Од 15-17 март, во хотелот „Романтик“ во Велес се одржа обука во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“ која беше наменета за претставници од Вардарскиот плански регион. На обуката учествуваа млади активисти, студенти, членови на граѓански здруженија, но и претставници на образовни институции и општини од овој регион.

Учениците на оваа обука учеа од искусни обучувачи, и дискитураа на темите: транспарентност и отчетност на локалната самоуправа, учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и важноста од соработката меѓу граѓаните и локалната адмистрација во градењето на добри општини. Се запознаа со чекорите во креирање и реализирање на една граѓанска иницијатива, со принципот на здружувањето како една од најважните алатки за граѓански активизам и за местото на граѓанинот на мапата на нашето ново и современо општество. Учесниците имаа можност да слушнат позитивни примери од успешни граѓански иницијативи и акциии од локални активисти и хуманитарци активни во Вардарскиот регион, г-ѓа Ленче Здравкин од Велес и г-дин Ѓорѓи Вареловски од Кавараци.Овој проект е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.