Стоп за нелегалното сечење на шуми
Проектот „Запознавање со механизмите и со алатките за спречување криминал и корупција при експлоатација на шуми“ го спроведе Форум ЦСИД од ноември 2019 до декември 2020 година. Овој проект е поддржан од проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“, кој го спроведуваат во партнерство Центарот за граѓански комуникации, Конект и Здружението на даночни советници, а финансиран од ЕУ во склоп на програмата на ЕУ за поддршка на организациите од граѓанското општество во рамките на Civil Society Facility Action 2016-2017.
Резултатите од нашето истражување покажуваат дека е потребна сеопфатна мобилизација на многу чинители во државата за да се спречат негативните трендови во експлоатација на шумите, дивата сеча и кражби на дрво, да се воведе ред во експлоатацијата на дрвната маса и да се спречи бесправната и илегална сеча во државните и во приватните шуми.
Ова видео е изготвено во рамките на овој проект.

