Тимот на проектот „Иновативна платформа за органско земјоделство“ финансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија (Клучна акција КА2 – 204 – стратешки партнерства за образование на возрасни) спроведе истражување и објави студија за тековната состојба со органското земјоделство во регионот што ќе служи како основа за проширување  на практичните знаења на органските земјоделци и обучувачите за возрасни.

Со зголемување на свеста за придобивките од конзумирање на органски производи, се забележува сè поголем интерес за развој на органското земјоделство во регионот. Органските производители се повеќе активни во развојот и промоцијата на органските методи на производство.

Покрај Хрватска која има 6,9% органско земјиште, што е малку под просекот на ЕУ (7,5%), Бугарија има 2,6%, Србија 0,55%, а Северна Македонија е последна со 0,35% од вкупната површина под органско земјоделство.

Со брзиот раст на органското производство ширум светот, нашето истражување укажува на силен потенцијал за развој на органско производство и во регионот.

Но, постојат предизвици кои треба да се решат.

Еден од најголемите предизвици во органското земјоделство во регионот е недостатокот од знаење, соодветна подготовка и сертифицирани семиња. Друг фактор е недостаток на пласман на овие производи, пристап до пазари и промоција на производи. Имено, цената на органските производи е двојно повисока, и затоа доколку нема обезбеден пазар, тоа е потполно непрофитабилно.

Студијата дава преглед на состојбата со органското земјоделство во Северна Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска и ја содржи најновата статистика за органско земјоделство во регионот.

Врз основа на ова истражување, препорачуваме креирање и спроведување на нови национални политики за развој на органското земјоделство, воспоставување на систематска техничка поддршка и обука на органски земјоделци на локално ниво, овозможување на закуп на државно земјоделско земјиште и субвенционирање на млади земјоделци со предност на органските производители, ставање на поголем акцент на маркетинг и промотивните активности за промоција на органските производи кој ќе им помага на земјоделците да ја зголемат својата продуктивност, а исто така да се мотивираат конвенционалните земјоделци да се пренасочат во органски.

Студијата можете да ја преземете тука.
Студијата е пишувана на англиски јазик, официјален јазик на проектот во кој партнери се организации од С. Македонија, Хрватска, Бугарија и Србија, но наскоро ќе биде преведена и на македонски јазик.