20.05.2010

Перспективите на Западен Балкан

ЗАПАДЕН БАЛКАН ЕУ И ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР

Прашањата поврзани со Западен Балкан неизбежно ќе бидат и оваа година во центарот на вниманието на ЕУ. Тоа главно се должи на претпоставките дека сè она што се случува и ќе се случува во овој регион, претставува главен предизвик за стабилноста во Европа.

Политикологот Дане Талески со помош на Прогрес Институтот за Социјалдемократија и Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија направи сериозна анализа за трансформација и интеграција на Западен Балкан во ЕУ по Лисабонскиот договор. Презентирајки ја анализата, авторот изнесе загрижувачки податок дека процесот на демократизација стагнира во целиот регион и дека тој тренд е посебно изразен од 2006 -2010 година.

Повеќе

09.03.2010

Галуп Балкан Монитор 2009

НЕДОВЕРБА ВО ПОЛИТИКАТА, НАДЕЖ ВО РЕЛИГИЈАТА

Минатата година водечката глобална агенција за испитување на јавното мислење, Галуп, по трет пат го спроведе истражувањето наречено Балкан Монитор, во соработка со Европскиот Фонд за Балканот. Истражувањето се состои од анкетирање на граѓани на 7 држави од Западен Балкан (во секоја држава се испитани околу 1000 жители на возраст од над 15 години), а прашањата се однесуваат на животниот стандард, довербата во институциите, односот кон соседите и кон ЕУ, очекувањата за иднината итн.

Кон крајот на февруари резултатите од ова истражување беа претставени и во Скопје, откако претходно претставниците на Галуп и на Европскиот Фонд за Балканот во своевидно патувачко шоу со овие резултати ги запознаа и заинтересираните во Белград, Загреб, Сараево, Подгорица и Тирана.

Повеќе

24.12.2009

По самитот на ОН за климатски промени во Копенхаген

ПОЧЕТОК НА НОВА ЕРА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

Конференцијата за климатски промени во Копенхаген е уште една испуштена шанса да се покаже дека светот може да дејствува во правилна насока за да се обезбеди подобра иднина за сегашните и следните генерации. Како и во случајот со наводната борба против сиромаштијата во светот, така и во случајот со борбата против глобалното затоплување, се потврдува исправноста на тезата дека да побарате од богатите да го жртвуваат своето богатство со надеж дека ќе се спаси светот е исто како да барате од тигарот да стане вегетеријанец. Главната дебата која се водеше на двонеделниот собир во Копенхаген беше за парите, т.е. кој ќе ги плати „казните“ за глобалното затоплување, наместо за брза и одлучна акција за борба против затоплувањето. Притоа, најтешкиот финансиски товар нема да падне врз оние што ќе издвојат дел од своите буџети за да им дадат на сиромашните држави за борба против последиците од глобалното затоплување, туку врз оние што треба да направат најголеми вложувања за да ги намалат емисиите на штетни гасови во атмосферата. Меѓу нив на прво место е Кина, која во 2008 година ја престигна Америка како најголем емитер на јаглерод диоксид во светот и која, како и многу други држави во развој, смета дека има легитимно право да ја развива својата напредна економија без оглед на последиците, а дека за климатските и еколошките нарушувања вината лежи во развиените земји кои со векови ја загадуваа и затоплуваа планетата земја

Повеќе

 

31.07.2009

Коридор 8 - перспектива на една стратегиска идеја, тринаесет години подоцна

Коридорот 8 навлегува во своето тинејџерско доба. Во периодот од тринаесет години неговата актуелност се движи од скалила на огромна популарност и огромен интерес за негова реализација до негова маргинализација, за повторно да биде ставен во фокусот на јавноста.

Очигледно е дека неговата стратегиска важност не може, но што е уште поважно и не смее да биде маргинализирана затоа што за Коридорот 8 е карактеристична една одредена трансформациска специфика и димензија која му дава и голема значајност. Таа трансформациска димензија (која е присутна и кај другите коридори, но не со таков капацитет како кај Коридорот 8 ) е во тесна корелација со културното поврзување кое оди во пакет со инфраструктурното, безбедносното и економското поврзување што се случува по линијата на Коридорот 8.

Повеќе

06.04.2009

Уште еден „упад“ во име на граѓанското општество

За време на предизборието, во јавноста се појавија повеќе агенции за испитување на јавното мислење со резултати за изборното расположение кај граѓаните на Република Македонија. Како никогаш досега, неколку агенции се бореа за приматот околу тоа кој ќе биде подобар прогнозер и кој ќе биде поблизок до реалните изборни проценти. Овој феномен е за поздравување, затоа што изборните рејтинзи се составен дел од изборната јавност во повеќето демократски општества. Особено откако „јавноста“ се етаблира како интегрален и неопходен дел на современото општество. Овој чин на предизборна математика си има своја функција и причина не само за време на „карневалските денови“ туку и за време на доброто владеење помеѓу два изборни ци(р)к(л)уса. Во најголем дел, правилата за ова се одамна утврдени како „бетонски блокови“. Барем во демократските општества. Се знае кој може да се кандидира (повеќето од граѓаните), се знае начинот на кој се гласа (повеќето од граѓаните, но не секогаш), се знаат изборните правила (законски одредби), се знаат правилата за медиумско претставување (законски одредби) и се знае кој кога и што може да направи за време на изборниот период. Во спротивно следуваат санкции.

Повеќе

25.03.2009

Каков претседател и’ треба на Македонија, а каков ќе добиеме?

Изборни нерегуларности и опасност од насилство на изборите, партиски претседател без никаков интегритет, разединувач а не обединувач, „самец” во претседателскиот кабинет без можност за здрава кохабитација…тоа е тажната слика на идниот македонски претседател.

Предизборната претседателска кампања веќе забрзано ја добива својата физиономија, но граѓаните (гласачите) сè уште не можат да насетат каков претседател ќе ја претставува Република Македонија во наредните пет години. Мартовската претседателска трка уште на почетокот ни укажа на неколку фундаментални противречности со кои, свесно или несвесно, ќе се соочи обичниот гласач во мигот кога ќе треба да го уфрли гласачкото ливче во кутијата.

Повеќе

11.03.2009

Како се местат избори?

ВЕЖБАЊЕ НАРОД

Истражувачкиот тим на Форум-ЦСИД направи систематизација на најупотребуваните методи за фалсификување и за местење на изборите во Македонија. Лошите искуства, за жал, се бројни, а “инвентивноста” на партиските штабови и поединци голема. Во оваа прилика детаљно опишуваме и илустрираме 12 начина за местење на изборите, иако списокот на методите, бездруго, не завршува тука.

Повеќе

09.03.2009

Ново стари размислувања за судбината на бившиот ЈУ простор

КАНТОНИЗАЦИЈА НАЈДОБРИОТ ИНСТРУМЕНТ ЗА МИРЕН СОЖИВОТ?

Во затворени политички, но и во научните кругови како политички инструмент за регулирање на етничките конфликти се спомнува конкретна кантонизација и на Македонија.

Повеќе

24.02.2009

Паравоените формации на западен Балкан (1)

МАРИОНЕТИ ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ

После заокружување на статусот на Косово се чини дека периодот на војните на Балканот би требало да оди во историја. Но постои скриена опасност остатоците на некои паравоените формации кои се на stand by под контрола на политичарите да го загрозат мирот во чувствителните региони на западен Балкан како што се Косово, Македонија и Санџак

Повеќе