Познатиот аналитичар и основач на Стратфор Џорџ Фридман во својата најнова анализа за Косово и односот на Русија кон ова прашање вели дека дека “независноста на Косово повторно ќе биде одложена, иако не е исклучено дека тамошните Албанци ќе прогласат независност и ќе бараат таа да биде унилатерално прифатена. Русите ќе бидат одушевени да се случи тоа. Но, еве ги основните факти: за САД и за нивните сојузници Косово е странично прашање без некоја особена важност. За Русите, пак, тоа е клучно прашање и стратегиска шанса. Овој пат Русите нема да пропуштат да ја искористат. Токму таа асиметрија на прецепциите е она од што ќе се изгради оваа криза.

Пишува: Џорџ Фридман (Стратфор)