На 6 и 7 мај во Крушево се одржа Обука за стратешко планирање на организации и мрежи,
наменета за претставниците на Мрежата за реформа и развој на локалната и месната
самоуправа „Заедница“.
На обуката учествуваа претставници на членките на мрежата, кои покрај можноста да се
здобијат со нови знаења и вештини поврзани со идното функционирање на нивните
здруженија и мрежи, ја искористија средбата со партнерите да продискутираат за проблемите
поврзани со одржливоста на организациите во граѓанскиот сектор во Македонија.
Обуката ја спроведе тимот на Форум ЦСИД, а предавач и фасилитатор беше Слаѓан Пенев,
додека модератори на групните вежби беа претставници на членките на мрежата Заедница.
Оваа мрежа е иницирана во рамки на програмата за соработка на Форум ЦСИД со партнерите
и иницирање нови партнерства, овозможена со институционалната поддршка од Цивика
Мобилитас.


Работата во неколку групи во рамките на обуката за стратешко планирање се искористи да се
предложат идеи за следните активности на мрежата „Заедница“, при што као најпродуктивни
се наметнаа темите за борба против корупцијата на локално ниво, мониторинг на
спроведување на локалните младински политики во општините и анализа на ветувањата на
избраните градоначалници и општински советници.