Првиот модул од „Школата за активно граѓанство“ со деветтата генерација слушатели се одржа во Велес, во Хотел „Романтик“ од 18 -20 март. На сесиите присуствуваа 26 учесници од кои најголемиот број беа студенти, но и членови на граѓански здруженија, политички партии и граѓански активисти.

WP_20160320_10_27_01_Pro  WP_20160319_17_28_11_Pro

Школата ја отвори Ѓунер Исмаил, Претседател на одбор на Форум ЦСИД и извршниот директор на Форум ЦСИД, Слаѓан Пенев, по што следуваше презентација на Поимникот за граѓанско општество од страна на Слаѓан Пенев и Зоран Бојаровски, Уредник во Алфа ТВ, истражувач и тренер.

По ручекот следеше предавање на професорката Мирјана Најчевска, на тема „Структура на општеството и местото на граѓанскиот сектор“ проследено со дискусија и прикажување на документарниот филм за движењето Отпор во Србија.

IMG_3661

Вториот ден од Школата го отвори предавањето на Зоран Бојаровски, кој говореше за „Чекори во планирањето и реализација на граѓанска акција“  проследено со дискусија и работа во групи. Второто предавање во денот го одржа Сашо Орданоски, истакнат аналитичар, новинар и професор на Универзитетот на Југо Источна Европа во Тетово, проследено со дискусија и работа во групи.

Третиот, и последен ден од Школата беше резервиран за панел дикусија на алумнистите на Школата за активно граѓанство Симона Младеновска, Ангела Илиевска и Иван Јерчиќ кои ги споделија своите искуства со учесниците на новата генерација на Школата. По нив следуваше предавањето „Патот до активизам“ на професорот Владимир Милчин.

Првиот модул на Школата го затвори дискусија и заедничка евалуација на предавачите и алумнистите.

Вториот модул се планира за почетокот  на мај.