Се одржа првиот модул за осмата генерација на Школата за активно граѓанство
Првиот модул за осмата генерација слушатели на Школата за активно граѓанство се одржа во Велес, во Хотел „Романтик“ од 30 октомври – 1 ноември 2015 година. На сесиите присуствуваа 26 учесници од кои најголемиот број беа студенти, но и членови на граѓански здруженија, политички партии и граѓански активисти.
Школата ја отвори извршниот директор на Форум ЦСИД, Слаѓан Пенев, по што следуваа предавања на Зоран Бојаровски, Уредник во Алфа ТВ, истражувач и тренер, кој го претстави Поимникот за граѓанско општество. По ручекот следеше предавање на Ѓунер Исмаил, Претседател на управниот одбор на Форум ЦСИД, на тема „Структура на општеството и местото на граѓанскиот сектор“ проследено со дискусија и прикажување на документарен филм.
Вториот ден од Школата го отвори предавањето на Гордан Георгиев, поранешен пратеник во Собранието на РМ и поранешен потпретседател на СДСМ, на тема „Партиското и политичкото“ проследено со дискусија и работа во групи. Второто предавање во денот го одржа Зоран Бојаровски на тема „Чекори во планирањето и реализација на граѓанската акција“ проследено со работа во групи.
Третиот, и последен ден од Школата беше резервиран за две панел дискусии. На првата панел дискусија учествуваа Кочо Андоновски, Програмски директор на ЛГБТ Центарот за поддршка и Љатифа Шикоска, од НВО Амбрела, кои говореа на темата „Невидливи заедници“ и отворија дискусија со учесниците на Школата за состојбите на маргинализираните заедници во Македонија.
Втората панел дискусија ја одржаа алумнисти на Школата за активно граѓанство и истакнати граѓански активисти, Џељо Хоџиќ од граѓанското движење „Ајде“ и иницијативата „8-ми септември“, и Благица Петровска, Национален младиснки совет и Студентска организација „Излез“. Првиот модул на Школата го затвори дискусија и заедничка евалуација на предавачите и алумнистите.
Вториот модул е планиран кон крајот на ноември 2015 година.

