Продолжен рок за пријави за учество на обука
Здруженијата Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје, Импетус од Скопје и Центар за европски развој и интеграција од Битола ги известуваат сите заинтересирани лица за пријава за учество на обука во рамки на проектот „Младински активизам против корупцијата“ дека рокот за пријавување е продолжен до 20 април.
Од планираните четири обуки, првата, наменета за претставници од Пелагонискиот и Вардарскиот плански регион, се одржа од 31 март до 2 април во Крушево.
Следните три обуки ќе се одржат во овие термини:
21 – 23 април: за претставници од Источниот и Југоисточниот плански регион,
28 – 30 април: за претставници од Скопскиот и Североисточниот плански регион,
12 – 14 мај: за претставници од Полошкиот и Југозападниот плански регион.
Главна цел на обуките е зголемување на капацитетите за активизам кај локалните граѓански претставници кои ќе спроведат иницијативи за борба против корупцијата на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: добро владеење и транспарентност на единиците на локалната самоуправа, соработка меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.
На овој повик можат да се пријават сите заинтересирани членови на граѓански организации, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, претставници на локалните самоуправи и други засегнати заедници кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.
Избраните кандидати/кандидатки ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Младински активизам против корупцијата“.
Кандидатите/кандидатките треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторот на проектот, Форум ЦСИД: forumcsrd@forum-csrd.org.mk најдоцна до 20 април 2023 година.
Услови за пријавување:
- Кандидатот/кандидатката да е на возраст од 18 до 35 години,
- Да живее во регионот за кој е наменета обуката.
Бидејќи бројот на учесници/учеснички на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите/ кандидатките кои ќе учествуваат на обуките. При селекцијата на кандидатите/кандидатките посебно внимание ќе се посвети на родовата и етничката рамнотежа, како и на вклучување на претставници/претставнички на маргинализираните и ранливите групи како учесници/учеснички на обуките.
Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од организаторите.
Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници/учеснички на обуката во рок од 3 дена по истекот на рокот за пријавување.
Форум ЦСИД, Импетус и ЦЕРИ го спроведуваат овој проект со поддршка од програмата Цивика мобилитас.