ИЗЈАВА НА СЛАЃАН ПЕНЕВ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ФОРУМ ЦСРД, ЗА БАЛКАН ИНСАЈТ НА 20.07.2010
Слаѓан Пенев, директор во Форум Центарот за стратегиски истражувања и документација, изјави за Балкан Инсајт дека без оглед на одлуката на Меѓународниот суд за правда, не е веројатно дека властите во Скопје ќе ја променат одлуката да го признаат Косово.
“Она што е направено, е направено. Нема враќање назад, особено бидејќи одлуката да се признае Косово беше донесена во блиска координација со големите меѓународни сили кои се клучни стратегиски партнери на Македонија”, рече Пенев.
Тој истакна дека за Македонија би било најдобро ситуацијата во Косово да остане непроменета и да нема нови разговори за можно отцепување или поголема автономија за Србите кои живеат таму, бидејќи таквиот развој може да се прелее во Македонија, каде што постои загриженост дека албанската заедница може да побара слични чекори.
“Албанците во Македонија се чувствуваат запоставени последниве години поради игнорантскиот однос на сегашните власти. Комитетот за меѓуетнички односи (каде етничките прашања во државата се дискутираат) не е функционален и сите одлуки во сферата на етничките односи се донесуваат во тајност помеѓу премиерот Никола Груевски и неговиот албански коалициски партнер Али Ахмети (од Демократската унија за интеграција, ДУИ).
Сепак, Пенев тврди дека привремено мирот ќе надвладее, поради волјата за соработка покажана од ДУИ и поради тоа што албанските опозициски партии немаат сила да предизвикаат поголем пресврт помеѓу етничките Албанци во правец на отцепување.
Според Пенев, регионалните ефекти од развојот во Косово “ќе зависат од кредибилноста на НАТО и американската дипломатија. Доколку нивната политика е добро фокусирана, тие ќе постигнат решение за Косово и ќе ги држат нештата под контрола во Македонија, Босна и Србија.”
Целиот текст можете да го прочитате тукa
