Иновативна платформа за органско земјоделство
Започнувајќи од 1 ноември 2019 година, во следните 20 месеци Форум ЦСИД ќе го спроведува проектот „Иновативна платформа за органско земјоделство“ во рамки на Клучната акција 2 – КА204 – Стратешки партнерства во полето на образование за возрасни од програмата Еразмус+. Проектот вклучува пет партнери од државата и регионот: Serbia Organica од Белград, Србија, Eko-Zadar од Задар, Хрватска и Bulgarian School of Politics “Dimitry Panitza” од Софија, Бугарија, како и партнерите од нашата држава, првата македонска задруга за органска храна „Наша добра земја“ и КП Македонија – Експорт, компанија специјализирана во давање на услуги од областа на маркетингот и продажбата.
Главен приритет на овој проект е давањето поддршка на поединците во стекнување и развој на основни вештини и клучни компетенции како и проширување и развој на надлежностите на наставниците и друг персонал кои обезбедуваат едукација и усовршување на возрасните ученици.
Со цел да се поттикне вработувањето, едукативниот и личниот развој, како и активното учество во граѓанскиот и социјален живот, поттикнувањето на социјалниот и економски развој, планираме да ги зајакнеме капацитетите на едукаторите за возрасни во областа на органското земјоделство. Проектот вклучува активности за поддршка на ефективно и иновативно учење, како што е дизајнирање на нова наставна програма. Со овој проект ќе ги подобриме вештините и компетенциите на наставниците на кои ќе им пренесеме релевантни знаења од областа на органското производство, методологии и иновативна програма, кои понатаму ќе ги подготват возрасните да станат идни претприемачи и да го охрабрат деловниот дух во областа на органското производство. Овие приоритети ќе бидат постигнати со спроведување на специјални активности, како што е создавање на два прирачници, специјално дизајнирани обуки и курикулум. Ќе биде креирана и специјална веб страна каде ќе се објавуваат новости во врска со проектот и каде јавноста ќе може повеќе да се информира. Целна група се даватели на обуки и курсеви за возрасни, помали земјоделски производители и локални граѓански организации. Долгорочно, резултатите од нашиот проект ќе бидат корисни за сите заинтересирани кои сакаат да започнат нов бизнис со органско производство.

