На 23 септември 2020 во Граѓанскиот ресурсен центар – Скопје беа презентирани наодите  од  едногодишниот  истражувачки  проект  Мониторинг на буџетските процеси во Општина Ѓорче Петров.  Настанот го модерираше Слаѓан Пенев, извршен директор на Форум ЦСИД и ментор на истражувањето, а истражувачите од здружението Призма Владо Анчев и Димитар Илчов, ги презентираа податоците од мониторингот.

Форум-Центар за стратешки истражувања и документација во рамките на овој проект организираше две обуки за претставниците на организацијата ЦСРД Призма за потребите на зајакнување на капацитетите за генерирање фондови и за спроведување мониторинг на буџетските процеси во општините.  Покрај тоа, во текот на десет месеци обезбеди менторска моддршка за членовите на тимот кои го спроведоа истражувањето според методологијата за буџетски мониторинг развиена од Форум ЦСИД.

Проектот  „Мониторинг на буџетските процеси во oпштина Ѓорче Петров“ се спроведуваше во рамките на програмата „Национален ресурсен центар за граѓански  организации“  којашто  ја  имплементираат  Македонски  центар  за  меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Извештајот од мониторингот на буџетските процеси во Општина Ѓорче Петров можете да го преземете тука.