката на горива за училиштата, што се одвива преку јавни набавки е предмет на работа на истражните органи во македонските општини. Во СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе, вообичаено годишно се троши и набавува по 35 тони на нафта. Меѓутоа, во 2014 година било набавено 112 тони на нафта. Градоначалникот Велковски вели дека недостасуваат 42 тони, за кои е платено, но нема доказ дека е примено горивото. Полицијата веќе го истражувала случајот, а поднесена е и кривична пријава.

Јавните набавки во Општината Свети Николе не се исклучок од праксата на функционирање на системот, каде прв критериум е најефтината понуда, а договорите потоа се надградуваат со неколку анекси на договори, кои ја билдаат цената на услугата, стоката или работите. Начинот на дефинирањето на критериумите во набавката во старт го  даваат профилот на победникот, речиси редовно на штета на општинските буџети. Свети Николе го има примерот со јавната набавка за одржување на уличното осветлување, која со години ја добивала светиниколската фирма„ КД електроника“. Во набавката не било наведена спецификација за тоа каква опрема треба да има операторот, вклучувајќи ја и корпата, која е потребна за пристап до сијаличните места. Во договорот вреден два милиони денари годишно, Општината презема одговорност да наоѓа и да плаќа за опремата која е неопходна за одржување на уличното осветлување.

Во анализата на досегашниот начин на организирање на јавните набавки, новата локална власт констатира дека со годините паѓа интересот на операторите за учество во нив, но затоа пак се зголемуваат вредностите  на договорите. Во случајот со јавната набавка за одржување на уличното осветлување во годините наназад, понудата на „КД електроника“  понекогаш е единствена или има уште една како алиби, а вредноста на работите постојано расте.

Така, склучениот договор во 2014 година е во износ од 24.390 евра, во 2015 пораснал на 26.016 евра, а веќе во 2016 година изнесува 32.520 евра годишно. Оваа фирма редовно, секоја година победувала на аукциите за новогодишно украсување, за што годишно наплатувала меѓу 3.300 до 5.600 евра. Во 2015 година кога почнала соработката на „КД електроника“ со општината имало дури пет понуди, во 2016 паѓа на три, за во 2017, кога повторно победува овој оператор, паѓа на само две понуди.

Во  анализата на јавните набавки на локално ниво, Центарот за граѓански комуникации од Скопје е забележано дека „и натаму се намалува ниската конкуренција на локалните тендери, а во просек имало по 2,4 понудувачи. На дури 35% од тендерите имало една или ниту една понуда“  (Публикација: „Мониторинг на јавните набавки на локално ниво“, ЦГК, Скопје, 2017).

А што е со вистинските потреби на граѓаните во јавните набавки?

Меѓу првите фактури за плаќање на новиот градоначалник на Кочани, Николчо Илиев, биле двете од договорите од јавната набавка, кои пак била меѓу  последните потпишани  на неговиот претходник Ратко Димитровски, кој загуби на последните локални избори. На десет дена пред завршување на мандатот, Димитровски за половина милион денари од буџетот на општината Кочни набави полнач за електрични возила и еден електричен скутер за разнесување на општинската пошта. Електричниот полнач набавен за 4.902 евра од скопската фирма „Фибернет М-К“, е поставен пред општината. Скутерот, пак, е за општинскиот курир и чини 4012 евра. Набавката е од „ЕМГ ЕОЛ Квазар“ од Скопје. Куриозитетот во  набавката на електричниот полнач е што само четворица граѓани на Кочани имаат возила на електричен погон. Во цела Македонија, според статистиката на ЕВН, има 80 возила, од кои 47 се возат во Скопје. ЕВН неодамна постави 4 полначи на електрични возила во главниот град, а најави дека ќе има уште неколку во другите градови. Кочанчани не добија одговор зошто да се трошат 5.000 евра граѓански пари  за електричен полнач, кога вакви полначи ќе постаува ЕВН? Во образложението на набавката, Општината Кочани тогаш објави дека е „заради подобрување на квалитетот на граѓаните на локално ниво, со намалување на штетните гасови, намалување на урбаната бучава, заштита на почвата и водата, помали трошоци за одржување и пониска цена на погонското гориво, како и актуелниот развој на автомобилската индустрија.“(www.kocani.org.mk).

Од Општината изостана коментира околу целисходноста на овие набавки. Набавката е завршена и платена.

Државниот завод за ревизија во анализата на јавните набавки во ЕЛС (Единиците на локална самопуправа) заклучува дека во дефинирањето на јавните набавки општините треба да се водат од приритетите и потребите на граѓаните преку утврдени критериуми. Во анализата, ДЗР  пишува дека ниедна општина нема утврдено такви критериуми, што води кон ризик „од субјективност во одлучувањето и фаворизирање на одредени работи“. (Ефективност на единиците на локалната самоуправа во годишното планирање и реализација на годишниот план за јавни набавки 2017).

Фаворизирање на компании

Субјективност и фаворизирање, два клучни збора кога се во прашање јавните набавки на локално ниво. Десет фирми се носители на 30% од општинските тендери во 2016 година, а Општините и Градот Скопје во 2016 година потрошиле 8,7 милијарди денари, односно 142 милиони евра на јавни набавки, што е за околу 13% повеќе од претходната година. Ова го покажува од Базата на податоци за јавните набавки на општините во 2016 година на  Центарот за граѓански комуникации. Оваа база вклучува вкупно 3.973 договори склучени од општините со 1.255 фирми.

Кога власта ја презедоа новите градоначалници кон крајот на 2017 година, се соочија со две можности – или да плаќаат пенали со раскинување на договорите за јавни набавки или да го продолжат почнатото од нивните претходници. Речиси сите градоначалници со кои разговаравме, имаа ист одговор, дека очекуваат ревизорите да влезат во нивните општини и да го проверат работењето на нивните претходници, за кои се сомневаат дека во дел  од договорите се прекршени законите на сметка на фаворизирање на блиски фирми. Се обратиле до Државниот завод за ревизија да направи вонредна ревизија во нивната општиина, но речиси сите добиле ист одговор, дека државните ревизори работат по годишен план и не предвидува повеќе општини и јавни претпријатија од планираното. ДЗР од 2012 година до денес има направено ревизија во 21 општина и над десетина општински комунални претпријатија.  Затоа, во некои од општините и јавните претрпијатија влезе финансиска полиција на база на најдени сомнителни документи или други соменевања за неправилно работење.

Една третина од поништените постапки од мониторираниот примерок на локално ниво се поништени поради тоа што не била поднесена ниту една понуда“, стои во Анализата на јавните набавки на локално ниво на Ценарот за граѓански комуникации. Ваквите недоследности, сметаат од Центарот, ја отвора дилемата дали јавните набавки се спроведуваат само за да се запази формата, што ја наметнува потребата од воведување контролни механизми за спречување на злоупотреби и прекршувања во сите фази од јавните набавки.

Многу метли, малку метачи

Во ЈП „Исар“ од Штип се’ тргнало од една каса – прими, според која, тогашниот директор Ангел Бојаџиев од касата на претпријатието подигнал личен аванс од 120.000 денари. На два дена пред вториот круг од изборите, кога ВМРО ДПМНЕ ја загуби десетгодишната власт во Штип, Бојаџиев ги вратил парите во касата на претпријатието. Овој случај беше оценет како голем скандал во предизборието, а двата партиски ривали обилно го користеа.

Од тој момент па до денеска, против поранешниот директор Бојаџиев се подесени неколку кривични пријави, вклучувајќи ја и таа за со набавката на вкупно 7.000 обични црни метли од диво просо, со кои се метат улиците. Имено, претходното раководство на„ Исар“ од ВМРО ДПМНЕ, во април 2017 година по јавна набавка склучило договор со компанијата Џолев Компани од Штип,  за набавка на 7000 метли за износ од 413.000 денари, односно по 50 денари од парче.  Една година  подоцна,  новото раководство од СДСМ распишува нова јавна набавка за 8000 исти такви метли од диво  просо. Договорот го склучува со истиот оператор Џолев компани за 141.600 денари, само што овој пат, со оваа набавка, една метла чини 15 денари. Актуелнот директор Живко Тасев анализира дека претпријатието има 20 метачи, а според бројот на набавени метли во 2017 година, излегува дека секој метач имал по една нова метла за секој работен ден, дури и за викенд, бидејќи месечно во просек еден метач трошел 29 метли.

Во период од една година Исар набавува дури 15.000 метли за над 9.000 евра. Ако во април 2017 година биле набавени 7000 метли, зошто во март 2018 се купуваат нови 8000? Тасев вели дека морале да набават  метли, бидејќи немале. Од таа прва набавка во 2017 година, од метлите нема трага.

– Не постои книговодствена евиденција, ниту пак ги има внесено метлите во магацин, изјави в,д. Живко Тасев.

СВР Штип му поднесе кривична пријава на претходниот директор Ангел Бојаџиев и на операторот што ја доби набавката „Џолев компани“.

„Во периодот од  април до август минатата година првопријавениот А.Б, како директор на ЈП „Исар“ Штип, во два наврати во име и за сметка на јавното претпријатие, прифатил обврска за плаќање во износ од 413.000 денари со ДДВ кон правното лице ЈТД „Џолев Компани“- Штип, за претходно набавени 7.000 црни метли од диво просо, и покрај тоа што знаел дека истите стоки од наведениот добавувач воопшто не биле испорачани и примени во јавното претпријатие“, стои во пријавата на СВР Штип.

Финансиската полиција ја разгледува и документацијата за јавна набавка на возило – компактор, кое Исар го платило 3,5 милиони денари на битолската фирма „Еко клуб“, но според зборовите на Тасев, го добило неисправно и никогаш не било ставено во функција. Дополнително биле платени уште 1000 евра на фирмата „Коле транс инженеринг“ од Штип, за транспорт на возилото, иако во договорот од набавката во цената е предвиден и транспортот до Штип.

Македонските институции годишно трошат  по близу една милијарда евра од буџетот за јавни набавки од кои една третина отпаѓаат на услуги, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации.Изразено во процент, тоа е 12 проценти од БДП за јавни набавки.

Што се однесува до општините и Градот Скопје во 2016 година потрошиле 8,7 милијарди денари, односно 142 милиони евра на јавни набавки, што е за околу 13% повеќе од претходната година.

Во текот на 2016 година биле потрошени по 69 евра во просек по жител, што е за седум евра повеќе од 2015 година. Најмногу пари по глава на жител на тендери потрошила Општина Сопиште – 475 евра по жител. Следат општините Центар со 292 евра по жител и Демир Капија со 256 евра. Обемна квалитативна анализа би требало да покаже колку годишните планови за јавни набавки ги отсликуваат потребите на граѓаните, односно колку тендерите вистински ги решаваат комуналните и другите приоритети.

Кога не можат институциите, можат граѓаните

Извештајот на Државниот завод за ревизија за општината Прилеп го предизвика адвокатот Жарко Стеваноски на акција. Од 36 кривичните, кои до сега ги има поднесено против поранешниот градоначалник Марјан Ристески и негови соработници, Стеваноски пресметува дека за четири од нив се отворени предистражни постапки, а за 6 -7 се во работа на Јавното обвинителство. Кривични пријави поднел и за двајца јавни обвинители поради непостапување. За две кривични пријави што ги поднел, екс градоначалникот Ристески е осуден со условна осуда. Тој проценува дека во периодот од 2012-2017 од 7-9 милиони евра  граѓански пари се потрошени за проекти, од кои 4-5 милиони се злоупотребени. Според него, тоа е правено преку блиски компании и билдање на суми преку наместени јавни набавки, а  процентот на реализирани проекти не е според јавниот интерес на граѓаните. Парите се трошени на споменици, плоштади, а како пример го наведува тргањето на познатиот прилепски мермер од плоштадот и поставување на бекатон плочки.

Адвокатот Стеваноски, кој како учесник во Шарената револуција заработи прекршочна пријава за испишување графит на зградата на Општината Прилеп, сега е правен консултант на Општината.

– Каде е штитењето на интересот на граѓаните кога секога година преку јавна набавка се трошеле по 230.000 евра годишно за чистење на снег? Дури и во годините кога немаше снег, Општина Прилеп овие средства ги префрлаше на „Пела транс“, иако за тие пари можеше да се купат машини, за јавното претпријатие само да ги одржува улиците, изјави Стеваноски.

Државниот ревизор во ревизијата за Општина Прилеп за 2015 година оценува дека „количината на потрошените работни часови предвидени во понудата, која е составен дел на договорот за јавната набавка, не соодветствува со временската состојба со извршената работа. Извршената работа на машините е поглема од работните часови на ангажираните работници“ (Ревизорски извештај за Општина Прилеп, ДЗР).

МВР поднесе кривична пријава против Ристовски и уште пет други лица за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за местење на тендер вреден 1,2 милиони евра за зимско одржување на улиците.

„Ристески, во својство на градоначалник на општина Прилеп, на пријавеното правно лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 77.031.890 денари, средства од буџетот на општината. Градоначалникот создал услови „Пела транс“ да биде единствен понудувач и избрана фирма за најповолен понудувач на постапката за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територијата на општината Прилеп. Пријавената фирма не можела да учествува во постапките за јавни набавки поради неплатени обврски за даноци, се наведува во кривичната пријава.

Државните ревизори забележуваат на набавката на работите за скулптурата на Крали Марко, која е распишана за 4 милиони денари, но подоцна е платено двојно, односно вкупно 8 милиони и 091.000 денари. Дополнителните 4 милиони и 100.000 денари се обезбедни од буџетот на општинта, иако како што забележува ревизијата, нема донесено Програма за култура за 2015 година. Ревизорот констатира дека добивањето на средства што е повеќе од 100% од пропишаната вредност на набавката создава ризик дека понудената цена е поповолна од реалната ена на пазарот, поради што јавната набавка требало да се поништи. (Ревизорски извештај за Општина Прилеп, ДЗР).

Набавката е спроведена, натплатена, но му даде основа на „шарениот“ адвокат Стеваноски за нова кривична пријава против Марјан Ристески.

Од Општината Прилеп не сакаа да коментираат, бидејќи  „институциите се тие што треба да ги испитаат наодите“.

Граѓаните не се согласуваат со тоа за што општините ги трошат нивните пари

Само 5% од испитаниците во ланската анкета на Центарот за граѓански комуникации, одговориле дека трошењата за јавни набавки во нивната општина  целосно одговара на нивните  потреби, 56% воопшто не и 39% само делумно.

Дури 90% од испитаниците во анкета на рекле дека немаат доволно информации како се трошат нивните пари во општините, а 92% би сакале да имаат повеќе информации и на почетокот на годината да знаат што планира општината да троши за јавни набавки во текот на годината.

– Тука лежи главната поента, бидејќи се отвора простор за граѓаните повеќе да учествуват во распределбата на овие пари, затоа што до сега тоа беше опција ,а од први јануари станува задолжителна обврска објавувањето на годишните планови на јавните набавки на институциите, вклучувајќи ги и општините, јавните претпријатија и другите институции што се под нивна надлежност. Тука граѓаните ќе знаат што планира да се набави, за која сума и можат евентуално да интервенираат ако сметаат дека парите треба да се потрошат за некоја друга потреба, изјави Герман Филков од ЦГК.

Филков смета дека со објавувањето на планот, со потранспарентното објавување на договорите склучени јавни набавки, за што и колку е потрошено, расте не само информираноста и свесноста на граѓаните, но расте и притисокот врз самите општини и институции, што повеќе нивните трошења да одговараат на потребите на граѓаните.

Анеката била спроведена меѓу 400 испитаници од сите општини во државата.

Штитење на интересот на граѓаните

Институтот за економски анализи и истражувања Фајнанс тинк оди понатаму во заклучоците од своите истражувања, на линија на Државниот завод за ревизија. Истражувањето кое се однесува на буџетите и мониторингот на јавните набавки на општините Прилеп, Крушево и Кривогаштани покажало дека  се почитуваат законските прописи, но најчесто, процесот се спроведува „зад затворени врати“, без учество на локалните засегнати страни, заради: 1) нивната ниска свесност и слаб интерес да се вклучат во овој процес и 2) самостојното одлучување на локалните власти врз основа на нивните сопствени верувања, а не врз основа на реалните потреби на локалното население. И процесот на јавни набавки се спроведува согласно законските прописи, иако набљудуваните општини, со исклучок на општина Крушево, се значително нетранспарентни со оглед на тоа што нивните Годишни планови  за јавни набавки не се јавно достапни. Во иста насока, ниту граѓаните не се информирани  ниту заинтересирани да го следат процесот на јавни набавки за општински цели. Во препораките, Фајанс тинк сметаат дека треба да се зголеми знаењето и разбирањето на локалните граѓани за можноста за следење на јавните набавки преку достапниот електронски систем, преку нивно соодветно информирање. (Локални буџети и јавни набавки: Искуства од општините Прилеп, Крушево и Кривогаштани, Фајнанс тинк, 2018).

Во исчекување на работата на институциите, граѓаните очекуваат потврда на со години јавно изнесуваните наводни злоупотреби на претходната власт, со одговорот на прашањето, дали навистина се следеле граѓанските приоритети. Во една од општините, во отсуство на реакција од институциите, локалната власт тргнала во подготовка на документацијата преку ангажман на независна ревизија за изградбата на локалните улици и патишта. Работите преку јавна набавка редовно ги добивала фирма, која, според направената експертиза, на некои делови поставувала асфалт без задолжителниот тампон, на други дебелината на асфалтниот слој е меѓу 3 и 4 сантиметри наместо минималните 6-7, каде веќе никнла трева, додека на некои селски патишта е користен несоодетен материјал за тампон, па таму новоизградените  патишта се во распаѓање. Од општината засега соопштуваат дека документите ќе ги предадат на органите, а до тогаш не сакаат да излегуваат во јавност. Инаку, постапките на јавните набавки се спровдени законски, без забелешки, иако индикативно е дека на тендерите со години, секогаш победувала една иста фирма.

Ќе има ли одговорност?

Шест месеци по смената на локалната власт, се чини изостанува посочувањето на одговорноста и одговорните по искажаните бројни сомневања за сторен криминал на локално ниво. Од разговорите со градоначалниците останува впечатокот дека јавните набавки и трошењето на пари преку нив, е врел костен во нивните раце и од нивната покованост и амбициозност ќе зависи дали некој од претходниците ќе биде повикан на одговорност. Остануваат непотврдени тврдењата за натплатени договори, лажирани аукции, договорени бизниси со фирми блиски до власта, злоупотреби. Додека дел од поранешните градоначалници ја трошат својата апанажа, нивните наследници се обидуваат да ги фатат конците чекајќи ја помошта од институциите, кои пак се жалат на недостаток на кадар и време.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петдогишна иницијатива во вредност од 9,4 милиони долари кој се стреми да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење како и да се придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција вклучува 17 граѓански организации кои работат на поголема вклученост и влијание во борбата против корупцијата во Македонија.

Се одржа фокус група во Струга
На 05.06.2018 се одржа фокус група наменета за претставници на Југозападен регион во Хотел Београд – Струга. На фокус групата учествуваа претставници на граѓански здруженија, на општините Охрид и Струга, претставник од медиуми, образование и бизнис заедницата од Струга. Фокус групата се одржа како дел од активностите планирани за Југозападниот регион во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.

На фокус групата се дискутираа прашања и проблемите со кои граѓаните се соочуваат во општините во Југозападниот регион, и ги наведоа како главни проблеми потребата од поголем паркинг простор во Струга, дивата депонија, невработеноста, зголеменото иселување, додека бизнис заедницата се соочува со недостаток од соодветен кадар. Се истакна и потребата од посилна соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓаните во донесување на одлуки од јавен карактер. На фокус групата се дискутираа и веќе преземените иницијативи и колкава била нивната успешност. Но, учесниците сметаат дека вината делумно е и кај граѓаните кои е потребно погласно да ги искажуваат своите барања. Општините ги дискутираа нивните механизми за соработка со граѓаните, како  организирање на буџетски форуми каде граѓаните можат да земат учество во креирање на буџетите, но исто така и во креирање на програмите за локален-економски развој. Граѓанските организации ја истакнаа нивната улога во зајкнување на соработката со оштините.

Следна активност во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“ е обука наменета за претставници на Југозападен регион, која ќе се одржи на 29 јуни – 01 јули 2018 во Хотел Београд – Струга.

Повик за учество во обука
Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Југозападен плански регион на Република Македонија да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Југозападниот регион ги спроведуваме во соработка со здружението „Етнитети“ од Струга.

Главна цел на обуката е граѓаните да се информираат и поттикнат да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: соработка меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; транспарентност и отчетност на локалната самоуправа; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; добро владеење; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.

На овој повик можат да се пријават сите заинтерeсирани членови на граѓански организации од Југозападниот регион, претставници на локалните самоуправи во Југозападниот регион, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, и други засегнати заедници од Југозападниот регион кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.

Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.

Обуката ќе се одржи од 29 јуни – 01 јули во хотел „Београд“ – Струга.

Кандидатите е потребно да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторката на проектот Цветанка Михајловска: mihajlovska@forum-csrd.org.mk најдоцна до 19 јуни 2018 година (вторник).

Услови за пријавување:

Кандидатот да е од Југозападниот плански регион.

Да е на возраст од 18-40 години

Бидејќи бројот на учесници на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите кои ќе учествуваат на обуката. При селекцијата на кандидатите посебно внимание ќе се посвети на родовиот баланс и на вклучување на претставници на малцинствата и маргинализираните заедници.

Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик, со консекутивен превод на албански јазик, а презентери на обуката ќе бидат истакнати обучувачи.

Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од ФОРУМ ЦСИД.

Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници на обуката.

Повикот на македонски јазик можете да го преземете тука

Повикот на албански јазик можете да го преземете тука

Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“
Oваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Теофил Блажевски, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција”. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.

http://vistinomer.mk/netransparentnosta-i-koruptsijata-vo-sudstvoto-se-kako-brat-i-sestra/

Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“

Сомневањето на поврзаноста на транспаретноста на судските постапки со корупцијата е недискутабилна за нашите соговорници кои се дел од стручната јавност и експерти во своите области. Но она што е сигурно недвојбено е, сè додека нема транспарентност и јавност во судовите и правосудството генерално, Македонија не е држава што ги исполнува загарантираните универзални човекови права.

Пишува Теофил Блажевски

Судството во земјава има проблеми со аспектот на транспарентноста на судските постапки во сите негови фази, а не е исклучено дека зад тоа може да се крие и корупцијата во сите нејзини форми и облици. Ова е генералниот заклучок што го извлековме од нашите соговорници истражувајќи само еден, но многу значаен аспект од корпусот сегменти во судска постапка кои треба да обезбедат фер и правично судење за секого – универзални права на човекот.

Д-р Мирјана Лазарова Трајковска, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур, вели дека кога нема транспарентност, секогаш има простор за сомневање дека нешто е матно:

„Без поговор, транспарентноста е еден од елементите на правото на правично судење. Нетранспарентното, затскриено од очите на јавноста работење, секогаш остава место за сомневање дека нешто недозволено се случува, особено кога тоа е поврзано со очекувањата за правда и правично судење. Европскиот суд за човекови права низ судската пракса многу често повторува дека не е доволно правдата да биде изречена, таа треба да биде видлива и препознаена. Затоа транспарентноста во постапувањето на судовите е поврзана со целиот тек на постапката и особено со изрекувањето на пресудите и при тоа секоја правосилна пресуда мора да биде и објавена. И најдобро срочената пресуда ако не е донесена во транспарентна постапка и ако не е јавно објавена и со тоа обзнанета, води кон повреда на правото на правично и фер судење, но особено остава простор за сомневања од корупција“. (види разговор со Трајковска објавен подолу во рамка).

Слично мислење има и претседателката на Транспаренси интернешнл – Македонија, д-р Слаѓана Тасева:

Мислам дека прашањето е комплексно и може да се одговори на повеќе начини, но дека сепак може да се воспостави директна поврзаност помеѓу корупцијата и нетранспарентноста, односно исклучувањето на јавноста од судските постапки – вели Тасева која ова го врзува пред сè со недостатоците утврдени со нефункционирањето на АКМИ-системот за распределба на судските предмети:

Системот за електронска распределба на судските предмети кој требаше да обезбеди независно определување на судијата кој ќе суди по определен предмет, сосема затаи, односно беше злоупотребен до степен што предметите се распоредуваа кај судии кои однапред се предодредени за да донесат посакувана одлука… Анализата на 12 правосилни судски случаи која Транспаренси Интернешнел ја објави минатата недела, покажа дека судските постапки формално се водат во склад со Законот за кривичната постапка, овозможено е присуство на јавност, а на обвинетите им е овозможен пристап до бранител и до доказите. Она што најчесто се случува е судските одлуки да не бидат добро образложени, да не се земаат во предвид решителните факти или доказите предложени од одбраната, a сето тоа оправдано со слободното судиско уверување… Се носат необразложени пресуди, кои понатаму се потврдуваат во другите судски инстанци. Овде би можеле да воспоставиме по директна врска помеѓу корупцијата и работата на судството – вели Тасева, додавајќи дека проблем со јавноста и транспарентноста има и кај Јавното обвинителство (види разговор со Тасева објавен подолу во рамка).

Цветанов: Јавноста се исклучува со „класифицирани“ документи

Дека нетранспарентноста и исклучувањето на јавноста во една постапка имаат врска со корупција, нема никакво сомневање за Ване Цветанов, поранешен директор на Управата за спречување на перење пари (денес Управа за финансиско разузнавање), еден од раководителите на невладината организација што се занимава со истражување и презентирање на случаите на жртвите од правосудниот систем во Македонија Зелена Лупа, но и директен учесник во судска постапка во која е осуден како виновен:

Апсолутно да (нетранспарентноста и корупцијата се поврзани – н.з.). Па тоа цело време го зборувам…Како на директно засегната страна во судска постапка бев оштетен во делот на транспарентност во постапката, од причина што мојата презумција на невиност беше сериозно нарушена во медиумите со информациите дека сум извршил серија кривични дела, помеѓу кои и шпионажа, а судот не дозволи јавноста да ја слушне мојата одбрана. Јас лично барав и инсистирав да биде присутна јавноста за време на давањето на исказот за мојата одбрана, каде што дадов гаранција дека одбраната ми е подготвена десет дена пред денот на рочиштето и дека во одбраната нема никаква класифицирана информација или било каква друга причина за исклучување на јавноста, но обвинителката се изјасни за исклучување на јавноста, затоа што имала прашања од класифициран карактер…

И Цветанов како и Тасева, смета дека пресудите не се доволно образложени, а притоа се изрекуваат огромни казни, кои потоа по автоматизам се прифаќаат и од повисоките судови:

Во пракса, читањето на пресудите е прекратко, односно се остава многу мал дел на образложението на пресудите. Се  читаат генералиите на осудените, кривичните дела за кои се осудени, висината на изречените казни, и многу мал дел од описот на сторените елементи на кривичното дело… Многу малку време се посветува на опис на доказите кои го докажуваат битието на кривичното дело, што остава сомнеж за објективноста на постапката. Не се образложува ниту причината за висината на изречените казни. Се читаат како од шега пресуди по 8, 11, 14 години затвор, а судот не троши воопшто енергија за да ги образложи причините за толку високите казни, и во случаи каде што за првпат им се суди на обвинети и каде што истите казни би можеле да бидат, 1, 2 или 5 години затвор.

Она што е најзабележително е што во поголем дел во писмено изготвените пресуди не се наведени изведените докази и одлучувачките факти, тоа го толерираат повисоките судови и луѓето се наоѓаат во затвор. (види разговор со Цветанов подолу објавен во рамка).

Иако нема доволно докази за поврзаноста на корупцијата со нетранспарентноста на судските постапки, простор за недоверба и сомневање има, заклучува и адвокат Натали Петровска, извршна директорка на Коалицијата сите за правично судење, и раководител на проекти за мониторинг на судски постапки од областа на организираниот криминал и корупција:

Недоволната аргументираност и несоодветната образложеност на решенијата со кои се исклучува јавноста, како и нивно јавно необјавување, оставаат простор за сомневања и темна дамка на институциите за правилно постапување…неопходно е да се пристапи кон дополнително истражување на ова прашање, за што неопходен ќе биде и ангажманот на надлежните државни институции (види разговор со Петровска објавен подолу во рамка).

Јавноста се исклучува дури и за општи расправи

Веројатно за пошироката јавност терминот транспарентност на судска постапка е магловит термин. Сепак неговото значење е огромно. Многу корисна литература во таа насока е анализата  Транспарентост и отвореност: осовременување со судскиот систем во Македонија, издадена од Институтот за европски политики (ИЕП) и Хелсиншкиот комитет за човековите права во РМ (ХКЧП).

Транспарентноста е поширок поим околу сè што се случува во една судска постапка, многу значајна за странките во постапката – обвинителот и обвинетиот, а составен и голем дел од транспарентноста е јавноста. И тоа јавноста, во смисла на јавна судска постапка, но и од аспект на пошироката јавност – присутни медиуми кои со генералната јавност треба да ја искомуницираат судската постапка, а со тоа да придонесат со дополнителна гаранција дали еден судски процес бил фер и правичен или нешто не чинело, па од таму и се донела неправедна и погрешна или вистинска судска одлука.

Новинарот Васко Маглешов од Макфакс, кој се специјализира за следење на проблемите во правосудството и следење на високо профилираните случаи во судските постапки има доста забелешки на комуникацијата на судовите и судиите со новинарите, но и на исфрлање на новинари од судски постапки, дури и кога се од општ јавен интерес:

Тоа неодамна се случи во предметот на специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“. Во текот на главната расправа кога требаше да бидат изведени доказите од УБК, судијката Лидија Петровска по барање на СЈО и обвинетите службенички, ја исклучи јавноста, бидејќи информациите се класифицирани. Слично беше и во предметот „Шпион“. Освен во кривичниот суд, пред 2 години Уставниот суд ја исклучи јавноста, а се расправаше за измените на Законот за помилување – вели Маглешов. (види разговор со Васко Маглешов подолу во рамка).

Тој како пример ги наведува и процесите во кои е обвинет екс-премиерот Никола Груевски:

Кај нас судиите им забрануваат на снимателите да го снимаат судискиот совет, иако таква одредба не постои никаде, дури ни во судскиот деловник. Дополнително, со уредни дозволи од Врховниот суд, дел од судиите во Кривичен (Скопје 1), одлучуваат да не дозволат снимање на обвинетите, за случаи кои се од јавен интерес. Затоа долго време беше невозможно да се сними екс-премиерот Груевски како седи на обвинителна клупа.

Како позитивен пример од неодамна тој го истакнува судијата Иван Џолев, претседател на најголемиот кривичен суд во државата Основен суд Скопје 1, кој почнал да одржува редовни брифинзи со новинарите.

Проблемите се детектирани одамна, а ги видел и Прибе

Проблемите со транспарентноста во судските постапки во Македонија се одамна детектирани од сите страни – и од самото судство и од странките во постапката и од јавноста и невладиниот сектор, но и од оние што нè оценуваат дали сме за во ЕУ или стандардите ни се прениски. ЕК и врз основа на експертските извештаи на Рајнхард Прибе (првиот во 2015 и вториот во 2017), имаат забелешки на транспарентноста и фокусот, пред сè, го ставаат во Судскиот совет на РМ и на Врховниот суд.

Но, забелешки на транспарентноста имаат пред сè и претставниците на стручната јавност и многу невладини организации, кои со години ги набљудуваат судските процеси во земјата.

Меѓу последните претставени документи на оваа тема  беше Анализата на мониторингот на судските постапки од областа на организираниот криминал и корупцијата, на Коалицијата сите за правично судење. Во нејзе, во делот за јавноста на постапките се вели:

„Доколку се погледнат податоците од набљудуваните расправи, може да се забележи дека јавноста била исклучена од 8% од одржаните расправи. Иако ова претставува мал дел од вкупниот број на набљудувани предмети, сепак изминативе 3 години статистиката бележи пораст на бројот на расправи на кои била исклучена јавноста“.

Во Анализата се објаснува дека порастот се должи на зголемен број постапки каде се испрашуваат загрозени сведоци или каде што материјалите презентирани во судот подлежат на одреден степен на тајност, но се нагласува и дека „законодавецот предвидел низа други мерки (член 228 до 232 од ЗКП), за заштита на сведоците, како што се прикривањето на идентитетот, испитување преку видео врска со заматен лик и сл., а сé со цел да се овозможи исклучувањето на јавноста да биде извршено само по исклучок, во најнеопходните случаи.“

Но, доколку овој индикатор на зголемување на исклучената јавност некако и може да се објасни, никако не може да се разбере влошување на еден друг индикатор за транспарентноста – необјавување информации за судски предмети и јавно неистакнување на времето и местото на судењата кои е потребно да бидат јавно објавени на таблата надвор од судницата.

„Доколку се погледнат податоците од изминатите три години забележително е наглото назадување во поглед на транспарентноста оваа 2017 година, каде за прв пат бројот на расправи каде не било јавно објавено времето и местото на одржување е поголем од бројот на расправи каде времето и местото на одржување на расправите било јавно објавено“ – се наведува во Анализата, во која има и конкретна препорака:

Препорака: Подобрување на степенот на јавноста и транспарентноста на судовите преку јавно објавување на времето и местото на судските расправи, како во рамките на веб страната на судовите, така и во самите судските згради.

Необјавување на пресуди – праксата подобрена, но сè уште лоша

Во Вториот мониторинг извештај од проектот Реформи во судството спроведуван од три невладини организации (ИЕП, Институт за човекови права и Здружението на млади правници), се наведува и проблемот со необјавувањето на судските одлуки. Еве што забележале за периодот октомври – декември 2017 г.:

„Сите судски одлуки треба да се објавуваат на судскиот портал, меѓутоа се поставува дилема колку од нив се објавуваат, односно колку редовно се врши тоа. Според податоците од октомври – декември 2017 година, Управниот суд има најголем број објавени одлуки, Основниот суд во Неготино, суд со основна надлежност, нема објавени одлуки, додека Основниот суд Скопје 1, кој е суд со основна и проширена надлежност, има објавено само 18 одлуки, што е нереално, со оглед дека станува збор за еден од најголемите судови во државава. Основниот суд Скопје II, суд со основна и проширена надлежност, има објавено само 193 одлуки. За разлика од ажурноста на објавување на судските одлуки, ССРМ, како ефикасни и ажурни судови ги има оценето Управниот суд и Основниот суд Скопје I, додека како неефикасни и неажурни Основниот суд Скопје II и Основниот суд во Неготино. На судскиот портал објавени се аноминимизирани и неанонимизирани одлуки, без информација дали се правосилни“.

Васко Маглешов има поцелосни податоци за судскиот портал, за цела година за некои од судовите:

На веб-страницата на кривичниот суд во Скопје, како најголем суд во државата, лани, за целата година се објавени вкупно 325 пресуди. За споредба, на веб-страницата на судот во Струмица за истиот период се објавени 1887 пресуди, а судот во Кочани објавил 973. Ова симболично укажува на фактот дека судот е бавен и дека транспарентноста е заглавена. Необјавувањето на спогодбите кои станале пресуди е посебна приказна. Од судиите, пак, на веб-страницата има само име и презиме, информација за материјата по која постапуваат и датум кога се избрани. Веројатно повеќе податоци може да се најдат за агенти на УБК.

Необјавувањето на судските пресуди на порталот или нивно објавување со задоцнување (а тие се објавуваат по закон откако се донесени и им се предадени на странките во постапката), им создава проблем и на адвокатите и на нивните странки. Во Првиот мониторинг извештај од Проектот Реформи во судството е наведено дека истражувачите спровеле анкета по електронски пат со 1700 адвокати, при што добиле фрапантни податоци:

„Според 55% од испитаниците, судовите ретко или никогаш не ги објавуваат судските одлуки во законските рокови“ (се мисли на изрекувањето на одлуката). Уште полоша е состојбата со писмената изработка на одлуките. „Дури 60% од адвокатите одговориле дека одлуките ретко или никогаш не се изработуваат во законските рокови“.

Според истото истражување „дури 47% од адвокатите одговориле дека нивните странки изразуваат некакви сомнежи во однос на причината за доцнењето. Исто така, 31.7% од адвокатите одговориле дека странките бараат од нив да ургираат за побрзо донесување на одлуката“.

Една од нашите соговорнички ја запрашавме дали може да издвои позитивен пример којшто би требало да го следиме од Европа или од светот во однос на транспарентноста кон општата или стручната јавност во однос на судските постапки. Натали Петровска без дилеми го посочи американскиот модел со електронскиот пристап до судските документи (списи) и податоци, е- платформата PACER:

Оваа веб платформа која е функционална во САД, во овој момент е можеби и најоптималното софтверско решение кое би можело да се земе во предвид и кај нас, бидејќи на истата, на пример, се складираат и чуваат сите судски документи (скенирани во својот оригинален примерок) и податоци, до кои секој граѓанин има слободен пристап за симболичен паричен надомест, па оттука истата е и самоодржлива – вели Петровска.

Ако американската платформа ја споредиме со нашиот судски портал (www.sud.mk), може да се забележи разлика „од земјата до месечината“, фигуративно кажано. Не функционираат многу линкови, не може да пребарувате функционално и едноставно, итн, едноставно како информациите намерно да се сокриваат.

Судовите и медиумите – (не)пожелна некомуникација

Правосудството генерално, особено судството има многу мала доверба во јавноста и често во истражувањата за перцепциите на корупција се наоѓа на врвовите на листите на институциите. Овој впечаток особено се засили во последните три години кога започна објавувањето на прислушуваните разговори од страна на опозицијата, па формирањето на Специјалното јавно обвинителство и постапките што ги покренуваше и се уште ги води пред судовите. Сето ова произлегува пред сè од искуството на граѓаните со правосудните органи, но елемент што кумува е пожелната или можеби за третата власт „пожелната некомуникација“ со јавноста, пред сè преку медиумите. Колку пати во јавноста може да се слушне онаа грда сентенца – судската одлука не смее да се коментира или другата – одлуката е донесена врз основа на слободно судско уверување или третата – не смееме да даваме никакви информации бидејќи предметот е во таа и таа фаза…Примери има бројни.

Д-р Тасева од Транспаренси Интернешнл Македонија го кажува сосема спротивното:

Обврската за објавување на судските пресуди е воведена заради транспарентноста на судските одлуки, но и за да се даде можност на стручната јавност да коментира за начинот на кој се напишани пресудите, а особено за нивната заснованост на решителни факти и издржаност и за подобрување на судската практика.

Начинот на работа на СЈО со јавноста од самиот почеток па до денес, со мали исклучоци, практично покажа каква треба да биде вистинската комуникација со јавноста. Судовите (и обвинителствата), се затскриваат во однос на таквата комуникација со немање време, со ненаоѓање потреба, со измислени божем законски бариери, некогаш додуша и во коализија едни со други, со немање капацитети. Ретки се судовите кои имаат функционални портпароли, ретки се судовите кои редовно објавуваат известувања до јавноста, иако таа пракса полека почнува да се менува:

„Основните судови Скопје I и Скопје II, Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд редовно објавуваат соопштенија за јавноста, што укажува на транспарентното работење на овие судови. Во текот на извештајниот период известувања до јавноста имаат и Вишиот управен суд, Управниот суд, Апелациониот суд Битола, Апелациониот суд Штип, како и основните судови во Велес, Кавадарци, Битола, Ресен, Прилеп, Струга, Берово, Делчево, Струмица, Виница. Она што е карактеристично е дека различни судови даваат различни информации како соопштение до јавноста“ – забележале набљудувачите за периодот од последните три месеци од 2017 година

Оваа материја – комуникација на судовите со медиумите и новинарите е регулирана со Европската конвенција за пристап до јавни документи. Како што било забележано на стручна расправа „Унапредување на транспарентноста во судството во РМ“ што се одржа на 25 април 2017,  Република Македонија иако уште во 2009 година ја потпишала оваа конвенција, сè уште ја нема ратификувано.

„Препораките во Конвенцијата ја нагласуваат важноста медиумите слободно да известуваат и коментираат за кривично – правниот систем, почитувајќи ја презумпција на невиност, судските и полициските органи да им даваат точни информации на медиумите без нивна дискриминација, да им се обезбедат седишта на новинарите во судниците, снимањето во судница да биде согласно закон и  со дозвола на релевантните судски органи почитувајќи ги правата на сите присутни, новинарите да имаат право на копија од јавно изречените пресуди и др“ – се забележува во стручната публикација Транспарентност и отвореност: осовременување на судскиот систем во Македонија.

И пред оваа Конвенција Советот на Европа го расправал ова прашање. Советот на Министри на Советот на Европа оваа материја ја разгледувале во 2003 година, при што донел препораки за земјите членки, меѓу кои е и Република Македонија:

Отвореноста на судовите, изразена преку јавните судски расправи и јавно изрекување на одлуките е важен дел на правото на фер судење. Транспарентните постапки, меѓу другото, се и начин за одреден вид на контрола врз судството.

Многу често судските власти во поглед на нетранспаретноста оправдувањето во јавноста го пласираат со мали судски буџети, со недоволен кадровски потенцијал или со немање доволно големи и технички опремени сали,  а во однос на навременоста на објавувањето на пресудите или за непоставувањето на судскиот портал и нефункционирањето на линковите, оправдувањата оделе до таму дека, фигуративно, „нема доволно хардвер“… Меѓутоа, ниту еден од овие аргументи ама баш ништо не им значи на странките во постапките, ниту пак на граѓаните на Република Македонија кои сакаат да видат целосно функционална трета власт во која ќе имаат доверба. Нашите соговорници се сигурни дека најголемата причина е немање доволно политичка волја.

Натали Петровска која како адвокат е и директен учесник во судски постапки, вели дека странките не смеат да имаат разбирање, затоа што вината е на друга страна:

Недостигот на простор и опрема директно влијае на јавноста, транспарентноста и на правото на фер и правично судење, па оттука странките не би требало да имаат разбирање во ситуација кога им е загрозено ова право, кое е загарантирано со Уставот на РМ, процесните закони и Европската конвенција за човекови права. Од погоре изнесеното, неопходно преостанува да се изведе заклучокот дека станува збор за недостиг на свесност за големината на проблемот, како и недостиг на волја и менаџерски способности на надлежните институции.

И д-р Мирјана Лазарова Трајковска е децидна дека државата е должна транспарентноста да ja претвори од форма во суштина:

Неспорно е дека државата мора да обезбеди услови во судниците за транспарентно работење и тоа зависи и од правилно менаџирање на одговорните лица во судовите, но и од волјата да се приближи правдата до јавноста, до граѓаните. Правото на правично судење не смее да биде теоретско и замислено, туку практично остварливо и ефективно... Тоа значи дека транспарентноста во работењето на судовите не е само процедурална обврска која зависи од имање или немање волја на судиите или од политичката волја, туку таа е законска и конвенциска обврска и содржана е во сите аспекти на правото на правично и фер и судење. Видливоста и важноста правдата да биде препознаена и спознаена, не остава простор за правдања поврзани со технички и просторни услови – вели д-р Мирјана Трајковска.

Не е одвишно на крај да се повторат две работи:

a) Немањето транспарентност може да укажува на корупција – сомневање и тврдење што го искажаа сите наши соговорници.

б) Функционалната транспарентност во судските постапки и генерално во правосудството е обврска на Република Македонија произлезена и од Уставот и од неколку закони, но и обврска од потпишаните ратификувани и нератификувани конвенции, а секако и услов што мора да се исполни од Поглавјето 23 од претпристапните преговори со Европската унија, доколку политичките елити што ја водат земјата сакаат таа да стане членка на ЕУ. За желбата и мислењето на граѓаните нема никакво сомневање.

РАМКА1:

Разговор со д-р Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешнл Македонија:

Нетранспарентноста и необразложените судски пресуди се линкуваат со корупција

– Дали можеме да изведеме линк – макар и индиректен, помеѓу корупцијата и нетранспарентноста и нејавноста на судските постапки, што е загарантирано човеково право и со нашиот устав и закони и со член 6 од ЕКЧП?

Тасева: Мислам дека прашањето е комплексно и може да се одговори на повеќе начини, но дека сепак може да се воспостави директна поврзаност помеѓу корупцијата и нетранспарентноста односно исклучувањето на јавноста од судските постапки. Системот за електронска распределба на судските предмети кој требаше да обезбеди независно определување на судијата кој ќе суди по определен предмет, сосема затаи односно беше злоупотребен до степен што предметите се распоредуваа кај судии кои однапред се предодредени за да донесат посакувана одлука. Ваквата распределба на предметите не се објавува јавно, и тука недостасува транспарентноста и тоа се прави намерно за да се избегне интересот на јавноста.

Кога ова е направено, постапката може да се одвива јавно и транспарентно. Анализата на 12 правосилни судски случаи која Транспаренси Интернешнл ја објави неодамна покажа дека судските постапки формално се водат во склад со Законот за кривичната постапка, овозможено е присуство на јавност, а на обвинетите им е овозможен пристап до бранител и до доказите. Она што најчесто се случува е судските одлуки да не бидат добро образложени, да не се земаат во предвид решителните факти или доказите предложени од одбраната, а сето тоа оправдано со слободното судиско уверување. Јавноста на судските процеси како и обврската за јавно објавување на пресудите не влијае на нивниот квалитет до степен што судиите не се трудат да донесат образложени пресуди во кои пресудата и изречената казна ќе бидат поткрепени со образложение на решителните факти за секој дел од одлуката поединечно. Напротив, се носат необразложени пресуди, кои понатаму се потврдуваат во другите судски инстанци. Овде би можеле да воспоставиме по директна врска помеѓу корупцијата и работата на судството.

Проблемот со нетранспарентноста на постапките постои и во Јавното обвинителство, кое иако има јасни рокови за постапување и обврска да ја информира јавноста за текот на постапките, најчесто не постапува во дадените рокови, а информирањето на јавноста е целосно оневозможено со новиот правилник за комуникација со јавноста кој подразбира првин да се добие одобрение од раководителот на определено обвинителство.

– Судскиот систем на РМ има проблем и со навремено објавување на судските одлуки, особено во делот на целосни судски одлуки со образложенијата, но и со нивниот увид за пошироката јавност преку единствениот портал суд.мк. Што ова значи од аспект на транспарентност на судска постапка, на јавноста и на можниот линк со корупцијата? Што во суштина значи и за странките во постапката?

Тасева: Судиите немаат пракса навремено да ги подготват и да ги објават пресудите, а уште помалку тие можат навреме да се најдат во електронската база на судски одлуки. Ова целосно го оневозможува увидот во работата на судовите и било каква анализа на судските одлуки од страна на стручната јавност. Обврската за објавување на судските пресуди е воведена заради транспарентноста на судските одлуки, но и за да се даде можност на стручната јавност да коментира за начинот на кој се напишани пресудите, а особено за нивната заснованост на решителни факти и издржаност и за подобрување на судската практика.

РАМКА2:

Разговор со Мирјана Лазарова Трајковска, поранешна судијка на ЕСЧП во Стразбур:

Нетранспарентната судска постапка остава сомнеж за корупција

– Дел од Итните реформски приоритети на ЕУ за МКД од 2015 година е и транспарентноста на судските постапки и поголемо вклучување на јавноста (стр.2).  Доколку се погледне Мониторингот и анализата на Коалицијата сите за правично судење (стр. 35 и 36), доколку се погледнат мониторинзите на други невладини организации, произлегува дека состојбата е влошена во поглед на транспарентноста и правичноста. Колку прашањето на транспарентност и јавност може да се поврзе со евентуална корупција или пак засегнати се само фер и правичното судење, што е базично право на човекот?

Лазарова Трајковска: Без поговор, транспарентноста е еден од елементите на правото на правично судење. Нетранспарентното, затскриено од очите на јавноста работење, секогаш остава место за сомневање дека нешто недозволено се случува особено кога тоа е поврзано со очекувањата за правда и правично судење. Европскиот суд за човекови права низ судската пракса многу често повторува дека не е доволно правдата да биде изречена, таа треба да биде видлива и препознаена. Затоа транспарентноста во постапувањето на судовите е поврзана со целиот тек на постапката и особено со изрекувањето на пресудите и при тоа секоја правосилна пресуда мора да биде и објавена. И најдобро срочената пресуда ако не е донесена во транспарентна постапка и ако не е јавно објавена и со тоа обзнанета води кон повреда на правото на правично и фер судење, но особено остава простор за сомневања од корупција.

– Дали во судската пракса на Стразбур се носени одлуки во корист на странките против државата поради нетранспарентност и исклучена јавност од судските постапки?

Лазарова Трајковска: Праксата на Судот во Стразбур многу пати утврдила повреда на правото на правично судење токму поради нетранспарентност во текот на постапката. И во повеќе предмети за Република Македонија, нетранспарентноста на националните судови довела до повреда на правото на правично судење од различни причини. Така на пример, во предметот на Настеска против Република Македонија, бидејќи жалителката не присуствувала на нејавната седница пред Апелациониот суд,  Судот во Стразбур сметал дека, дури иако на јавниот обвинител не би му била дадена дозвола да коментира, неговото присуство во отсуство на жалителката довело до повреда на правичното судење во врска со принципот на еднаквост на оружјата. Во друг предмет, Селмани и останатите против Република Македонија, Судот во Стразбур утврди повреда на правото на правично судење бидејки Уставниот суд во нивниот случај одлучил без да одржи усна расправа, иако жалителите во принцип, според Деловникот на Уставниот суд, имале право на усна расправа. Овој суд укажал дека спроведувањето на правдата подобро ќе служело ако жалителите имале можност да го објаснат своето лично искуство на јавна расправа. За Судот во Стразбур одржувањето на усна јавна расправа има поголема тежина од аргументите за експедитивност и ефикасност на кои се потпирале властите во своите наводи.

– Во низа јавни расправи каде што учествувале судии или обвинители како еден од главните проблеми со транспарентноста се наведуваат (за нив „објективни“) околности (немање простор, немање луѓе, немање хардвер, итн). Колку ова може да е разбирливо за една странка во постапка или за квалификуваната и за општата јавност, кога станува збор за почитување на правата на човекот или пак, вистинскиот проблем лежи во немање волја и кај оние што се одговорни лица и тела во судството, но и немање политичка волја?

Лазарова Трајковска: Неспорно е дека државата мора да обезбеди услови во судниците за транспарентно работење и тоа зависи и од правилно менаџирање на одговорните лица во судовите, но и од волјата да се приближи правдата до јавноста, до граѓаните. Правото на правично судење не смее да биде теоретско и замислено, туку практично остварливо и ефективно. Во постапките пред судовите во прв степен, правото на „јавна расправа” го повлекува правото на „усна расправа“, освен во случаите каде постојат исклучителни околности кои го оправдуваат неодржувањето на таква расправа и тие се стриктно законски утврдени. Покрај транспарентноста во практикувањето на правото во текот на процедуралните дејствија, принципот на правично судење налага и право на образложени судски одлуки од кои ќе биде јасно на кои причини пресудата почива. Тоа значи дека транспарентноста во работењето на судовите не е само процедурална обврска која зависи од имање или немање волја на судиите или од политичката волја, туку таа е законска и конвенциска обврска и содржана е во сите аспекти на правото на правично и фер судење. Видливоста и важноста правдата да биде препознаена и спознаена, не остава простор за правдања поврзани со технички и просторни услови.

РАМКА 3:

Натали Петровска, извршен директор на Коалиција за правично судење

Довербата на јавноста во правосудството е едвај 10 отсто.

– Доколку се погледнат податоци од Вашиот мониторинг и податоците од мониторингот еден и два од други невладини организации – дали може со сигурност да се констатира дека една од препораките за транспарентна судска постапка и за вклучување на јавноста  што е наведено и во Итните реформски приоритети на ЕУ за МКД од 2015 година, не само што не се исполнува туку состојбата е и влошена?

Петровска: Во списокот на Итните реформски приоритети кои беа посочени уште во 2015г. од страна на ЕК, а чија цел беше справување со затекнатите системски слабости во повеќе области, помеѓу кои и владеење на правото, покрај останатите слабости во правосудството, потенциран беше и проблемот со јавното објавување на сите судски пресуди во рокови определени со закон, но и нивна достапност до граѓаните, преку овозможување на систем за полесен пристап. Факт е дека и покрај дадената препорака и приоритетност на оваа проблематика, околностите за оваа состојба не се променети.

Нетранспарентното постапување на судот во одредени ситуации кое е детектирано од наша страна (врз основа на кое не би можеле да генерализираме поврзувајќи се со степенот на апсолутна нетранспарентност) секогаш остава простор и сомнеж за лоша оценка на неговото работење, но и за нетранспарентноста и отчетноста при постапувањето и одлучувањето на истиот.

Кога би ги земале во предвид индикаторите за транспарентноста на судовите, од аспект на јавно објавување на податоците за предметите кои се во работа на судот, (како и објавување на времето и местото на судењата кои е потребно да бидат јавно објавени на таблата надвор од судницата), но и нивно електронско објавување на веб страните на судовите, дефинитивно може да се констатира назадување односно намалена транспарентност. Доколку се погледнат податоците со кои располагаме од изминатите три години, забележително е наглото назадување во поглед на транспарентноста изминатата- 2017 година, каде на пример за прв пат бројот на расправи каде не било јавно објавено времето и местото на одржување е поголем од бројот на расправи каде тоа е сторено.

Додека пак во поглед на електронскиот пристап до овие податоци, можеме да констатираме непотполна функционалност на официјaлниот портал www.sud.mk и тоа претежно од аспект на перцепција на стручната јавност, која впрочем и најчесто го користи овој портал. Ова особено во поглед на непочитување на одредбите за јавно објавување на правосилни пресуди (согласно закон и законски рок), ниту законските рокови за изработка на судските одлуки, потешкотиите во пребарувањето на судските одлуки на веб страната на судот. На погоренаведените проблематики се надоврзуваат уште и законските празнини во поглед на недостиг на одредби во Судскиот деловник за објавување на задолжителните податоци на судските пор­тали (податоци за финансиското работење на судовите, годишни финансиски извештаи и сл.)

– Дали (не)транспарентноста и (не)јавноста во судските постапки можеме да ги поврземе со корупција или генерално тежиштето е врз фер и правично судење?

Петровска: Имајќи во предвид дека Коалицијата веќе неколку години по ред реализира проекти кои се поврзани со борба против организиран криминал и корупција, но и е дел и од Платформата за борба против корупција, секако дека нашите заложби се и низ оваа призма да ги анализираме судските постапки. Меѓутоа, коментирањето на состојбите во овој контекст не би било благодарно, а уште помалку базирано на факти и докази, но како и да е, таквото постапување неретко остава простор за сомневање дури и ако реално е неосновано. Во секој случај неопходно е да се пристапи кон дополнително истражување на ова прашање, за што неопходен ќе биде и ангажманот на надлежните државни институции.

Недоволната аргументираност и несоодветната образложеност на решенијата со кои се исклучува јавноста, како и нивно јавно необјавување оставаат простор за сомневања и темна дамка на институциите за правилно постапување, а со тоа само ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудството, која реално, според нашите последни спроведени анкети и истражувања е едвај 10%.

– Во повеќето јавни расправи каде што учествувале судии и обвинители или во истражувањата на нво-ата се констатира дека проблем биле пари, технички услови (простор и опрема) или кадровски проблеми (немање на административци и IT-лица). Дали е тоа проблем кој може јавноста и странките во постапката да го разберат или пак станува збор за недостиг и на политичка волја и на волја кај надлежните во судството?

Петровска: Голем процент од судењата на кои јавноста нема можност да присуствува, се токму поради малите капацитети на судовите, како просторни, така и технички. Како пример би го посочила Основниот суд Скопје 1, во Скопје, во кој има само една судница која што е опремена со потребната аудио и видео опрема за снимање и евидентирање на судењата како што е предвидено во Законот за кривичната постапка. Оваа судница исто така е и единствената која има просторен капацитет да собере односно овозможи пристап на повеќе претставници на јавноста. Според тоа, недостигот на простор и опрема директно влијае на јавноста, транспарентноста и на правото на фер и правично судење, па оттука странките не би требало да имаат разбирање во ситуација кога им е загрозено ова право кое е загарантирано со Уставот на РМ, процесните закони и Европската конвенција за човекови права.

Од погоре изнесеното, неопходно преостанува да се изведе заклучокот дека станува збор за недостиг на свесност за големината на проблемот, како и недостиг на волја и менаџерски способности на надлежните институции.

РАМКА 4:

Ване Цветанов, активист во „Зелена Лупа“ и поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање:

Позадината на исклучувањето на јавноста е затскривање на корупцијата

– Со оглед дека сте странка во судска постапка, а земајќи предвид и дека како невладина организација „Зелена лупа“ се занимавате со борба за фер и правично судење, какво е Вашето искуство и Вашите сознанија за аспектот на транспарентност на судските постапки, особено пак, за времето на добивањето на судските одлуки со целосно образложение на одлуката, откако таа ќе биде прочитана во судницата?

Цветанов: Во врска со првиот дел од прашањето, како на директно засегната страна во судска постапка бев оштетен во делот на транспарентност во постапката, од причина што мојата презумпција на невиност беше сериозно нарушена во медиумите со информациите дека сум извршил серија кривични дела помеѓу кои и шпионажа, а судот не дозволи јавноста да ја слушне мојата одбрана. Јас лично барав и инсистирав да биде присутна јавноста за време на давањето на исказот за мојата одбрана, каде што дадов гаранција дека одбраната ми е подготвена десет дена пред денот на рочиштето и дека во одбраната нема никаква класифицирана информација или било каква друга причина за исклучување на јавноста, но обвинителката се изјасни за исклучување на јавноста затоа што имала прашања од класифициран карактер. На ова барање од обвинителката, јас побарав мојата одбрана да ја дадам пред јавност, а во делот на прашањата да биде исклучена јавноста, со цел јавноста да ја слушне мојата страна. Судот пресече дека ќе се исклучи јавноста веднаш, пред давањето на мојот исказ за којшто изјавив дека не содржи класифицирани информации, со што се направи штета и на мене лично, но и на јавноста и беше ускратена можноста да биде информирана објективно.

Ваквата пракса постоела и во многу други случаи, што укажува на потребата од подобрување на степенот на транспарентност во работата на судовите.

За вториот дел од прашањето, во пракса, читањето на пресудите е прекратко, односно се остава многу мал дел на образложението на пресудите. Се  читаат генералиите на осудените, кривичните дела за кои се осудени, висината на изречените казни, и многу мал дел од описот на сторените елементи на кривичното дело… Многу малку време се посветува на опис на доказите кои го докажуваат битието на кривичното дело, кое што остава сомнеж за објективноста на постапката. Не се образложува ниту причината за висината на изречените казни. Се читаат како од шега пресуди по 8, 11, 14 години затвор, а судот не троши воопшто енергија за да ги образложи причините за толку високите казни, и во случаи каде што за прв пат им се суди на обвинети и каде што истите казни би можеле да бидат, 1, 2 или 5 години затвор.

Она што е најзабележително е што во поголем дел во писмено изготвените пресуди не се наведени изведените докази и одлучувачките факти,тоа го толерираат повисоките судови и луѓето се наоѓаат во затвор.

Потребно е подобрување на ефикасноста во делот на подготвување на записници од рочиштата и нивно навремено доставување до обвинетите, со цел подготовка на одбрана за следно рочиште. Во минатото имавме случаи каде што записниците се даваа после 6 месеци, каде што најголемиот дел од присутните и заборавиле што точно било кажано, па се оставаше простор за големи сомнежи во однос на веродостојноста на самите записници…

Потребни се подобрувања во сите сегменти од правосудниот систем, а контурите на реформите се исцртани со црвени линии во препораките од Прибе. Во иднина ќе мора да се направат, нема бегање од тоа доколку сакаме да имаме држава во која е подобрен степенот на владеење на правото.

-Што кажуваат во тој поглед искуствата собрани од здружението на граѓани каде што активно делувате?

Транспарентноста и јавноста се едни од најважните елементи за објективна судска постапка. Но присутноста на новинари со тефтери не помага многу. Мора да престане праксата на дозвола фаќање на кадри од страна на камерите, а потоа бркање на камерите и камерманите.

Мора да се овозможи снимање за време на цели постапки.

Верувајте има што и да се сними и да се прикаже. Доколку се воведе таква пракса, одредени судии ќе мора да го стават прстот на чело како ќе судат пред очите на целата јавност и ќе им се намали можноста за криење и манипулирање позади силата функцијата и симболиката на тогите.

-Дали исклучувањето на јавноста може да носи со себе и позадина за прикривање на незаконски дејства на поединци или институции од аспект на корупција, разбрана во сите нејзини облици?

Цветанов: Апсолутно, се разбира! Токму тоа го зборувам цело време.

РАМКА 5:

Васко Маглешов, новинар, Макфакс:

– Какво е Вашето искуство со транспарентноста на судските постапки, но и генерално во правосудството?

Маглешов: На веб-страницата на кривичниот суд во Скопје, како најголем суд во државата, лани, за целата година се објавени вкупно 325 пресуди. За споредба, на веб-страницата на судот во Струмица за истиот период се објавени 1887 пресуди, а судот во Кочани објавил 973. Ова симболично укажува на фактот дека судот е бавен и дека транспарентноста е заглавена. Необјавувањето на спогодбите кои станале пресуди е посебна приказна. Од судиите, пак, на веб-страницата има само име и презиме, информација за материјата по која постапуваат и датум кога се избрани. Веројатно повеќе податоци може да се најдат за агенти на УБК. Најголемиот кривичен суд има само 1 портпарол, кој се обидува да им одговори на сите барања на новинарите. Неодамна на странска телевизија, видов на вести како судија изрекува пресуда. Кај нас, судиите им забрануваат на снимателите да го снимаат судискиот совет, иако таква одредба не постои никаде, дури ни во судскиот деловник. Дополнително, со уредни дозволи од Врховниот суд, дел од судиите во кривичен, одлучуваат да не дозволат снимање на обвинетите, за случаи кои се од јавен интерес. Затоа долго време беше невозможно да се сними екс-премиерот Груевски како седи на обвинителна клупа. За пофалба е неодамнешната пракса на новиот претседател на судот, Иван Џолев, да свикува редовни брифинзи со новинарите со цел поголема транспарентност.

– Дали Ви се случило да бидете изведени надвор од судница како новинар, постапката да се затвори за јавноста поради некаква причина а да не Ви биде образложено од судијата/судијката зошто е тоа така?

Маглешов: Има доста такви примери. Тоа неодамна се случи во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“. Во текот на главната расправа кога требаше да бидат изведени доказите од УБК, судијката Лидија Петровска по барање на СЈО и обвинетите службенички, ја исклучи јавноста, бидејќи информациите се класифицирани. Слично беше и во предметот „Шпион“.  Освен во кривичниот суд, пред 2 години Уставниот суд ја исклучи јавноста, а се расправаше за измените на Законот за помилување.

– Дали гледате можност за затскривање на коруптивност од кој било вид кога постапките се нетранспарентни или затворени за јавност?

Маглешов: Сè уште продолжува праксата во судот новинарите да влегуваат последни во судницата. Тоа е симболички приказ за перцепцијата на новинарството. Судската полиција прво ги повикува странките во постапката. Потоа се затвораат вратите на судницата. Тука се договaраат адвокатите, обвинителот и судијата, а новинарите влегуваат и по 10-ина минути откако ќе влезат сите претходно. Тоа остава сомнеж за транспарентноста при водењето на кривичната постапка. Судијата би требало да влезе откако сите претходно ќе влезат во судницата, а во кривичниот суд, редот, за најголем број случаи е поинаков.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петдогишна иницијатива во вредност од 9,4 милиони долари кој се стреми да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење како и да се придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција вклучува 17 граѓански организации кои работат на поголема вклученост и влијание во борбата против корупцијата во Македонија.

Зајакнување на влијанието на граѓаните при одредување на приоритетите на ЕЛС
Во изминатите десет месеци, Форум ЦСИД го спроведе проектот „Зајакнување на влијанието на граѓаните при одредување на приоритетите на ЕЛС“ во рамки на Проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавната администрација од страна на граѓанското општество (WeBER). Овој проект тргнува од премисата дека само со зајакнување на невладините чинители и со јакнење на партиципативната демократија на национално и на локално ниво може и понатаму да се врши притисок врз владите да продолжат да ги спроведуваат реформите во јавната администрација, кои се често болни и непопуларни и најчесто продолжуваат и во периодот по пристапувањето во ЕУ. Со активностите, Форум ЦСИД се обиде да помогне да се зајакне учеството на граѓанското општество, медиумите, бизнис-секторот и на локалните заедници организирани низ форми на месни и урбани заедници, активно да влијаат врз донесување на одлуките и одредување на приоритетите на локалната власт во три општини во Македонија (Охрид, Тетово и Центар). Сметаме дека само така локалната администрација може инклузивно да ги спроведува и да ги дефинира на што е можно потранспарентен начин политиките важни за квалитетот на животот на граѓаните. Воедно, сакавме преку прoектот да се воспостави поцврста врска и да се подигне капацитетот на граѓанскиот сектор, како и на месните и на урбаните заедници, и тие да влијаат единиците на локалната самоуправа да станат простор за иницијативи и активизам.  Во рамки на проектот издадовме прирачник кој треба да им овозможи на граѓанските здруженија, неформалните групи, претставниците на месните и на урбаните заедници, медиумите и на бизнис-заедницата во целост да се запознаат со можностите и начините на кои подобро ќе можат да влијаат врз одлуките на локалната администрација, посебно кога е во прашање одредување на приоритетите за тоа како и за што ќе се потрошат парите на граѓаните и кои проблеми ќе добијат приоритет при решавањето. Но, исто така, доколку е потребно, и да се здружат и заеднички да побараат нови решенија, кои долгорочно ќе овозможат успешно функционирање на овие основни клетки на локалното организирање.

Прирачникот можете да го преземете тука.

Работилница за претставници од Источен плански регион
Од 23-25 март 2018 година, се одржа работилница за претставници од Источен плански регион како дел од проектот “Активни граѓани за добро владеење”, кој ФОРУМ ЦСИД го спроведува во рамки на Проект на УСАИД за граѓанско учество – Civic Engagement Project-Macedonia.

На работилницата учествуваа претставници од локалната самоуправа, претставници на граѓански организации од Источен плански регион, вработени во образовни институции и новинари.

Беа опфатени теми со кои учесниците на обуката ќе ги унапредат своите знаења во однос на нивното поактивно вклучување во процесите на донесување на одлуки, како и можностите за градење на партнерски однос помеѓу граѓаните и единиците на локалната самоуправа. Слушателите имаа можност да стекнат знаења и за можностите и начините за планирање и реализација на граѓански иницијативи, како и да чујат нешто повеќе за граѓанскиот активизам и начините на здружување на граѓаните по однос на важни прашања од истакнати претставници на граѓанскиот сектор во Република Македонија.

Свои предавања одржаа: Ѓунер Исмаил, Претседател на УО на ФОРУМ ЦСИД; Кристина Хаџи Василева – Извршна директорка на Консалтинг за стратешки развој; Зоран Бојаровски, истражувач и тренер; Зоран Јачев, Експерт за децентрализација и локална самоуправа; Ирена Цветковиќ, Извршна директорка на Коалиција Маргини; Кристина Ампева од здружението на граѓани „Гласен Текстилец” и Љатифе Шиковска од Ромски едукативен центар „Амбрела”.

Повеќе фотографии од работилницата можете да погледнете тука

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата (Платформата) бара воспоставување професионално тело за антикорупција кое ефективно, независно и со висок интегритет ќе иницира и ќе ги спроведува законските надлежности и политиките за спречување на корупцијата во Република Македонија. Платформата повикува на промена на актуелниот модел за избор на членовите на  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) кој ќе се базира на компетентност и интегритет, без партиски влијанија, преку јавен распит на кандидатите во Собранието на РМ. Бараме претставници на граѓанското општество активно да учествуваат во распитот и да влијаат на одлуката за избор на членовите на ДКСК. Исто така бараме како приоритет да се поведе постапка за преиспитување на моделот на институција за борба против корупцијата, и формирање на институција која ќе ги задоволи меѓународните стандарди за независност, ефикасност и неселективност во работењето.

Укажуваме дека за Платформата е неприфатливо членовите на ДКСК да бидат предмет на меѓупартиски преговори, со што би продолжила досегашната практика на лојалност кон политиката на власт, наместо нејзина активна контрола и почитување на законите.

Во изминатите три години Платформата во континуитет укажува на неефикасната борба против корупцијата, на назадување на земјата по однос сите индекси за корумпираност, владеење на правото и ефикасност на институциите за справување со корупцијата и криминалот. Голема одговорност носат последните состави на членови на ДКСК во врска со констатиранатанеактивност, нетранспаретност и селективност при извршување на својата функција, што се должи на нивната некомпетентност и недостаток на личен и професионален интегритет. Граѓаните немаат доверба во ДКСК, поради што е неопходно да се воспостави ефикасен систем за граѓанска контрола над работата на ова тело.

Во изминатите десет години ДКСК наместо да се занимава со корупцијата на високо ниво, помеѓу носителите на политички функции, своите активности ги насочуваше кон одредени случаи на „ниска“ корупција на администрација. Наместо да ги испитува центрите на моќ кои ја заробија државата, ДКСК кон крајот на 2016 г. поттикната од лидерот на политичката партија на власт, побара од Јавното обвинителство, Управата за јавни приходи (УЈП) и Управата за финансиско разузнавање врз 21 здружение и фондација да вршат долготрајни детални контроли на финансиско-материјалното работење. Оваа активност претставена како контрола на наводно незаконско работење всушност претставуваше притисок над оние кои ја остваруваат својата улога на коректив на власта.

Наодите за неосновано трошење на буџетски средства во ДКСК откриени при ревизијата од страна на УЈП, на површина исфрлија само дел од негативните состојби, кои веќе подолго време се присутни во ова тело. Поради тоа сметаме дека поднесените оставки не смеат да бидат „доволни“ и бараме истрага и утврдување на постоење на основи за одговорност за незаконито работење, корупција, тргување со влијание и злоупотреба на службената должност.

Платформата го упатува ова барање до Собранието, како надлежен орган за избор на членовите на ДКСК, до Владата и до политичките партии со цел сите засегнати страни соодветно да размислат и во овие клучни моменти на утврдување на правецот и одлучноста за развој на демократијата во државата да предложат  решение кое ќе понуди бескомпромисно справување со корупцијата како распространета форма на криминал и фактор за назадување во евроинтеграциските процеси и економскиот развој на земјата.

Скопје, 12.март.2018г.

Повик за учество на обука
Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје ги повикува сите заинтересирани лица од Источниот плански регион на Република Македонија да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“. Форум ЦСИД го спроведува овој проект во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Активностите во Источниот регион ги спроведуваме во соработка со здружението Фондација за развој на локалната заедница од Штип.

Главна цел на обуката е граѓаните да се информираат и поттикнат да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: соработката меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; транспарентност и отчетност на локалната самоуправа; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; добро владеење; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.

На овој повик можат да се пријават сите заинтерeсирани членови на граѓански организации од Источниот регион, претставници на локалните самоуправи во Источниот регион, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, и други засегнати заедници од Источниот регион кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.

Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Активни граѓани за добро владеење“.

Обуката ќе се одржи од 23-25 март 2018 во Хотел Романтик, Велес

Кандидатите е потребно да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторката на проектот Цветанка Михајловска: mihajlovska@forum-csrd.org.mk најдоцна до 12 март 2018 година.

Услови за пријавување:

Кандидатот да е од Источниот плански регион.

Да е на возраст од 18-40 години

Бидејќи бројот на учесници на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите кои ќе учествуваат на обуката. При селекцијата на кандидатите посебно внимание ќе се посвети на родовиот баланс и на вклучување на претставници на малцинствата и маргинализираните заедници.

Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик, а презентери на обуката ќе бидат истакнати обучувачи.

Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од ФОРУМ ЦСИД.

Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници на обуката.

Повикот можете да го преземете тука.

Едуцирај, преземи акција за почиста средина
Во изминатите три месеци во Тетово се реализираше акцијата „Едуцирај, преземи акција за почиста средина“ . Целта на оваа акција, која се спроведе во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, беше да се подигне свеста кај учениците во три основни училишта во Тетово  за проблемите кои настануваат од загадувањето и како да ја чуваат животната средината од загадување, преку предавања и работилници.

Групата на млади луѓе кои ја спроведоа оваа акција се состоеше од учесници на обуката за Полошкиот регион која се одржа во ноември во Маврово во рамки на проектот „Активни граќани за добро владеење“.

Предавањата се одржаа во основните училишта „Кирил и Методиј“, „Лирија“ и „Наим Фрашери“ во Тетово. Како предавач беше ангажиран Аријанит Џафери, претседател на НВО „Еко герила“. Тој им говореше на младите ученици  како да се грижат за животната средина и за последиците од загадувањето. На предавањето им беше објаснето на учениците дека и тие имаат важна улога во изнаоѓање на решенија за загадувањето и им го објасни процесот на рециклирање. На овие предавања учествуваа околу 100 ученици на кои им беа поделени маици и беџови со пораки за рециклирање.

Во втората фаза од акцијата беа спроведени три работилници со учениците од трите основни училишта, каде со нивна помош пред училиштето беа поставени канти за ѓубре означени соодветно (хартија, пластика и стакло), со што ќе се поттикнуваат учениците да рециклираат.

На учениците им беа поделени еко-торби како замена за пластичните.

Учениците исто така донесоа свои стари играчки кои повеќе не ги користат, за да ја пренесат пораката за рециклирање на стари работи, и ги донираа во Центарот за лица со посебни потреби.

Групата која ја спроведуваше акцијата имаше поддршка од локалниот координатор, Астрит Реџепи од Центар за едукација и развој од Теарце кој ја менторираше и помагаше групата во сите фази од спроведување на акцијата.

Форум Аналитика број 15 посветена на предизвиците на новата Влада на РМ
Излезе од печат најновото издание на списанието Форум Аналитика во кое може да се прочитаат седум анализи посветени на дел од проблемите со кои се соочува македонски политички и економски систем по промената на власта во 2017 г.

Како што вели во воведот на изданието главниот уредник на Форум Аналитика, Сашо Орданоски, реформите се прават на почетокот на мандатот на новата власт, бидејќи нема продуктивни промени без за нив да мора да се плати некаква политичка „цена“.  Нужноста од реформи се истакнува во речиси сите студии за областите чии јавни политики се анализираат во петнаесеттиот број на ова издание на Форум ЦСИД, кое е поддржано од Фондацијата Отворено општество Македонија и програмата Цивика мобилитас.

Во него Александар Литовски ги анализира можностите за идеолошка доследност на левичарските политики кои планираат да ги спроведуваат новите власти, Александар Нацев ги споредува досегашните политики на властите кон земјоделството и приоритетите за реформи во земјоделството на новата Влада, Беса Арифи се осврнува на состојбите во правосудството, Борче Треновски ги лоцира главните економски предизвици на новата Влада и дава препораки за нивно решавање, Слаѓан Пенев ги разгледува перспективите на актуелните политики за рамномерен регионален развој, Снежана Трпевска ја скицира новата медиумска политика, а Соња Ристевска се фокусира на главните проблеми со кои се соочува секторот енергетика во Македонија и што ѝ престои на новата Влада во однос на овој сектор.

Форум Аналитика 15 можете да ја преземете тука.